Форумџика на годината

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.915
    Допаѓања:
    36.156
    Пол:
    Женски
    Не се прави гада, да не ти опнам шамар од 300 комада.
     
    На crazylady и Bokchee им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.397
    Допаѓања:
    92.753
    Пол:
    Женски
    Сакам да си ми тука,до мене.
    Легната на твоето рамо, да те држам за рака и да планираме.... да сонуваме со отворени очи,да се надоврзуваме во секој нареден збор,да ми ја допираш косата и да ми го галиш лицето.
    Како минува времето секојден сум се посигурна и посреќна за нас,за себе,за тебе,за мојата животна одлука,љубов си ми и најголема среќа :l:
     
    На AnaKarenina, Mrs.Cuper, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Баш си ми смешен,кога знаеш да ме разбудиш на сред сон и да ме прашаш "ќе се омажиш ли за мене" ?
    Мислејќи дека сум толку сонлива,па нема да памтам следниот ден хаха.
    Е се памтам да знаеш !
    Ми фалиш вака во ноќите,иако те имам,иако ме имаш.
     
    На Luciano, male, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    14.463
    Пол:
    Женски
    Го погледна и беше така јака...

    Јака и насмеана... како секогаш...

    Како секогаш кога тој беше тука...

    А всушност тој ја научи да распукува на илјада делови, како најнежно стакло...

    Да и распукува душата, но да не прави бука... не тука, не пред него...

    А да и ја погледнеше душата, онаа малата сокриена во очите ќе ги видеше остатоците...

    Ќе видеше илјадата стаклени парчиња... илјадата болки разлеани на сите страни...

    На едно го сокрила неговиот поглед таа душа мала...

    На друго окото негово го скрила...

    На трето мирисот негов...

    Четвртото пак вжештило од украдениот здив на страсните бакнежи...

    На петтото пеперутките кои душата ја беснеат штом го видат, замрзнале...

    На најмалото незабележливо трепките негови се скриле...

    И секое стакленце чиниш душа е, душа со негов траг...

    Душа измачена низ ноќите непреспани..низ деновите бескрајни...

    Душа која миговите со него ги собирала... која желбите за него ги сокривала...

    На некое стаклеце чекорот негов со кој ита што подалеку од неа, траг врежал,

    криејќи го зад себе она што од нивното гласно смеење се обоило.....

    На следното отисок од кожата негова останал...

    На друго пак соновите недосонувани застанале...

    На напукнатото - болните воздишки по него се сокриле...

    На замагленото – страстите забранети се втиснале...

    На црното парче пак недовербата негова како жиг гордо блеска...

    На шилестото парче ножот со кој и ја распаруваше утробата светка...

    оној истиот со кој ја тераше да не го сака веќе...да не го крие во себе...

    Додека на најголемото, на она црвеното и крвавото, на она топлото парче стакло... срцето...

    ете тука срцето скршено се скрило...

    И секое парче и ја параше кожата...

    Ја повредуваше...искушувајќи ја да пушти крик...да пушти солза...

    Како да знаеја дека само тој можеше и да ги допре...зошто само тој не би се исекол на нив...

    Зошто и тие знаат колку таа душа го сокрила во себе...

    Колку таа душа не би го повредила никогаш...

    зошто тој е душата за која живеела таа душа...кого бескрајно љубела таа душа...
     
    На Fridas и polix им се допаѓа ова.
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Конечнооо. Само уште еден ден и ќе заспијам и ќе се будам во твојата прегратка.
    Ах колку само те сакам :inlove:
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.574
    Допаѓања:
    55.557
    Пол:
    Женски
    Ајде врати се од Швајцарија , да се сретнеме онака тивко и случајно како и обично , за да си завртиме од ново грб еден на друг ... само немој да биде тоа овој пат поинаку, немој да си се осмелил да се вратиш со некоја Швајцарка , никогаш нема да ти простам .8) и знаеш што , пред неколку дена поминав од кај тебе пред дуќанот , те немаше потајно посакав да те видам , се осигурав дека уште не си вратен, а и да се вратиш што ми е гајле ионака нема смисла ништо меѓу нас :D
     
  7. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.770
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека пред точно една година на истиов ден,во истово време се заврши. Како можеше само за момент да ни се урне целиот живот,тоа што го градевме,тоа што го планиравме. Ми недостасуваш премногу,иако постојано те носам во моето срце и моите мисли. Ја чувам нашата принцеза и се обидувам да и ја ублажам болката. За се што помина недостасуваше твоето присуство и за се што доаѓа ќе ни недостасуваш :l::l::l:
     
    На Bozica1980, H.VAGA, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Некогаш тоа „пушти ме!" во превод значи „гушни ме".
     
    На anichka94, Mishela, fatamorgana123 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Толку долг период поминат, а нашите суштини поврзани цело време, до бол ... :l:
    Ах, бе ах, ќе биде ли годинава конечно она што го планиравме, планираме??
    Универзуме, те молам ... ! :doh:
     
  10. black-angel

    black-angel Domina Umbrae Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    4.692
    Пол:
    Женски
    me wants to cee u and cuddle with u .... me misses u a lot !
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се поврзавме што се поврзавме
    се слушаме се читкаме на нет
    но што ти текнало да ја смениш сликата на нет
    убаво си беше две срциња
    изгледа дека ке си останеме другари? времето ке покаже
    и да ти кажам жал ми е што ја одбив понудата за кафе од непознат дечко:lol::!:
     
  12. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Сфаќам полека... Дека чекам нешто кое никогаш нема да се случи,веројатно никогаш не ни помислуваш на мене па дури и кога помислуваш не се поместува нешто во твоите чувства и ти е сосема сеедно. И не можам да ти кажам како се осеќам и колку ми е тешко затоа што ниеднаш не ми се извини што ме повредуваш и што ме правиш од ништо подоле со твојата тишина а јас сто пати ти се извинив затоа што бев повредена... Нема смисла.
     
