Незнам само веќе како да ти докажам колку ми значиш и те сакам... незнам зашто се сомневаш во тоа :/ ти немам дадено причина за тоа..
Не можеме да ги сопреме брановите, но можеме да научиме да сурфаме на нив. Семоќни сме ~ само кога искрено го сакаме тоа.
аман бе господе аман година и пол поминав по секти за на крај да почуствувам нешто за 8 години постар од мене да не можам сама на себе да се изначудам
Не ме боли мене тоа што јас нема да носам бело за тебе. Не, не ме боли. Не ме боли ни тоа што нема да се израдувам како дете на тој еден ден кога бело ќе носам за некој друг. Ме боли само тоа што рацете твои нема да ја погалат душава моја кога ќе ме допреш на стомакот да го слушнеш твоето чедо. А толку многу пати си ја спуштал главата на мене велејќи дека едвај чекаш да го слушнеш срцето како му чука во мене. А толку многу пати си ја ставал дланката како да сакаш да го заштитиш уште пред да го створиш. А толку многу сакав дом со тебе да створам. Не ме боли мене што некоја друга бело ќе носи за тебе.. ме боли тоа што душава нема да си ја насмеам.
Единствен мој! Со среќа нека ни е!!! Чудно но вистинито , си дочекавме месец Толку карања , расправања , смирувања , терање инат , сепак го дочекавме и овој ден Сакам засекогаш да останам со тебе. Иако никогаш не попуштам , многу те сакам. Фала што постоиш!!!
Каде и да тргнам низ светов, сѐ ќе биде полесно ако тебе те држам за рака. Далеку од домот, твојата прегратка ќе ми биде дом. Зашто таму знам дека ќе се чувствувам сигурна и заштитена.
Миличко мое пренајубаво ))) Морам да пазам што пишувам на форумов,не следат НЦИС хаха Фала за убавото ланченце,не очекував такво изненадување! Ми фалиш и те гушкам најсилно! )))))) Мва
Ах...те сонував знаеш ли...? Иако веќе не знам ни дали дремев или спиев...знаеш ли...? Веќе заборавив мирен сон што е.... Само знам те сонував... тука беше...те чувствував! И стрелките на часовникот во тој миг се бакнаа... Полноќ проклет беше знам... А јас само те чувствував... . Дишењето ти го слушав... чиниш најгласна симфонија на срцево е... И те погледнав тука... насмеан и весел... Во очите ти го видов целиот копнеж... Во зениците твои си ја видов болката која тлее во срцево... И пред тие зеници јас по којзнае кој пат за љубов почнав да коленичам... Го тргнав оклопот на сила жена, па пред нив паднав како ранета срна... Па ти се приближив, да го впијам тој пелин од усните твои... Те бакнав со целиот вресок на срцево, вресокот на болниве гради... Со вресокот кој окови кине...само за да си мој...само за да сум твоја... И уште повеќе те чувствував... Те пиев со бакнежи...за стогодишна жед по тебе да изгаснам... Те милував со носот по вратот...само за да се осигурам дека си ти...дека си тука... И уште повеќе те чувствував... Ти го чувствував мирисот во косава... Ги чувствував тие нежни прсти по рбетов... и здивот твој на вратов... Ти дозволив да ме гледаш...ваква кожа и коски... Ваква вреќа без душа - во што се претворив без тебе... И ти дозволив да дознаеш дека телово по тебе ми се обликува... И се предавав молкум... Онака како што можам само тебе да ти се предадам... без срам, без каење... И срцево ми биеше од страст...чиниш небото ќе го слушне... Вриштеше посилно од сите татнежи, од сите забрани... И само повеќе те чувствував... Па те милував по градите... душава ти ја оставав тука на срцето... Со солзи кожата ти ја миев знаеш ли...? Заби ти оставав на стомакот....на препоните... За барем миг да знаеш како ме болат, како ми се грчат по тебе.... И уште повеќе те чувствував... Душава молкум ми дишеше врз тебе... Додека за љубов ти шепотев...за оваа во градиве... За оваа што повеќе во животот не се доживува... Додека те молев да продреш во мене... До срцево... каде си се скрил како животен аманет... И уште повеќе те чувствував... И додека со нокти по грбот твој судбината си ја испишував... Ја чувствував тежината на телото твое...топлината во препоните...страста во дланкиве... Се посилно продираше во мене...додека се молев да трае вечно... Семето твое како стогодишен чинар во мене да го посееш...па да останеш тука за навек... Да ме потсетуваш дека оваа љубов е поголема од животот... Дека од неа душава веќе никогаш мирно нема да спие... А те сонував знаеш ли...? Те чувствував за миг...
