Nothing compares to you..., а што постои за споредба? „Тајни“ погледи, насмевки, неколку поздрави... Имаш нешто над мене, некоја сила, моќ.. Незнам што е, но сакам да ја снема. Да продолжам понатаму, да имам „тајни“ погледи, насмевки со друг. Не со тебе, со ДРУГ. А ги нема. Деновиве заклучив дека сум луда по тебе. Незнам зошто, незнам како. А не сакам да сум. Или нека бидам, ама барем биди и ти. Ми треба љубов. Чиста, детска, искрена. Или подари ми ја, или остави ме...
Изгледа е повторно еден од оние периоди кога се оддалечуваш од сите...како и да е тука сум ако ти текне некад повторно да ме побараш.....
Ме боли твојот поглед. И тоа што со тие медени очи ми ја лепиш душава за тебе. Ме болат насмевките. И тоа што јас не сум причина за барем една од нив. Ме болат зборовите. И тоа што ниеден од нив не ми е наменет мене. Ме болат твоите чекори. И тоа што не се упатени кон мене. Ме болат твоите чувства. Но само оние,минијатурните.Оние резервирани за мене. Ме болиш ти. И тоа што те замислив совршен.
Не ми е сватлива твојата одлука. Иако се подготвив не очекував тоа да го направиш на олку подол начин. Мислев дека имаш повеќе храброст. Но не. Се гледа дека сум згрешила. Премногу. Не знам веќе што да мислам а уште помалку што да чувствувам. Ако ти погледнам во очите можеби и ќе разберам подобро што се случи. Немаш поим колку ме боли. Немаш поим како е да се трудиш да не плачеш кога срцето ти е обвиено со тага. Но,што е тука е... Ти посакувам среќа понатаму .... Можеби животот некогаш повторно ќе не спои....
Би сакала уште еднаш да ти се обратам. Изненадување. Долг месец, со неколку средби. Средината ја одбравме, да можеме да запомниме. Место: совршено за парови. Утре, тераме во бордо нијанса! Моја вечер, моја љубов. Кретенизам и ренесанса! Таков те најдов бре, таков ќе те остаам.
Еј црнокосо момче , зошто од како те сретнав за мене совршениот треба да биде со црна коса ? те исфрлив од срцето , а од мислите ? кој знае, ама си ветив ќе бидам јака , нема да подлегнам веќе на никој црнокос дечко , и те молам држи ми среќа , да си личите само во косата и во ништо друго
не сум јас дрска, нити пак не го почитувам твоето мислење, туку едноставно сакам некој кој ќе ме прави среќна, а не солзи да бришам секој ден затоа што ти не ме разбираш и не знаеш да се однесуваш..
Зошто ми го правеш тоа? Прво ме вивнеш во облаци, а потоа со сета сила ме треснеш на земја? Со што го заслужив тоа? Сакам да кажам дека те мразам, но тоа ќе биде кажано само во афект. O зошто баш тебе не можам да те преценам?
Денес ме прашаа...„како го сака таа жена толку бе...?“ И се запрашав како те сакам знаеш ли...? Те сакам како Еским.... Зошто како Еским живеам во својот паралелен универзум... далеку од сите, а само со тебе, а само блиску до тебе... Зошто како и Ескимите и ние малку сме што сакаме како да нема утре.... со цело срце, со душа, со рој солзи, слепени пред насмевките... Зошто како Еским со замрзната воздишка името твое го изговарам, чиниш молитва за среќа е моја... Зошто храбро како Еским на мегдан пред тебе стојам... само да не видиш колку болиш... Зошто како Еским се раѓам и живеам секој ден само за студот во твоите очи... Зошто како Еским ја преживувам тешката тишина која ме замрзнува додека сме еден пред друг... Зошто како Еским го одам снегот на твојата рамнодушност...снегот кој ти толку го сакаш... Зошто како Еским можам тој твој снег да ти го опишам со 500 зборови... зборови на болка, зборови на љубов... Зошто како Еским се радувам на белината... на белината на твојата кожа, чија мекост ја чувствувам уште под прстиве, под усниве... Зошто како Еским те бакнувам, без бакнеж,без допир.... со носот... колку да ти го почувствувам мирисот, колку да знам дека си тука, чекор од душава.... Зошто како Еским се повлекувам во најладното живеалиште кога те нема... се обиколувам со темнина и мраз во моето интимно игло, направено од блокови мраз на болно недостигање... Зошто како Еским во тоа живеалиште стапалата ти ги бакнувам за добредојде, штом ми навратиш во соништата... Зошто како Еским маѓија за тебе кријам во очиве... кои приказни од чувствата кон тебе за миг би сплеле кога тишината и болката се најгусти... Зошто како Еским одам по тебе, по најсветлата ѕвезда на ова замрзнато небо од болката...