    На Hipica и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  13. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    14.463
    Пол:
    Женски
    Чувствував...знаев дека одам на погреб на ѕверот, штом повторно стапнам во тој град...

    Знаев дека првиот чекор таму ќе е смрт за него...

    Смрт предизвикана од твојот отров...

    Па се облеков, достоинствено...во црно...носејќи ја целата своја темнина...

    Во црно, зошто само тоа молкум може да ја истакне

    оваа бела кожа, оваа болка, овие испиени крвави очи....

    И зачекорив... следена само од овој „Давид“...

    Немо чекорев по истата улица...

    Но овој пат не итав кон тебе...

    Па срцево ми крвавеше... очите се повеќе натекуваа...

    а душава...ете неа ја снемуваше со секој чекор...

    Но продолжив...чекорев како најцрната вдовица...

    Носејќи го достоинствено својот жал... жалот по љубовта...

    по онаа на моите три животи... онаа на која тука молкум и се предавав...

    Онаа која ми го нахрани телово како ниедна претходно...

    Онаа која ми го разбуди разумот , поради која станував од ден во ден подобра...

    Онаа која ми го брануваше срцево...носејќи го од болка до радост во еден миг...

    Онаа која ја собра мојата надеж, радост, љубов и топлина...

    Онаа која толку чиста и искрена можеше да биде времето на моето време... да трае едно столетие...

    И чекорев со целиот тој жал...но не по истата улица по која чекорев итајќи кон тебе...

    чекорев по душата своја... по спомените...

    по калдрмата љубовна која сум ја беше послала по кожава за тебе...

    чекорев и вдишував длабоко...борејќи се за секој следен здив...

    Чиниш со раце копам гроб за тој ѕвер...тука каде што целосно му се предадов...

    Чиниш ноктиве ги заривам во мократа почва..крвавејќи...како што ги заривав во неговиот грб...

    Чиниш коленичам во бариве од солзи, како што коленичев пред него...

    Чиниш желудникот ми се превртува од молитвите „нека не умира, нека продолжи да живее..“

    А не слушнав ни еден туѓ крик, ни глас,ни шум ...само болното дишење свое го слушав...

    И за миг мислам само „Давид“ ја разбираше мојава болка...

    па вееше и врнеше... криејќи ги солзиве и криковите...додека го постилав телото на ѕверот...

    Ги бришеше крвавите рани на телово...

    на оној кој владееше безмилосно со мене...со моите три животи...

    сите трагите кои ги оставил..парфемите...воздишките...

    Го послав тука неговиот леш додека со кафе во рака само немо го гледав...

    Кафе црно како него, како душава, како облекава...

    Кое го пиев додека гледав во непознати лица...во неважни улици...

    додека се уверував дека веќе не се раѓа таков ѕвер...

    Па сокриена во таа своја црнина...

    во најинтимната болка своја...

    сакав за миг усните да ги прегризам, ко секогаш кога си пред мене...

    но не можев, не смеев...

    зошто така ќе се потсетев дека веќе заборавиле како се бакнува ѕверот...

    па ќе болеше повеќе... ќе болеше подлабоко...

    Па во таа црнина наместо рој тажни зборови, рој крикови,

    само бело марамче за збогум на лешот ѕверски спуштив...

    чиниш прошка му давам што не ме сакаше...

    што сите сурови зборови ко безмилосни сабји само за мене ги чуваше...

    И од инат прошепотив: „Ете се предавам, и ова се заврши“...

    чиниш ме слуша...чиниш го боли...
     
    Последна измена: 31 јануари 2015
  14. TheAngel

    TheAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Го обожавам твојот мирис. Се сакам себеси кога мирисам на тебе.
    Те сакам! :l:
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.247
    Пол:
    Женски
    Песнава кога ја слушнав на тебе ме потсети.
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.397
    Допаѓања:
    92.753
    Пол:
    Женски
    Секогаш да сме вака како што сме сега :inlove:
    ... здравје и среќа само посакувам да не служи а за друго знам дека заедно двајцата ќе успееме да оствариме се што посакуваме!
    Нека ни е среќна годишнината љубов и да ни се множат годините поминати заедно :*
    [​IMG]
     
    На ozbilnazena, Umbrella22, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  17. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Биди среќна без мене вештерко... Земи си ја метлата и одлетај на некое подобро место каде што никој нема да те заебе како што ти ме заеба мене... Само сети се,кога одлучуваш да си одиш пристојно е барем да кажеш збогум. Немаше да ти направи никаква разлика и немаше да ти падне чинот ако барем ми кажеше зошто ми направи вака,ама ти одлучи да ми се посереш во психата со тишина. Ти одлучи да ме ставиш на последно место,да ме натераш да се помирам и тоа да ми е доволно,па после и од таму ме избриша. Браво браво... Се надевам дека ќе бидеш среќна. Дека ова што ме направи подоле од гомно барем ќе вреди за нешто и ќе ти биде ептен убаво без мене. Farewell.
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.924
    Пол:
    Женски
    Сакам почесто да добивам масажи :$ преубаво масираш, сериозно..:angel:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Ептен ме копка да знам зошто не си расположен.
    Ама ок не инсистирам.Се надевам ќе ти помине до вечер.
     
  20. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Секогаш да си тука, да го чувствувам твојот мирис, а ти да ја галиш мојата коса.
    :inlove:
     
    На Lela123 му/ѝ се допаѓа ова.