Се лажам дека ми е сеедно што те немам покрај себе велејќи си ако не му недостасуваш ти нему и твоите смешни пораки кои му ги праќаше за добро утро и приказни што му ги кажуваше кои го засмејуваа зошто тој да ти недостига тебе со неговите лаги но ова и не ми е баш некаква утеха затоа што упорно зјапам во подарокот кој ти го спремив и неможам да ги сопрам солзите затоа што не стигнав да те изненадам и израдувам, затоа што не стигнав да те прегрнам и да те бакнам пред да биде касно и да дојде крајот. Ме гледаш дека се смеам и можеби мислиш таа продолжила понатаму без мене, сеедно и е но не е болката е огромна затоа што бројам уште еден личен неуспех и затоа што не можам да се сокријам покрај тебе во твојата прегратка каде се чувствував за миг спокојна и среќна.
мил мој во право беше... а најмногу што мразам е ти да си во право.. нејкам да го изустам ова на никого дури ни на сама себе нејкев ни на фоумов да пишам,ама негде морам иначе срцево ке ми пукне.ми фалиш бе пишувам и плачам ееејј до тој степен дојдов ја таа што викаше дека солза нема да пушти дека е јака абее скапан ни еден многу болии болии до немај каде..незнам како да се носам со ова незнам што да правам .се ми се здосади се ми е гадно без тебе ми фали твојот допир ми фали твоетп гушкање ми фали твоето се...а невредиш за волку да ме болии знам дека заслжувам мн подабар од тебе ама тебе те сакам ти си мој и секогаш ке бидеш мој.се трудам мислам на лошите работи гледам сега што правиш за да заборавам побрзо ама неможам.знаеш годините си летаат а ја неможам да замислам друг покрај мене да е како што ми беше ти.. јас бело сакам да облечам само за тебе,моето дете го гледам само со тебе,сакам ти да бидеш покрај мене кога ке ми расне мешето знаеш како оние денови кога мислевме дека сум бремена?кога ме галеше кога ме ранеше со се и свашта кога ме чуваше како бебе,кога ме имитираше каква ке бидам хаха..сето тоа што си го замислувавме го сакам само со тебе... знаеш мислев ако имам некој кој ке ме цени повеке од тебе дека ке те заборавам и дека ке сум најсрекна ама еве имам се што сакам почит до небо лјубов исто друштво се се имам се ама кога ке ми се спомне брак деца неможам одма ми се гади се одма солзи на очите омраза гнев страв уффф како ке продолжам воопшто несакам понатака неможам овој механички живот да го живеам со глуменје...а назад за нас нема ни нема никогаш повеке... ама да знаеш во право беше ете уште една твоја победа уште еднаш ме сруши...ТЕ САКАМ И КЕ ТЕ САКАМ ДУРИ СУМ ЖИВА
Доаѓа само коњот,а не принцот.Те молам лечи си ја склерозата и следен пат принц на бел коњ да видам...
те сакам те сакам те сакам и милион пати те сакам... душава ми се полни коа ке ки ти кажам те сакам макар на слика... лјубов камо да знаеш колку проклето ми фалиш камо да имав некој твој близок што збори со мене па да ти пренесеше колку ми фалиш колку неможам да живеам без тебе.. сакам барем уште еднаш да те видам да ти кажам се што ми лежи на душа уште само една нок да ти бидам во прегратка да ти се изнаплачам и после да те пуштам да одиш ама да одиш знаејки ја вистина ..
Те сакам вчера те сонував ја осетив таа возбуда да ме држиш за рака...се надевам дека сонот ке ми се исполни
Секој почеток е тежок,но најтежок онај кога ќе се разделиш од некого и кога знајш каков пеколен период те очекува ме боли секој сантиметар од срцето кога ќе помислам на нас,на нашите дружења во ова време на нашите разговори како да не помислам на нашите патувања, одмори ,доживувања на нашите игри како мали деца бевме,како толку години да ги избришам ?за моите болки нема да пишувам оваа вечер се потсетив само на убавите работи кои се мои моменти на слабост,исто како и оваја порака во овај форум,но мојата слабост останува тука во овај момент...Тие спомени ќе останат во мене,ти одамна ги прегази и заборави ги избриша,исто како јас тебе од мојот живот...