Како и да е, бев среќен со тебе Тешко ми е кога слушам лошо за тебе. Јас сепак те сакав. Те гушкав со часови. Те бакнував најискрено. Денот ми почнуваше со помислата на тебе. Не е сеедно. Не беше совршена. Никој не сме. Јас имам милион маани. Знам да оставам неред зад себе. Да не ја кренам масата. Да се однесувам како бебе. А, ти ме прифаќаше таков каков што сум. Ме поддржуваше. Ми ги слушаше моите луди идеи. Ме чекаше доцна од фудбал, изморен и гнасен. Дури и тогаш ми се насмевнуваше. Бев среќен со тебе. Многу. Не знае светот за нашето. Не знае колку сме се смееле на глупави филмови. Дека се однесувавме како деца. Сакавме да шетаме и на дождот. Си ја бојадисавме нашата соба јас и ти сами. Ти подготвував и доручек. Се преправаше дека е вкусен, дека сум знаел да готвам, но не е важно. Ти се грижеше за мене. Јас се смеев поради тебе. Си доаѓав рано само за да те видам. Ми го слушаше секој проблем. Беше решението ти. Мојот столб, мојата куќа. Да, јас знаев како изгледа среќата со тебе. Се сеќавам на нашата годишнина. Пробав да бидам романтичен, ама секогаш испаѓав будала. Ти ми се смееше, а тоа беше единствената музика што сакав да ја слушнам. Ми се лутеше, велеше да не се правам паметен, но јас дури и тогаш те сакав. Ти беше мојата паметница. Мојата сакана. Можев со часови да те гледам додека спиеш. Да паѓам за спиење, но не ми беше потребно тоа кога мојот сон беше ти. Мојата иднина беше ти. Никогаш не ни помислував да те оставам, да се откажам од тебе, да те немам. Никогаш не помислив дека ќе биде како денес. И, не е лесно понатаму сам. Не знам како се создава среќа без тебе. Како ќе погледнам други очи кога во нив ги барам твоите. Ќе очекувам од неа да прави сѐ што правеше ти. Да ѕвони телефонот со твоето име. Да излезеш од аголот. Да те чекам на нашето место. И кафето не е исто. Тажните песни имаат сега смисла. Денот нема. Среќата моја можеби ќе се преименува. Но, кое е тоа време кое ќе излечи сѐ? Дали некоја ќе те замени? Некогаш навистина фалиш. Ужасно. Животот продолжува. Ќе се најде по некоја будала да те спомне. Јас ќе се насмевнам. Ќе покажам дека не боли. Дека не си ми важна. Дека си дел од минатото. Само една поранешна девојка. Стар број во телефонот. Уште едно искуство. Девојка со која сум одел во кино, на кафе, сум ја водел по свадби, на Нови години, по дискотеки, пред фамилија, сум ја натерал да игра и видео-игри, и да прави ливче, и да ме гледа кога играм, и да ме трпи кога пијам. Да ме смирува кога викам. Ти беше моето подарено мече за Валентин, мојата прва честитка за празник и роденден. Ти беше моето најубаво добро утро и најслатка добра ноќ. Знам дека ќе слушам сѐ и сешто. Некогаш добро, некогаш лошо. Но, секогаш ќе ми потскокнува срцето кога ќе те спомнат, кога ќе те сретнам, кога ќе те сетам. И тогаш кога ќе бидам стар. Ти ќе бидеш секогаш дел од мојот живот. Еден од најубавите. Ќе те спомнуваат, знам. Ќе ми биде тешко, знам... Како и да е, со тебе убав ми беше животот. Со тебе бев среќен. Марија Лозаноска
Ме повреди, но ме направи посилна Знаеш како викаат: „Што не те убива, те прави посилен.“ Ох, душо, ти колку пати само ме уби. Ладнокрвно. Како волк срна. Ме бркаше само за да си го најадеш егото. Не бев челик, бев кршлива. Но, сега сум челик. Ти ме направи таква. Кога некому му веруваш - му дозволуваш. Му дозволуваш сѐ: да влезе во твојот свет, да јаде од твојот ручек, да ја дели твојата перница, му го пружаш домот, родителите се и негови, браќата се и негови браќа. Јас ти дозволив многу повеќе. Ти дозволив да го држиш мојот живот во својата рака. Но, во другата ти држеше камен. Сакаше ми го кршиш животот, сакаше не. Ти секогаш одбираше да го скршиш. Денес и јас кршам нешто. Го кршам секој спој, контакт, поврзување со тебе. Кршам сеќавања делче по делче. Сѐ додека не станат само една прашина, па ветрот да си го направи своето. Кршам