Понекогаш посакувам да ме израдуваш со ситници, да ме израдуваш само за да ме направиш среќна. Не ми се битни ни подароците ни материјалните работи. Сакам само ти да ме радуваш со убави, мали гестови
Љубов моја! Сакам сега да ти се јавам, да зборувам со тебе. Сакам секој ден да бидеме заедно. Секој миг далеку од тебе ме убива. Сакам пак да ме гушнеш, да ме фатиш за рака и да ми кажеш дека се ќе биде во ред. Те сакам најмногу!
Успеав да ја направам најголемата грешка благодарение на тебе. Оставив човек што ме сакаше и што беше спремен на се за мене а јас го прокоцкав сето тоа и решив да бидам со тебе . Тука уствари кикснав и сеуште се каам за тоа . Ова што го правиш моментално се надевам дека ќе ти биде вратено за да искусиш и да видиш како е кога човек што прави се за тебе ти му враќаш на ваков начин и што е најтрагично мислиш дека не си крив . Карма ис бич бејби како што знам дека ова сега ми е вратено за тоа што сум го направила сигурна сум дека истотото ќе ти се случи на тебе
Секој дел од моево тело ме потсеќа на тебе. Особено ракава, неа секогаш ја држиш крај себе, така ме чуваш, ме штитиш. Премногу те засакав. Не би можела никаде без тебе. Најтешко ми е навечер, кога не си тука да се стуткам во тебе, во твојата топлина. Толку ми е празно се. Ќе ги бројам деновите, одново и одново, се додека не те видам повторно. За да ми е мирно срцево.
Немој повеќе да ме погледнуваш така, знаеш дека сите работи си имаат свој крај, епа ете и јас си имам свои граници. Знам дека сеуште мислиш дека ќе ти се јавам, како што направив летото, ама мил мој тогаш те сакав, тогаш бев слепа. Чудно ми е мене како наеднаш ја добив сета оваа храброст? Јас не можев да се замислам да бидам со некого друг, ама сватив дека на секоја навика, има и одвикнување. Замисли да најдеш девојка која никогаш нема да знаеш на што си со нејзе, а ти ќе ја сакаш со сето срце, девојка која ќе се ,,лади,, со тебе а ти ќе правиш се да ја задржиш, a таа упорно ќе те врти во круг , и во исто време ем ќе ти дава многу надеж, а на моменти нема да се замара со тебе. Понекогаш сакам и ти да бидеш заслепеен од љубов која нема да можеш да ја достигнеш. Тогаш можеби ќе сватиш нешто, дека не треба да правиш работи кои не сакаш да ти ги прават тебе. Од друга страна пак ти посакувам многу среќа, сакам да заборавам на сите лоши спомени, да те памтам по доброто, зашто ако еден ден ти се врати она што мене ми го правеше, мислам дека се ќе ти се сруши, мислам дека ни би имал срце да го проживееш тоа што јас го проживеев, зашто празна ти е душава. И затоа одлучувам да ти посакам многу среќаааа, зашто колку и да зборам за лошо, залудно е, и да сакам неможам да чуствувам омраза, не можам(ок, само на ретки моменти)..... Како и да е, било, поминало, се надевам ќе сватиш од овие грешки и нема да ги повторуваш во иднина A конечно ќе започнам да живеам како што треба....и ти благодарам што ми покажа колку храбра личност сум била, знам дека отсега ќе сакам уште посилно, и пак ќе страдам, ама нема да се откажам од љубовта само ради некој кој не знае да сака. Тоа е животот, еднаш си долу, еднаш горе.....ама сепак треба да уживаме во животот и да бидеме со нашите најсакани, и да ги заборавиме лоште моменти, да ги избришиме нагативните луѓе и да градиме контаткти со личности кои ќе не прават среќни.
Океј, се уште те сакам но морам да преживеам. Како знам и умеам. Ама морам...Ќе најдам начин. Тешко е. Се борам против чувствата и се надевам дека нема да се предадам. Ај, оди еби се сега со неа. И жени се, според твојот план. Јас ќе бидам добро.
Од кога сум со тебе повеќе се променив, ти благодарам што дојде и ме научи пак да сакам, ти си едно од ретките момчиња во земјава, а јас те имам.
Несвесно ме повредуваш човеку, ме тераш да се сомневам во твојата љубов, незнам повеќе што мислиш, што чувствуваш, изјасни се кажи што сакаш, што планираш, каде оди ова? се уморив веќе знаеш.. Еднаш викаш едно, после 5 минути друго.. одлучи се, јас не можам вака повеќе!
Зошто е вака со нас, дај веќе еднаш признај си дека ме сакаш, или пак си имаш признаено, само не можеш мене? Се` напраив за тебе, сети се ти колку се глупираше пред мене и моето друштво кога го запозна само за да останеш во него и да те приметам и покрај тоа што имав дечко... Знаеш дека те сакам, отсекогаш знаеше само што сега и ти кажав, затоа кажи ми и ти, направи нешто, цела година ни е катастрофална, откако се запознавме само скар смир и трети личности за љубомора :Ѕ Јас и ти сме исти, само јас можам да те сфатам, само ти си ненормален и можеш да ме прифатиш... Опушти се, во ред е да не можеш без мене зашто ќе останам со тебе, нема да си заминам од Скопјево ако ти не сакаш!
Имаш фора уште една недела значи до другиот викенд,ако не се поправи ситуацијата и ако не добијам одговор во што е проблемот немој ни да ме бараш.