Камо да можев навистина да ти ги кажам овие зборови. Да ти кажам колку ми значиш и требаш. Да ти кажам колку е силно ова чувство за тебе. Не можам да се помирам со тоа дека меѓу нас нема да има ништо. Потребен ми е одговор. Потребно ми е да те имам до себе, да ми бидеш поддршка и надеж. Да бидеш некој со кој би споделувала се и кој би ме издигал во облаците.
Зошто не можам да е одтргнам од мисливе? Зошто секогаш кога ќе заспијам ти си мојот сон? Зошто постојано мислам на тебе? Зошто ми недостасува толку многу твојата прегратка и твоите бакнежи? Знаеш ли зошто? -Затоа што те сакам, затоа што ти си ми се на светот. Мојот живот без тебе би бил пуст, јас не би можела таков живот да живеам. Остани засекогаш покрај мене.
Во моето направено календарче, почнав да ги одбројувам деновите кога беа уште 10. Сега има само уште еден ден, еве нека се два до нашето видување после месец дена, до денот кога ќе те гушнам силно-најсилно, кога ќе ја видам најубавата насмевка на свет наспроти мене.. Кога ќе те бакнам после толку време. Кога ќе ги чујам/кажам тие два збора очи во очи. Моментално, ништо друго не ме интересира а за понатаму.. ти ми го даваш тој мотив да бидам посилна и подобра и да се борам за себе. И мотивот да ти помогнам и тебе. Само верба, истрајност, упорност... и љубов.
Зошто не се потрудиш малку? Зошто се треба да оди така тешко? Те молам не прави го ова, ако одиме кон крај барем да знам, ако е само кризен период се надевам нема да направиме нешто за кое ќе се каеме подоцна, сакам да зборувасш, да кажеш се што те мачи, сакам да си отворен за секаков муабет, не чувај ги работите во себе така само се оддалечуваме се повеќе и повеќе. Денот е попаметен од ноќта, нов ден нив почеток.
Како успеав да те засакам така одеднаш? А не смеев... Како успеав да заборавам на се? А не смеев... Забранетото е најслатко па можеби затоа не можев да ти одолеам... А што ме тераш да трчам по тебе , со тоа што правиме? Ама душо сама сум си крива За памет ми е следен пат поише да ја отворам устава , и да ти кажам дека сакам недостапни машки , и јас да се помачам да го фатам... Како и да е ќе бидеш мој!!!
Немаш поим само колку многу те љубам. Поминатата ноќ со тебе се врежа на мојата кожа,на моите усни,во мојата душа. Ќе ми недостигаш ужасно. А,не сме се ни разделиле...
Џабе глумиме дека е се во ред и дека имаме совршена врска.. Не ти припаѓам, ни тебе ни себеси. Престани да ме носиш во слепи улици без излез, престани да се однесуваш како идиот спрема мене и понашај се како тогаш кога барем изгледаше дека се трудиш Знам дека немам излез, а и тогаш кога има, кога се чини дека има некоја врата, јас знам само да се треснам од земја, или да лупнам од ѕид.. Престани више да ме мачиш, престани да глумиш дека се грижиш за мене кога и двајцата знаеме дека не е така ... Никогаш нема да научиш што значи да сакаш
Ти си од оној тип на љубов која се живее еднаш а се преболува по сто пати. одново, одново, одново ... до бесконечност.
Немам со кого да доручкувам бе. Немам. Додуша имам, ама не ми е слатко! Омлетот не е омлет, а чварките имаат вкус на пластика. За туршијата и зелката ич да не зборуваме. Единствено вкусот на лутата пиперка со лук и лепчето во Чамо се исти. Оди бе ......
Ај шо веќе сите ми рекоа дека не си за мене туку и самата сум сигурна за тоа. Не сум безчувствителна али ако некој не ме прави среќен не ми е гајле не ми требаш у животов само терет си ми ! Ако не ме праиш среќна нишо тогаш нема смисла више. Чао адио.