зборови кои не ги мислам за да бидам она што не сум била. Да бидам силна. И ќе враќам за сѐ. За секојпат кога ме лажеше пред очи, сега тие ќе знаат да препознат лош човек. За секојпат кога ме понижуваше, сега ќе знам дека секој мој убав збор ќе вреди некому. За секојпат кога лажно ме љубеше, ќе знам да ја чувам мојата прегратка на оној кој вреди. За секојпат кога ќе заминеше кај некоја друга, ќе знам да си го чувам тој мој еден. За секојпат кога ми рушеше самодоверба, ќе знам дека јас сум најубавата без тебе. За секојпат кога ќе ме повредеше, јас ќе сум сега многу посилна. По тебе ќе знам како не треба да љубам. Конечно по тебе ќе ја сфатам вистинската љубов. И вистинската силна јас. Марија Лозаноска
Најубав моооој!!!! Најубаво си поминав со тебе денес Многу ми стана мил , иако сите нерви ги потрошив за да те припитомам И се исплатеше!!! Најубавото и најдоброто нешто го имам до мене Таа глупачка за пари те остави , али јас не те давам за ништо на светов!!! Мој сииииииии!!! П.С. Извини маче за муабетот прееска , али мојот ПМС е тоа И лав јуууууу!!!!!inlove:
Толку многу ми требаш, ми недостигаш имам потреба да те видам да те гушнам,да ти раскажувам што ми се случува тоа го сакам највеќе од се да разговарам со тебе ми недостигаат разговорите со тебе.Ми недостига се и се ме боли без тебе,умирам се повеќе со секој изминат ден, ама скршеното не се поправа, а јас веќе се изморив, се изморив борејќи се и за двајцата не го можам тоа веќе се откажав.не вреди никогаш не вредеше. Сеуште ми недостигаш но еве веќе со секој изминат ден помалку, научив да живеам и без тебе можеби не беше ти толку добар и не беше сето тоа толку убаво, можеби сето тоа беше само филм во мојта глава, можеби ти си толку лош и расипан како што велеа, ама јас и таа мојата пуста надеж не ми даваа да поверувам во тоа и ќе излажам ако кажам дека сеуште не се надевам и не чекам нешто не знам и јас што ама чекам верувам дека не си таков каков што се покажуваш пред другите мислам дека си некој друг некоја друга личност некоја друга страна имаш што мене ми ја покажа, што само јас ја видов.Ти благодарам за спомените и за тоа прекрасно нешто кое што го доживав со тебе. Те сакам
Ljubov moja! Vo tvojot pogled citam deka se ke bide vo red so nas. Ne se otkazuvam. Se boram za nas sekoja sekunda. Se boram za sekoj den da gledam vo tvoite sini oci, da go pocuvstvuvam tvojot dopir pak. Te sakam najmnogu!
Среќен ти роденден .... на бившата На колку соодветен датум ти е роденденот шкорпијо. Душата ми ја извади... Ама ти простив, ....се, .... сеа остај ме ...
гледам си ме избришал од пријатели зошто, затоа што зборувам за себе на нет многу АБЕ ТИ ТОКМУ ЛИ СИ? ПОДАЛЕКУ ОД НОСОТ НЕ СИ ГЛЕДАШ
Едвај ги чекам тие денови кога јас и ти секое утро ќе се будиме заедно еден до друг. Бре колку многу те сакам
Си поминав навистина добро и убаво вчера,знаеш? Често пати се засрамував,но што можам кога сум таква?! Сакам да го поминувам времево со тебе. Не сакам да одиш. Имам толку многу нешта за кои би сакала да зборуваме. Имам толку многу љубов и прегратки да ти дадам. Го чувствуваш ли сето тоа?
Те молам разбудисе те чекам на скајп да ми пуштиш од оние мали слатки чоечиња како ме гушкаш,бацнуваш бараш те молам разбудусе да ми посакаш добро утро те чекам разбудисе... Чекам во тел.да стигни порака од тебе да се јавиш го чекам звукот секоја секунда не го заслужив ова зошто го правиш?Ти ми вети дека секогаш ќе биди до мене дека нема да ме оставиш ние сме ТИМ имавме работи кои требаше да ги завршиме ти ми го рече тоа ми вети те молам разбудисе те преколнувам ... Нели едвај ја чекавме зимата да гледаме низ прозорец како паѓа снегот,а ние пиеме топол чај,нели елката заедно ќе ја украсвавме како секоја година?заедно ќе ја чекавме нова година заборави ли? Зошто ме оставаш сама оваа зима што ти направив?Те молам разбудисе ти ми вети каде си?