И сега на што сме? Еден ден сме океј и се е супер, а после на игнор мод ме ставаш. Не е дека незнаев што заебан карактер си. Не сфакам зошто толку упорен беше под кожа да ми се ставиш за после да те снема..? Ајде лечи си комплекси, ваљда мене ке ми помине за некое време... Официјално се прогласувам за магнет за неиживеани дечишта.. Толку.
Секоја зима ме потсетува на тебе.И онаа претходната и таа пред неа...Веќе не ми поминуваат зимите во патење,во осудување...И борбата во која те осудував помина.Ама оваа чудно ме потсетува на тебе.Се ти простив.Ти тоа не го знаеш и не мислиш на тоа,ама те разбирам.Појдов напред надевајки се дека ке најдам нешто подобро.А луѓето барајки го тоа подобро често знаат да згрешат.Погрешив ли и јас?Зар ти е важно да си поставувам вакви прашања?! Живеам,испишувам страници од животов,ги превртувам ги кинам.А се борам да не препишувам од оној претходниот. Потсетува зимава на тебе а студенилото те донесе така убаво... и неприметно.
Твојата подршка и испратена среќичка денес ми беа од голема помош. Мислејќи на тебе немав трема како и обично пред полагање и како за среќа положив. Знам дека ти ги пушти твоите мали среќички и направи да се гордееш со мене. Те сакам.
Ти си петарда или јас...се прашувам? Магла се свила, не дава лика да видам околу себе, знаеш ли? Не,дека после тебе, нечиј лик нешто ми значи, не дека радост ми носи, знаеш ли? Таа магла со мирис на петарди, душава ми ја горат знаеш ли...? Мирисаат на зима, звучат на Нова Година, знаеш ли? Звучат на се што не сме ние.... Пукаат околу мене, пукаат чиниш душава ја кинат, знаеш ли...? Пукаат, па за миг ми ги прекинуваат мисливе, го прекинуваат ова чекорење кон тебе...знаеш ли? Пукаат, ечат, чиниш во празнинава од душава фрлени се, па болката во ек ја претвораат.... знаеш ли? Ечат додека се прашувам, „знаеш ли дека петарда твоја бев“.....? Ме заплени како незаконска петарда знаеш ли...? Онака мирно тивко, како по службена должност знаеш ли...? Па јас блескав како отсјајот на петардата штом те погледнев знаеш ли...? Трештев на околу кога ќе ме болеше знаеш ли...? Со поглед ме палеше како петарда....знаеш ли? Само под твоите прсти душава чиниш огномет се претвораше, па бликаше на сите страни, сееше насмевки и стихови, само за тебе, знаеш ли....? Под тие твои прсти најинтимната своја Нова година ја славев...знаеш ли? Но, НЕ,се премислив.... ти беше мојата петарда знаеш ли....? Ти беше забранетата пиротехника со која си играв знаеш ли...? Ти беше мојот пркос и отров со кој се убивав знаеш ли....? Ти беше краткотрајното врескаво задоволство кое душа ми стоплуваше знаеш ли? Ти ечеше во срцево како запалена петарда знаеш ли...? По тебе се уште мириса воздухот, како по пукната петарда знаеш ли...? Ти како петарда ја изгоре душава знаеш ли...? Ти од неа остави парчиња,само нејасни зборови како од изгорена паковка од петарди знаеш ли...? Ти како погрешно употребена петарда ми ги остави сакати рацеве, па не допираат веќе никој знаеш ли....? Ти ми ја одери кожава, рани остави кога ја остави без тебе знаеш ли...? Ти како петарда со поминат рок експлодира предвреме, ме остави без очиве, па плачат постојано, ублажувајќи си ја болката знаеш ли....? Ти како кобна петарда во новогодишната ноќ ме остави без срце, без душа, без себе, вечно хендикепирана знаеш ли....? Ти....ти како петарда остави само чад зад себе, чад од кој едвај дишам и засекогаш исчезна знаеш ли....?
Љубов моја! Сините очи твои за мене се местата каде што наоѓам спокој. Сакам вечно да те гледам. Да го слушам твојот глас. Да ги чувствувам твоите прсти на моите усни, насекаде по мене. И засекогаш да останам во твојата прегратка. Те сакам најмногу!
Срцево за тебе ми беше лупа тупа туп, ама го скрши пошо си ептен ебано глуп, и затоа сега пак те барам, да ти бутнам крастајца в дуп. Две години минаа откако правев сарми со мајка ти за празнициве зимски, и скришно пред мене каснуваше и неколку кременадли свински, но срцево мое откако те нема како сарма скисна, што на моменти чинев дека и цицката од него ми висна, па сега лутам по тебе и по твоите очи, за срцево и цицево пак да ми скочи. Без тебе сум ко Изет без максузија, и по тебе би одела и во Тунгузија, а ракијава сопатник лут како змија, во зимскиве денови срце ми грее, и песниве за тебе таа ми ги пее. Две години на срце ми лежиш, толкав вол со себе носам, ептен ми тежиш, толкав бол со себе носам, ти в гради ми спиеш, не се ни протегна две години на срце ми лежиш а в кревет ниеднаш не ти легнав. Сунце ти калајсано врати ми се веќе, па и прозори ако сакаш, мене не ми смета. Да беше женско,ќе ти подарев едно во раце кое расте цвеќе, но машко си - можам и повеќе да ти ветам. Те дупам бе глуп,нејќам да се вратиш, само бар да те излапам уште еднаш-два пати, ил бар на фејсу пољубац да ми пратиш, не се секирај не мора доле суканиците да си ги кратиш. Не мора ни тоа,само понекад ми фалиш, само спомни си за мене некогаш без за минатото да жалиш, биди лабав како што секогаш си беше, секако заедно со твоето меше. Кажи им на новите протези дека требаше да ти ги направам лом, и дур се лапензи да не мавне некој гром, за романтиката да беше вечна, иако и двајцата ја сметаме за патетична како столица течна.
Samo ti gi znaes site moi stravovi.Stravovi na jas bezstrasnata,celicnata.. Sam gi otkri bez da me prasas. Vleze tolku dlaboko vo mene.Tamu i ostani.Takov kakov sto si ovde i sega.
Се трудиш! Гледам дека се трудиш и мило ми е. Посакувам во новата година да бидеме емотивно повеќе созреани, да не мора да се криеме, да љубомориме туку да си веруваме еден на друг, да се сакаме повеќе со тоа што нема ништо друго да правиме освен да се сакаме.
Сијало је сунце, засијало је моје лице, мало се појавиш, па ми свет разрушиш.........Пораки на српски од секоаш ми се фетиш.
Заглавена сум во некоја секојдневна рутина од која во моментов имам потреба да избегам. Заедно со тебе. Ќе ти правам салеп со цимет, ти само спакувај ги куферите.