И сега што? Те молам дај ми некаков знак. Полудев чекајќи работи кои не знам ни дали ќе се случат.Но верувај навистина ми значеше тоа што ми посака среќа пред настапот и што ми честита прв. Те молам биди отворен. Не сакам повторно да те оддалечам од себе. Сакам да бидеш тука за мене и да ми бидеш поддршка во сите тешки моменти и возбудливи настани исполнети со трема и страв.Вистински ми требаш. Немам зборови со кои би можела да ти опишам колку ми значиш и колку си ми потребен. Те молам не оставај да продолжам сама.
Обично важам за некоја која незнае кај и се очите, ама тебе кај те најдов.. свака ми част! ... Со денешниот стајлинг ми заличе на сексичов од лево Да бидеме реални, ќе те сакам и со рогови! ..... а сеа извади ги роговите и дојди и биди мој лаувербој!!!
Знаеш... Јас никогаш не ги оправдував ваквите работи. А сега јас го правам тоа. Карма. Постои навистина. После ова сум сигурна дека "Никогаш не вели никогаш " е најголемата вистина што постои. Јас не можев ни да замислам дека ова ќе се случи. А сакав, проклето многу сака.. Но, не требаше. Не требаше! Еднаш те прашав дали се каеш, рече за вакви работи никогаш не се каеш. Тогаш јас се каев, си наожав вина во мене. Го проколнував денот кога ме почна се. Веќе не. Не се каам за ниту една секунда помината со тебе. Многу ми е убаво... Затоа не се каам. Сакам да потрае... Сакаме и двајцата, знам.
Фала ти што не ме остави на пола пат. Верувам во тебе, знаеш нели ? Сакам да се качам на некое високо место и да врескам колку те сакам се додека ме држи гласот. Прво ти дозволив да го поминеш ѕидот до мене, ти дозволив да ми се приближиш, и сега те носам во срцето, волку љубов ми тежи на градите. Ама среќна сум, среќна сум бидејќи докажа дека се грижиш за мене.
Ти ме познаваш повеќе од било кој, знаеш што значи секој мој поглед, секоја моја воздишка и само ти знаеш да ме смириш, доволна е една твоја прегратка за да заборавам на се... и ми недостасуваш ужасно многу, ми фали да си тука навечер, да муабетиме, да се гушкаме, ми фали таа твоја луда реакција кога ќе те допрам со ладните нозе . ми фали да се смееме без причина, да заспијам до тебе.. Ми фалш многу бре.. сакам да те видам
Знаеш дека те сакам, но тоа од твоја страна не беше во ред. Пробај да го промениш, па ќе правеме муабет.
вообичаено доволен ни е само еден поглед за да се разбереме, ама денес мислам дека и цела енциклопедија да ти напишам повторно нема да ме разбереш...
Уште малку па и не се замарам. Сеедно ми е малечко, сеедно ми е. А кога ми е мене сеедно тогаш лошо е. Пробај да ме препознаеш сега. Тоа не сум јас. Ја нема таа што те сака, сега постои онаа која живее за секој нов ден. Која живее да го помине денот убаво и да се смее до солзи. Да, сега сум јас тоа.
Љубов моја! Секоја ноќ плачам за тебе. Се сеќавам на нашите прекрасни денови кога беше толку блиску до мене, пред една година, пред неколку месеци. Но ќе те чекам затоа што знам дека вреди. Само ти си во моето срце засекогаш. Те сакам најмногу!
Знаев дека постојат КРЕТЕНИ но ПОГОЛЕМ КРЕТЕН ОД ТЕБЕ НЕМАМ НИ ВИДЕНО НИ СРЕТНАТO поздрав и продолжи со животот и се надевам дека ќе се појави некоја која ќе ти го каже ова наместо мене
Зарем секогаш кога ќе го слушнам Балашевиќ ќе се потсеќам на тебе? Најверојатно ДА! Нема песна која не ми предизвикува болка во срцето и солзи во очите
Теленцеее, освен што ми личиш на помошникот на пожарникарот Сем, ми наликуваш и на Гарфилд! Ваљда коа би се спарил пожарникарот со мачоров би се добил тии!!! ... Да бев машко, ќе го сменев полот ради тебе најискрено. ...И дај аман, доста ме мислиш веќе, само цагери ли ќе фаштам туа. да не се немало усул Еее ии да ти напоменам дека: “Дон‘т бери гајле а ла вју до даска“!
Уште еднаш ме разочара... не сакаш да кажеш нешто, да ми се извиниш, да направиш нешто??? Ќе сакаш, ќе сакаш, само незнам дали ќе ти дозволам.
Секој ден се повеќе ме изненадуваш со твојата одлучност, браво за тебе, само продолжи вака, го ценам тоа знаеш, среќна сум што полека гледам резултати од некои разговори п.с. ситните парички утрово ги префрлив во поголемо шише напредувам по полека...
Има моменти кога толку многу сакам да ти се јавам, барем гласот да ти го чујам... Опкружена сум со толку многу нелуѓе што ми доаѓа да се засолнам повторно во твоја прегратка...