Ljubov moja! Koga te gledam, vaka kako denes, te vdisuvam so sekoj del od teloto. Pak gi cuvstvuvam tvoite dopiri, iako samo vo svoite misli. No veruvam deka tvoite race pak ke me dopiraat. Te sakam najmnogu!
Ноќта беше пожешка од она што гори во мене. Иако надвор беше прилично блиску минус осум кога лежевме голи на кровот и гледавме во ѕвездите. Не мислев дека во реалноста постои таква изопачена романтика, јас и ти на крајот од светот, ни врне снег по лицето, се топи на образот. Се сушат солзите. Не може ти туку така да се бакнуваш со мене, да ми тонеш во прегратка и да го допреш со врвот од усните секој сантиметар на моето тело. Тоа е неистражена територија на опасно диви неиспитани места, опасно можам да се вљубам. Кои тешки будали се гледаат очи во очи од блиску подолго од 5 минути без насолзеното око да трепне ? Ти го чувствувам здивот блиску до мене, чинам ми го замаглува видот. Долго како засекогаш, кратко како момент. Не смееш да водиш љубов со мене така заводнички, така понесен од заљубеноста. И веќе е забрането да лижеш прст за да ми го исчистиш засушениот мрсул. Озбилна сум. Освен ако не сакаш да умрам од љубов, немој, поарно.
Срцето 300 ми чукаше кога те видов како пробуваш бурма не очекував бе. Чудно ти е али преубаво ти стои на рака На среќата и нема крај ќе има смешки за паметење знам !!!
кога тогаш ќе престанат солзите да се леат низ моето лице, колку и да ми треба ќе си ги склопам делчињата од срцево и ќе бидам добро..
Конечно размислувам со ладна глава...не викам не ме болат твоите слики со неа. Особено кога до вчера (буквално) разговаравме со саати на телефон и беше толку поразличен...Со тебе ги показив сите свои принципи и се што некогаш сум кажала дека нема да го направам. Дадов не една, не две туку многу повеќе шанси, барем повеќе од тоа што ти го заслужуваш. Твоја грешка и вина е што сега сме тука каде што сме...Аххх а што се само можеше да имаш, бев потполно твоја и те сакав како ниедна, секој пат одново, дури и кога викав дека те заборавив...Знам дека понатака не ќе можам да го избегнам твоето присуство (неизбежно е да те гледам) но, денес нешто умре, нешто умре во мене кога ги видов вашите слики...И не е тоа лутина или љубомора верувај, едноставно веќе отрпнав на тебе и на твоите постапки..Ти благодарам што ме научи барем како да постапувам одсега па понатака со сите други...како тебе...како и ти со сите други...како со мене Имав најдобар учител П.С. А еден ден кога повторно ќе се вратиш верувај ќе ти покажам на твоја кожа на што се ме научи ти....па кажи ми какво е чувството ...
Ако клин со клин се вади, зошто душава ми ја раскинува секој негов бакнеж, зошто кожава ми распукнува од секој негов допир, зошто срцево ми заледува од секоја негова воздишка, Зошто мисливе не можам да си ги исчистам, снагава да ја излажам, празнинава да ја пополнам? Зошто разумов не можам да го исклучам, зошто името твое на врвот од јазикот го чувам, зошто се плашам да не те изустам низ копнежи за твоите допири, низ воздишки од твоите усни, низ болки од неговите раце. Во очиве те носам, љубов, во душава ми ја остави љубовта наша неизмерена, во срцево болката непреболива, на усниве раната непрекриена, Во очиве ми тежеш, како солза врела неисплакана, желба вечно не кажана. Во очиве си ми, да не можам да те преболам, да не можам да те заборавам, да те гледам, кај и да се свртам. Во очиве, очи да немам...
мислев дека си ок дечко со сини очи ама изгледа дека не си-самата возраст кажува 8години постар од мене си а што околу мене се мотка еден тип 10 години постар-леле мајко ама јас не сум тетка ми-таа е една во милион -успешен брак со 10 години постар од неа