Љубов моја! За тебе ќе ги победам и времето и далечината. Само за да бидам пак во твојата прегратка и да те чувствувам на мојата кожа. Твоите сини очи да ме погледнат пак одблиску. Се ќе направам, ќе го остварам и невозможното, за нас нема пречки. Те сакам најмногу!
Мислам дека никогаш нема да бидеш свесен колку пари за психолог си ми заштедил. Сите тие ноќи, кога до два или три по полноќ си ме тешел, советувал, учел како пак да почнам да верувам во себеси; да се сакам како што ти ме сакаш; да ми кажуваш дека колку и да сум несовршена преку своите очи, од некоја причина ти си ме избрал; да ме убедуваш дека не сум толку лоша личност, туку е само лош период... па мислам дека ме спасија. И она твоето - јас знам дека ти никогаш нема да ме сакаш колку јас тебе, ама и тоа малку, мене ми е доста... Тоа ме прави горда што си со мене и јас знам дека постоиш ти и останатиот свет.Зашто никој друг кој сум го запознала не е толку несебичен, едноставен и задоволен само со тоа што има кого да сака, има семејство на кое ќе се враќа после секој работен ден, работни обврски кои колку и да се тешки, му се извор на финансии и... тоа е се`. Ништо друго не ти е потребно и затоа си најсреќниот човек на светот. А и јас покрај тебе.
Биди ми жив и здрав тоа ми е најважно здравјето да те служи најдобро.Ти ја посакувам целата среќа на овој свет а љубовта веќе ја имаш ... Да знаеш дека многу повеќе те сакам од минатиот роденден многу многу повеќе. Ти посакувам секоја замислена желба да ти се остварува со ред,се што посакуваш да имаш. Биди ми секогаш насмеан и позитивен. Ти си човекот на кој што најмногу му верувај и сум најсреќна што те имам до мене. Нека ти е најсреќен роденденот љубов моја,уживај во денешниот ден колку што можеш повеќе
Чудни нешта се случуваат во човековиот ум, кога се обидува да заборави некого на кого се навикнал. Љубовта е потисната и полумртва, но спомените се насекаде. Всушност, сеуште не ни се спомени, сеуште не се претворени во малечки делчиња некогашна среќа, несреќа, љубов или омраза. Бидејќи сеуште се тука. Не се потсетуваме, бидејќи не сме ни подзаборавиле. Заборав никогаш нема, и тоа е во ред. Но зошто нешто во мене толку упорно се обидува да ме потсети на тебе? Зошто нешто во мене постојано ми го враќа филмот, и ме тера на тоа да ми недостасуваш и тогаш кога не смееш?
Само ти знаеш да ме вивнеш до небото и да направиш да се чувствувам најсакана и најубава. А потоа, ќе ми го скршеш срцето на милион парчиња.
Те сакам. Тоа сакав да ти кажам денес. Не сакав. Мислам дека знаеш дека во афект ќе ми се испуштеше. Оти не смеам. Така се ќе се расипе. Љубовта расипува. Кој си ти ? Допираш до моите најдлабоки и најмрачни фаКтазии, ме познаваш идеално добро. Ја толкуваш секоја моја гримаса, со нежност ми го облеваш секој дел од телото како вечно да сум твоја. Толку совршено што немам потреба да те идеализирам. Толку совршено што ти барам маана. Толку совршено и несебично, кревко, ранливо но моќно. Или ти постоиш и светот се менува заради тебе, или си страшна илузија, креација на мојата желна фантазија. Вистински си. Стоиш до мене и ме дигаш од тлото до облаците. Во очите ти ја гледам скриената емоција. Покајанието. Уживањето. Безрезервно твоја. Секогаш туѓа. Далеку од тебе е поблиску од било кога. Те сакам. Го уловив моментот кога се заљубив во тебе. Знам кога беше.
уште не разбирам како си дозволив толку да ме повредиш? никој не ми е крив што сама си ја барав бељата.
Те сакав премногу... И уште те сакам ама после се што се случи се надевам дека бргу ќе те заборавам... Не сакам да те помтам по лошо,само сакам да те избришам од животот,како никогаш да не си постоел... Но не е толку лесно верувај,ама ќе издржам Нема постојано да те молам да ми се вратиш,во случајот сега не сум јас виновна,кога ке си ја сфатиш грешката доцна ке биде,ама тоа е животот И знам,се изненади кога ти реков дека никогаш повеке не сакам да те видам ама сам го заслужи тоа Ти посакувам се најдобро....
И така разбрав дека не можеш да се носиш со мене, и моите проблеми. Барав само поддршка, а не осипување со 'те сакам'. Прости, ама барав дела. Време е за крај. Како и да е, еве го барам, да му го кажам се ова.
Те сакам. Се уште те сакам, признавам а знам дека не би требало. Овде си во срцево мое, поблиску не може. Ми требаш се уште, да ми ја стоплиш душата и да ми ја вратиш насмевката. Ама како што ти реков, ти си мртов за мене и јас за тебе. Ќе останам на тоа. И денес и утре и ден потоа. Не потпагам.