Колку само вчера ме направи најсреќна ти не си свесен. Само криво ми беше што вчера не останав кај тебе на спиење, а колку сакав само
Велат верувај во онаа што го сакаш и навистина ќе ти се исполни. Јас верував, но никогаш не го добив. Дали знеш дека и покрај се никогаш не се откажав од тебе, секогаш си велев ние можеме, но изгледа сам јас сум таа која може. Ти се предаде, се откажа, ТИ кој ми велеше дека ќе ме сакаш засекогаш. Можеби сум малечка која изгледа беспомошно, онаа на која секогаш и треба помош, но ќе видиш колку можам да бидам силна, дури многу посилна и од тебе. А ти сега уживај си нема веќе кој да те замара со телефонски разговори како што кажуваш, верувај им на другите, ама еден ден ќе ви се врати на сите за се. Сета болка, тага, сите пролеани солзи, се ќе се врати. А еден ден и јас ќе дојдам, оној ден кога нема да ми значат ггодините поминати со тебе, сеќавањата, бакнежите, прегратките. Е тогаш ќе те потсетам кого изгуби, а ќе направев се за тебе, бев спремна да одам со тебе без да се свртам назад, а колку луѓе повредив заради тебе. А сега уживај додека можеш!
Ljubov moja! Samo da te gledam sekoj den, vednas mi se podobruva raspolozenieto. Sakam da e pocesto no go cenam sekoj moment. Prekrasno mi e koga si blisku do mene i koga gi gledam tvoite sini oci. Te sakam najmnogu!
Оваа ретко ми се случува, да не знам што да кажам јас.. Кога сакав да ти напишам нешто долго, нешто што ќе те заболи, 10 минути гледав во мониторот и едноставно немав мисли, немав зборови.. Ме уништи. Толку многу ме уништи. Ги уништи сите мои мислења за вистинската љубов, за искрена љубов, за тоа дека кога сакаш некого си спремен на се, моите надевања дека тој што сака вистински може да се промени.. ти уништи се. Сега сум распарчена и уништена, од некого што сум го сакала 5 години. Во ред ли е тоа? Дали некој нормален може да го направи тоа, тоа што ти го направи? Не, ти не си нормална личност. Ти си животно.. Знаеш сите овие 5 години јас на сите им зборував "јас најдобро го знам", а сега знам дека јас тебе не те познавам. Кој си ти? Што си ти? Што ти значам јас? Што? Јас со сите сили се борев и против сите се борев за тебе, а ти цели 5 години си ме влечел за нос. Да, точно, велат дека кога сакаш некого си слеп, но до толку слепа како мене? Како си го дозволив јас ова? Како стигнав јас до овој степен? До овој пораз? До оваа разочарување и скршено срце? Јас не сум таква личност. Мене никого не можеше да ме скрши, а сега ти успеа. Сега ти успеа да направиш сите 5 години што ги поминав со тебе да бидат како кошмар за мене, на кој не сакам да се сеќавам. Не.. Нема да се обвинувам себеси за тоа што дозволив да се заљубам, да сакам, да верувам и да се надевам. Ти можеби ме уништи, но јас повторно ќе се исправам на нозе еден ден. А ти? Ти никогаш нема да успееш во животот.
Во врска не сме , а сакаш сите да знаат дека сме заедно. Не сум ти девојка , а никој не смее да ми се доближи. Ќе глумиме Холивуд пред другите? Бескрајно ќе си веруваме и нема да играме нечесни игри... Што сакаш ти уствари момче од мене? Не си љубоморен , али нон стоп ме прашуваш колку ми се пуштаат , а ти демек јакиот ме имаш. Си лечиш комплекси зашто пред мене идеше со најгрдата во скопјево и те батали за најгрдиот? Или можеби јас сум ти играчка??? И јас го посакувам истото што и ти... Да сум во твојата глава барем 7 минути... !
Се појави во мојот живот како магија ме напави среќна ,ми кажуваше бајќи 6 години ти верував мечтааев очекував премногу однашата врска ,незнам што се случи после толку време што се смени ти како да полуде ме доведе до лудило ми го уништи животот немав избор морав да те оставам со милон прашања кој и ден денес не ми се одговорени кога би можел ова да го сватиш се би било поинаку
Денови ли се денови....... Црни маки мои. Едвај чекам да те гушнам. Да ме бакнеш на челото. Да те гледам и слушам како возбудено зборуваш како си поминал. Навистина ми недостигаш. Оваа неизвесност,оваа тишина моментално ме убива. Ме прободува силно во градите. Црни мисли ме дават. Знаеш,песимистот во мене овој период испливува на површина. Исто е и сега. Толку многу имам да ти кажам,да те гушнам,да бидиш покрај мене....
и пукна вечерва се...срам да ти е по незнам кој пат ме разочара..те сакам и ако не заслужуваш ја сум најгупа на цел свет што сеуште сакам да ти простам сакам да останам со тебе иако воопшто не заслужуваш..како можеше еејјј какоооо?? за која банална раб... ццц.да умрев ова пак да не го доживеев
Бејб, врската ни е скорпија во хороскоп, сакралната чакра ми била преактивна (учителката така ми рече!!! збор да не чујам!!!), во пмс сум... постои голема веројатност дека ќе те изедам од љубов!!!
Среќна сум поради деновите кои доаѓаат. Среќа си ми ти...голема. најголема, среќа која не се опишува со зборови. Таква среќа само се доживува