Го пишувам ова поради ова доле и поради тоа што се приближува тој датум кога јас и ти ја започнавме нашата приказна. Те сакам најмногу.
Не знам зошто но ме плаши непријатното чувство што го имам во себе, можеби е тоа креација на мојата глава и на лошото искуство од претходната врска,... не сакам да те изгубам, никогаш нема да си простам ако се раздели ме и ако денот што долго го очекував и посакував да го прославам со тебе го поминам во солзи затоа што тебе те нема покрај мене, немам кому да му се јавам за да се израдува со мене
Сега те разбирам како ти беше... Не барам спас од тебе, само сакам да ме држиш за рака додека помине овој период. И, ти благодарам за подршката. Те сакам.
Мајмунче понекогаш има толку многу работи што сакам да ти ги кажам во еден миг, потоа ќе те здогледам и заборавам на се. Колку и да сакам да се расправам со тебе не можам, не ме оставаш да кажам било што. Знаеш како да ме замолчиш и понекогаш ти завидувам за таа способност. Или моќ или што и да е, не знам. Знаеш и дека кога ти се љутам јас те сакам. Зависна сум од тебе. Ти си мојата дрога. Толку луди, непријатни, убави и неубави работи имам со тебе. Знам дека некои од нив никогаш нема да ги заборавиш. Не можеш да ме заборавиш. Замисли сега да беше тука до мене, сигурно ќе направевме некоја налудничава ситуација. Смотан мој, колку сум повеќе со тебе толку повеќе ми фалиш.
Чуствата и срцето ми се поделени на милион парчиња. Секое од нив има своја приказна,и навистина не знам на која емоција да и дозволам да преовладува. Не си ми ти мистерија,мистерија сум си самата на себе. Како да излезам од овој маѓепсан круг?
Те сакам, те сакам и те сакам Штом сакаш да си и понатаму со мене, иако дозволувам да ме видиш во најлошо светло, да ме трпиш кога сум љубоморна, да ме трпиш и во пмс (а тоа е незамисливо тешко), тогаш за мене не постои друга личност на светот што ја сакам и што ми значи повеќе од тебе!