I miss u so much .... се е кажано во песнава погоре .....ти ја знаеш убаво ....ми требаш повеќе од било кога ....врати се !
Душата моја си ти.. те сакам, се надевам дека и годинава ќе н биде убава како минатата, дека плановите ќе ни се остварат.. Те сакам душо моја
Знаеш тешко е некој да ти е блиску, а сепак толку далеку, но сепак потешко било да е тој што го сакаш далеку од тебе, да не го гледаш...но, не заборавив ни како изгледаш, го памтам секој наш разговор, секоја случка, секој спомен, се, буквално се. Ми фалиш многу, се надевам колку и да е тоа малку, сепак ти значам нешто. Како и да е, среќна нека ти е новата година и се најубаво во неа, повеќе успеси и тоа.
Знаеш дека си смешен и глуп? Мислам, нема логика ова што го правиш ама ајде нека биде така, сепак и двајцата знаеме дека ТИ прв ќе попуштиш.........ме знаеш каква сум, си нашол со кого да тераш инат......
Незнам .. смачено ми е, јасно ми е дека не треба да си у мојов живот, како не гледаш дека умирам дека сакам срцево да си го извадам зошто неможеме јас и ти... Како да соберам сила да не ти дигам телефон и да ти вртам глава... До толку е дојдена работава... Колку ми е тешко да гледам вљубени а мене душата ми се распаѓа зошто нема начин за нас..... Како човек треба да живее кога неможе да биде со тој што го сака? Како се брише празнината што ме боли дури и физички ...
Ајде во новава година повеќе да ме слушаш И би ти рекла да си уште подобар со мене ама тоа не може зошто си најдобар и те сакам највише фала што ме правиш најсреќна
Среќна сум за тебе.Имаш девојка која е препресовршена.Си ја нашол.Си одговарате.Сигурно многу те сака.А и ти неа.Изненадена сум.Не го очекував тоа.Не толку скоро.Не чувствувам љубомора кон неа. Можеби зашто одамна сум те заборавила.Нема да те заборавам.Бидејќи ќе те паметам по тоа што беше мојата прва љубов.
Ти неможиш да бидиш толкав мангуп колку јас КУЧКА ако мислиш дека од една вечер мување рогој ми пораснаја твоите поголеми ќе ти ги напрам,со мене нема заебанција,со тебе беше забава од монотонија од еуфорија приберисе и на друг да му се занесваш разбра?
Почнува да ми е сеедно за тебе. Каде си со кого си и што правиш тоа мене НЕ ме интересира повеќе. Минато си. Слободен си и прави што сакаш. Воопшто не допира до мене твоето однесување, ок ? Ми стана одбивен а некогаш беше мојата најголема љубов, мој живот мое СЕ. Сега си обичен странец.
Никогаш не би ми текнало на памет дека ќе се затрескам во некој како тебе.Знам дека нема те видам и многу ми фалиш...Мислам дека е време да те заборавам
Дали знаеш дека утрото после дочекот на нова година, ти пишав смс да ти ја честитам новата 2015 , во пораката ти напишав да бидеш среќен , и те потсетив дека последно ми ја честита прв 2012 година, и да, немав храброст, да ја испратам пораката, одлучив да биде така, ти си далеку и нема потреба да го разгорам огнот повторно , на крај на краиштата , така морало да биде, самите си ја кроиме судбината, а одлучноста е за големите луѓе, ти тоа никогаш не го разбра и нема .
Глупак! Абе јас сум кривата, знам. Знаев дека си таков. Ама ајде објасни им го тоа на тие малечки чувства кои се појавија.