Дали ти извршуваш некоја друга животна функција освен тоа учење да го ебам? Наместо да доеш да се клецаме,си запнал да учиш. Да му се сневиди. Шо очекував кога учиш у Орце...
Не ме интересираш повеќе, не знам и дали те сакам се уште.. Нека моето однесување ти биде казна. Се повеќе сум сигурна дека имаш друга.. Затоа ќе те замолам пријателе: Чувај ја како што не ме чуваше мене, затоа што ќе си останеш на крај стар ерген. Мрш.
Незаменливи се тие моменти кога ме бакнуваш во чело, ме гушкаш силно, ме смируваш, ме галиш по косата и бакнуваш, со тебе се смеам како мало дете...ја чувствувам твојата љубов, нема поубаво од тоа. Ти си ми се Само што замина, а веќе ми фалиш... Сакам да заврши што побрзо ова и да не си одиш повеќе...Се надевам дека деновиве ќе испадне се како што треба, па да ми бидеш тука блиску до мене.. Те сакам мечко, гушка
Цуценце, кога сум нерасположена и со главоболка знаеш да ме насмееш и да ме изненадиш. Не може секој дечко да дава толкава љубов за девојката, колку ти што ми даваш мене. Едно од најскапите поклони што сум ги добила некогаш била твојата љубов кон мене. И една топлина може да ме загрее - твојата прегратка. Те сакам најмил мој.
Ti si tim za koji oduvek iz sve snage navijam mnoge zene lude za tobom a ti meni pripadas *** I mada znam da ponekad sumnjas iz nekih starih razloga ti si poslednji na ovom svetu koga bih ikad izdala Најмалку една. Што знам па... Ти го знам пулсот, душата и одот од милијарда километри можам да ти го препознаам, како и ти мојот. За среќа па и често успевам да те избегнам затоа што ми се лоши од недостигањето потоа, иако толку многу би ме направило среќна. И ти ја опростувам секоја гребнатинка по вратот од твојата остра брада и се радувам на секоја средба кога ќе се изгушкаме и се гледаме со видно насолзени очи. Како ти реков - има недели кои ќе бидат наши, ама оваа сигурно не е. После толку време првиот свесен здив го зимам со твоите пораки, со твојот глас. Гуд морнинг саншајн, колку денес ќе се направиме несреќни од нашата истост. Тешки луѓе, тешки инаети, слободата како насушност и Џонатан Ливингстон во срцето. И да, моите насмевки не вредат колку твоите солзи. Прости ми... не знам како поинаку. Ми врие крвта, ми врие љубовта кон илјада работи кои сакам да ги направам... а ти знам дека ќе ме чекаш, како и јас тебе... и ќе дојде ден кога или ќе сме ништо од многу простувања или ќе сме многу од многу простувања.
Не знам на кого да му се обратам ако не тебе. Можеби те сметам за преблизок,што знам. Не фукционира ова моево. Се затворам,сакам да побегнам,да се повредам,да крварам,да слушам гласна музика,да пијам вино и да ги избришам овие нервози.Сакам да ти кажам дека толку многу морничави песни ме опишуваат. Дека во толку многу песни од Placebo и Rammstein те пронаоѓам. Но,молчам. Сакам да исплачам се. Да замине се со солзите. Но,не оди. И немам ебена идеа како да ја решам ситуацијава. А,не сакам ни тебе да те замарам со моите ненормални состојби. Те љубам.Многу.И не сакам да кријам од тебе ништо. Немој ни ти. И ми недостигаш. Сакам толку многу нешта да ти кажам,но ги собирам во себе. Сакам да го имам она светото со тебе. Она кое никогаш сум го немала. Прости ми што никогаш нема да дознаеш за поракава. Прости ми што сакам да бидам среќна долго време со тебе. А,сега спиј ми.
