Не една, имам 1001 причина да ставам крај. Не можам да дозволам да ти го уништуваат животот поради мене. Вистински сме но времето е погрешно. Можеби некаде, некогаш повторно ќе се најдеме, можеби тогаш ќе бидеме повеќе среќни. Не ми отежнувај, те молам пушти ме, најдобро е така...
М ? Едноставно знам дека нешто ти е наопаку , а не ги спушташ ѕидовите пред мене .... само сакам да сум тука за тебе и да ти помогнам , сакам да ти бидам се јбг , не барам многу ....барем јас така мислам .... а сигурна сум дека знаеш дека си заљубен ама се плашиш , затоа е и тој е*ен штит нели ? се поврзв со тебе многу ... те осетив дека не си ок уште пред некој ден ама ај си ќутев .... сакам да ти кажам и колку ми фалиш и колку те сакам ама не можам .... стравувам да не те исплашам и да те снема .... болно ми фалиш .... биди ми добар ....
Знаеш дека сум дома и дека заминав ,дека вечерва ќе заспиваш сам ... ти недостигам знам ми го кажа тоа а и во гласот истото ти го почуствував... Но љубави овде сум,во нашата куќичка,останав,те чекам,...Досега не сум ти спремала вакво изненадување едвај чекам да видам како ќе изреагираш
Толку многу те сакам што неможам да замислам да бидам без тебе. Се ке направам за нас ,ти си тој со кој ке го поминам остатокот од мојот живот ,ако не си ти никој друг нема да биде! Те сакам највеќе најмил мој !
И јас станав како оние кои што ги презирав,зар не гледаш? Си ветив на себеси дека никогаш нема да ги правам истите грешки,но ги направив токму најлошите варијанти од нив. Со повеќето од оние кои ги „имав’’,не се ни познавав. Младост,забава,глупирање. Но ти не си таков. Ти не си глупирање. Во тебе видов личност која што искрено ме сака. Токму затоа те сфатив толку лесно и токму затоа те третирав толку погрешно. Се разгалив,ја исклучив човечноста и емоциите и знаејќи дека зависиш од мене и дека нема да те загубам.те вовлеков во идиотски сплетки на мојот ум. Но сега,кога видов дека играта се сврти и дека сега јас сум повредената,се уплашив. Сфатив дека луѓе како тебе мораат да се чуваат. По дегени трчаме,а добрите ги заебуваме ... Е,затоа сме повредени. Не сакам да бидам повредувана веќе. Сакам да сме среќни и сплотени во прегратка која ќе трае вечно. Прости ми. Дозволи ми бар уште еднаш да ја почувствувам твојата љубов,единственото чувство кое што светот не успеал да го извалка. Ако никогаш повеќе не сакаш да ме погледнеш,те разбирам. Сепак сум само обичен смртник и не заслужувам такво совршенство.
И покрај моите способности да пишувам убаво ете никако не можам да го изразам со зборови она што го чувствувам за тебе. Можеби затоа што е посилно и од мојот богат речник. Би сакала да можев да го објаснам чувството кое го имам штом те погледнам. Да ти објаснам зошто токму ти и покрај другите опции. Можеби тоа се објаснува само со прости зборови. Да знаев што чуствуваш за мене можеби ќе бев похрабра. Те обвинувам велејќи дека ти си тој на кој му фали храброст но всушност со секој твој чекор кон мене јас се повлекувам два чекори. Камо да можев да застанам пред тебе и да бидам искрена. Да ти кажам колку си ми потребен. Да ти кажам дека те сакам, искрено,наивно,надежно....
Љубов моја! Ми фалат твоите допири, ми фалат утрата кога бевме толку блиску, ми фалат твоите мили зборови. Плачам неутешно. Те чекам. Мојата љубов кон тебе е вечна. Знам дека се ќе биде во ред, ќе имаме уште многу денови само за нас! Те сакам најмногу!
Ќе дадам се од себе да ги пребродиме тешките години кои доаѓаат ... Те Сакам душо Само мој и само твоја ♡
Извини,знам дека преку глава ти сум од моето променливо расположение,и моите анксиозни испади. Успешно ме толерираш,жал мие што немаш силна девојка покрај себе,туку кршлива како евтина чинија. Уствари ти си виновен за мојата чувствителност,а јас сум виновна што го ризикував срцево недопрено од љубовни болки. Зошто не ми кажа дека љубовта е болна ? и е само за храбрите.
Секогаш кога денот ми е лош, ти си тука да ме насмееш. Секогаш кога ќе помислам на тебе, се чувствувам како детенце заробено во мене. Ми даваш некој сила која ни самата не можам да си ја опишам. Добра ноќ,мил мој.