Маже мое најубо знаеш дека секој миг ме правиш најсреќна на цел свет? Тоа што легнувам секоја вечер покрај тебе и се будам секое утро покрај тие прекрасни очи и насмевка,медените усни кои што секогаш кога ќе ме бакнат јас леткам и пеперутките повторно се будат во мене како пред 7 и пол години. Сакам секој ден да ни биде како што ни се овие денови.
Да ти си вистинскиот, се колнам дека никогаш повеќе нема да се посомневам во тоа.. Те сакам и пресреќна сум што успеавме да ги надминиме сите несогласувања... Штета што не си до мене по таква бурна кавга да се смириме
Нема најголема тага кога веќе не се препознаваш себеси.. Кога не се осеќаш убаво во своја кожа и кога се гледаш во огледало и си викаш на самата себеси: што правиш ма ти? (и сакаш силно да си удриш една шлаканица и потајно се надеваш дека ќе се освестиш)
О, да. И тоа како сум среќна што те имам тебе. А зарем би можела без тебе? Ти му даваш смисла на моето постоење. Не би издржала ништо доколку не беше тука ти да ме поддржиш, да ме сослушаш. За тебе ќе направам се. Баш се!! И нема да дозволам никој никогаш да не раздели. Затоа што си единствен и само мој. И ми фалиш. За нежно да ме галиш додека заспивам на твоето рамо. Те сакам!!
А сакав да му пишам на Дедо Мраз, знаеш ли...? Би му пишала со ова искрено детско срце, со надежта која се собрала во рбетов, со мечтата дека чуда уште постојат знаеш ли....? Би му пишала но залудно.... не бев добра изминатава година, сурова бев кон себе... затоа нема пакетче за мене, знаеш ли? Сурова бев со обидите да ти покажам колку ми значиш... сурова со молчењето додека ми ја камшикуваше душава.... сурова бев додека со солзи го миев крвавењево на срцето од секој твој збор... а за тоа нема пакетче, знаеш ли...? Но, што пакетче ќе биде тоа кога те нема тебе во него...? Се купува ли љубовта...? Се купува ли недостигањето кое го обојуваше секој ден, кое го убиваше секој сон...? Се купува ли бришач на секој кажан збор...? Па размислував место него, да ти пишам тебе... Но како да испратам водено писмо, кога солзиве ме преплавуваат штом помислам на тебе...? и што би ти пишала, се прашувам...? Што би ти побарала кога им се подаруваш ти себе само на другите...? Што би ти побарала...зарем времето кое не сакаш да го минуваш со мене... зарем зборовите кои веќе не сакаш да ги кажеш...? Што би ти побарала кога љубов веќе немаш...? Што би ти побарала... да бидеш повеќе мој од свој, зарем...? Што би ти побарала... зар скриен тунел кој ќе не зближи додека ти ги рушиш мостовите кои не држеа заедно...? Што би ти побарала... зар можам да ти побарам сместување во срцето, онака како молчалив патник кој ги минал сите тие мостови...? Што би ти побарала кога твоите очи ми беа неотворено пакетче секој ден... па тонев во нив, се откривав себе, те барав тебе.... тие очи кои донесоа зима во душава, кога престанав да изгревам во нив... Што би ти побарала кога твоите раце се уште ми се не исполнетата мечта... се уште ме болат по кожава, која чиниш станала алергична на сите други... се уште ме болат во соништата кога тие прсти мислиш молкум по мене цртаат едно ново утре... се уште посакувам лисици да се сторат, па да ме врзат и не пуштат никогаш... се уште ми се дијафрагмата, со која дишам, со која движам, со која живуркам да не речам... Како би ти кажала дека бев добра изминатава година кога срцево на дланка ти го дадов... и не беше доволно... кога радост ми беше и не беше доволно... кога душава на тебе ми мирисаше и не беше доволно... кога здив и гласен смев ми беше и не беше доволно... кога исплашена срна пред тебе се престорив и не беше доволно... кога молкум почнав од сите да се откажувам и не беше доволно... кога сакав секој следен ден се повеќе од себе да ти дадам... и знам и тоа никогаш немаше да ти биде доволно, немаше да ти биде важно...
Знаев дека ке бидеме заедно засекогаш само заради тоа што правиш неверојатно добар секс. За се може човек да разговара и промени, ама хемијата во кревет, не се договара, се случува. А со тебе, е совршена. https://31.media.tumblr.com/1e9fc1425621d5aa07f27f1f81f74381/tumblr_nbvnuhSCki1tllhhio1_500.gif
Глумам бре! А, и ти не си ништо подобар. Со јаки намери, ја со уште поубави планови. Со тест период ли сум од месец дена? Со гаранција бев јас, да. Уште неколку средби не делат од тој месец. Ќе славиме нешто. Нов почеток или крај со нов почеток. Твоја територија, а јас со траги. Би сакала да знам дали ќе си во состојба да го исполниш ветувањето? Би сакала и да те видам сменет .. Таков ќе си совршен.
Очекував таков одговор но сепак сум разочарана... мислев дека ќе ми е сеедно но не ми е ,иако велам дека е океј не е!!! Ништо битно но кога ќе ми текне на минатата година како поминавме а оваа како ќе биде се натажувам И да,спремна сум те чекам