И нека сум проклета јас и мојта тврдоглавост,нека е проклет овој кучешки живот што го живеам.Толку ли заслужив јас?Да неможам да бидам среќна.Еј! Зошто сум морав да бидам таква,те мавав од себе,несакав да те сакам,се плашев од секое искажано чуство кон тебе,се плашев да не ми возвратиш,се плашев да не ме љубиш доволно како и јас тебе што те љубев,се плашев дека ке те изгубам.Не ти верував кога требаше,бев своеглава,тврдоглава и инает.Така ме беше научил оној живот што го имав пред да те запознаам.Сега сваќам љубов.Згрешив.Те повредив премногу за да ми простиш за се.Сега касно е знам за се..Да можев да го вратам само времето,ех да можев.Ќе те направам најсреќен! Ама само да можев... Колку само ме боли,колку само вриштам во себе,колку само чувам во себе,многу зборови,малку дела.Но еве денес беше тој ден и дојде крајот на нашата приказна,но не и на нашата љубов.Се откажувам од тебе,нема повеќе за што да се борам.Останаа само спомени,преубави спомени за некогаш да бидат заборавени,останаа само две срца кои се сакаат,а неможат да бидат една целина. И во друг живот би те сакала.И во друг живот пак би сонувала за нас,за нашата љубов.Ти беше единствен,незаменлив,единтвената причина за мојата среќа,тага,единствениот кој можеше да ме расплачеш и насмееш во исто време,единствениот кои ми е во мисли кога заспивам и наутро кога се будам,единствениот кои знаеше да ме насмее искрено,онака од срце. Љубов што и да се случи..Никогаш не заборавај го она што го имавме,она за што се надевавме,не ги заборавај оние погледи мили,не ги заборавај оние зборови во кои зборевме за нашата иднина,за каде после средно,за нашата свадба,за нашите деца,за овие очи кои сега се црвени од солзи,овие усни кои ги бакнуваше и ОВА СРЦЕ КОЕ НА ТЕБЕ ТИ ПРИПАГАШЕ! Кога ќе се потцетиш на мене,прочитај го ова,насмеј се,не се разочарувај.Ти треба да си среќен,ќе бидам среќна само ако и ти си,ќе се смеам само и ти ако се смееш,ќе плачам ако ти тагуваш,ќе умрам за тебе љубов. Што друго ми останува освен да се насмеам,по навика..Изгубивме се,се загубивме ние во просторот во времето,изгубивме се што имавме,за се што се боревме,за се што сакавме.А го посакувавме засекогаш. И еве сега ги затворам очите се залажувам самата себе дека сеуште постоиме ние,и барем за еден момент сум со тебе пак,заедно,како што бевме,сеуште го чуствувам оној здив,оној допир по лицето,оној бакнеж ,и копнеам.Барем за неколку секунди живеам во мојата фантазија,ги отварам очите ја чуствувам болката од солзата што ми тече полека по лицето,треперам,го чуствувам срцето како ми чука брзо,ме гуши воздухот... Но што можам да променам?Извинувањето не би променило ништо,ни овие солзи ни ова срце што умее само тебе да те сака...Можеби постои друг живот и ако постои верувај љубов пак ќе те најдам,пак ќе направам да се заљубиш во мене,но нема да бидам таква,сурова..Овој пат ќе дадам се од себе,овој пат нема да дозволам минатото да влијае на нас,тој пат ќе биде она,она што го сакавме...ЗАСЕКОГАШ ЈАС И ТИ! И пак ќе кажам проклета нека сум што незнаев што имам се додека не го изгубив,а го изгубив ЗАСЕКОГАШ...
Љубов моја! Како ли да ја опишам среќата додека те гледам, додека ги гледам твоите сини очи, твојата коса, твоите бисерно бели заби и широка насмевка која ми го разубавува животот. Ти си мојата причина за живот. За тебе постојам! Те сакам најмногу!
Ако треба некого да мразам зошто не си мој,тоа не е таа туку ти затоа што ја одбра нејзе наместо мене..
Кога не пишува во „Што би му кажале...“, е тогаш е за плашење, бе лепотане. Maлку да дадам ведра нота на темава.
Извини што не сум таква како што посакуваш, извини што сум чудак кој не знае да ти возврати на сè како што заслужуваш. Не дека не сме еден за друг, само се сретнавме на погрешно место и во погрешно време. А тоа боли најмногу - кога ќе ти тропне љубовта на врата а ти не си спремен да ја примиш достојно. Можеби еден ден...
Затоа што ме сакаш.. затоа што те сакам... затоа што ме смееш секогаш.. затоа што со тебе научив дека љубовта и немора да боли,дека постои вистинска,искрена возвратена љубов... затоа што ти си мојата половина....затоа што сме премногу слични еден на друг.. затоа што во овие 7 години никогаш не сум се покајала што сум со тебе.. затоа кажав ДА п.с Најсреќен роденден љубов!!!!
Да знаеше само, да можеше да ми ѕирнеш во срцето што чувствував.. колку те сакав, немаше да поверуваш.. Свесен ли си дека не постои друга што некогаш те сакала толку? Јас се заљубив во твојата душа знаеш.. Се заљубив во тој дел од тебе што упорно го криеше.. Каква иронија... Да би знаел колку те сакав би се срамел од самиот себеси верувај ми, јас се срамам од самата себеси што толку сум те сакала.. не си заслужил!
Доволно ми е да те гледам, да го чувствувам твоето присуство. Те има на секаде, те запишувам во секој нов ред од животов. Те сакам со целото мое срце, те сакам до бесконечност. Зборовите никогаш нема да опишат што чувствувам.