Подобро кажи си дека не сакаш да дојдиш со мене а не да ми се вадиш тука незнам , вака, така... Јас те понудив убаво ама ете ти си најде 1000 изговори за да одбиеш и тоа е тоа. А можеше да ни биде совршено, далеку од сите, непознато место, сами..уфф
Ајде дојди, дојди да дишеме заедно, кога јас издишувам - ти вдиши... Ајде дојди, подај ми рака и да танцуваме заедно, одамна го чекав овој танц, немој да ми ја одземаш таа среќа... Ти пеј и свири и остави мојот вртоглав танц да трае… се додека не паднам... и тогаш… да се смееме заедно... Затоа ме натера да дојдам овде, затоа останав и знам дека не треба да заминам… Заштити ме од суета, држи ме цврсто и танцувај со мене… Сега и за навек...
Те сакааам најмил моој те сакам повеке од се на светов душава конечно ми е полна.те имам покрај мене и несакам ни секунда повеке да бидеме разделени.прости и на оваа букова глава на оваа девојка што од љубов и гнев незнае што праи што незнаеше да прости на време и што ради тоа изгуби мн голема шанса и преубав период.прости ми и знај дека те сакам премногуу
Знаеш дека комплетно си одговараме кога ќе видиш дека додека грицкаме заедно, ти ги јадеш само переците, а јас само рипчињата
Сакам да да легнеш на моите гради и да ме гушнеш цврсто. Да те чујам како воздивнуваш. И сиот тој умор кој лежи во тебе,да премине во мене. За да ја чујам повторно твојата смеа. За да те видам повторно среќен. Те љубам. И се чувствувам ужасно кога го слушам твојот глас како трепери од умор.
Нож. Нож да земеш и да ме расечеш. еве овде, овде на средина на градиве. Овде од левата страна. Нож, нож да земеш да ме расечеш. Срцево да го раскинеш. Да не ме боли веќе. Да не ме боли толку многу веќе. Те молам, еве низ крвавиве солзи те молам, расечи го, да не ме боли веќе... да се разбудам мирна, да заспијам мирна, ранава на усниве да ми зарасне, ранава на душава да ја прекријам. Откини го, па фрли го ете таму, каде соништата ни подзаспале, спомените прашина насобрале, желбите се затскриле, ете таму, во една кошница и јас, ги собрав парчињата од љубовта наша неиспеана, тагава во очиве неисплакана, болкава во мене неиспишана. ете таму, во кошницата, таму фрли го веќе да не те спомнува, повеќе да не те сеќава. Таму фрли го, мене да не ме боли, повеќе да не ме боли.
Чекај малку... се врати веќе ?! ти ја возеше колата или брат ти се возам јас во такси онака замислена , со глава потпрена до прозорец и одеднаж излегува пред мене металик КИА 855 додека да се свестам што видов, замина пак само кажи , дали овојпат ќе останеш , дали ќе те видам онака случајно ? дали ќе ме изненадиш случајно со придружничка донесена од таму ? НЕМОЈ подобро
Дозволи ми да бидам себеси зошто не знам да бидам ниедна друга. Зошто секој сака да ме претвори во нешто за кое сонува ? Зарем единствено сум доволно добра да бидам нечија креација ? Можеш ли да ме сакаш во целост ? Ако не ти, и не мораш, секогаш има некој друг. Но дали јас ќе можам да сакам после тебе ? Сите "поправки" креации на болните умови на мажите со кои бев ме направија ништо повеќе од бескорисна кукла. Полошо никогаш не ми било репер,секогаш се трудев да бидам подобра. Да можеше да разбереш дека најтешката борба која човек може да ја води е со самиот себеси ќе ја одобреше мојата безволност и ќе ме охрабреше наместо да ме докрајчиш/. Ако постоеше примерок за лоша бесчуствителност и сурова вистина ти ќе беше тоа. Никогаш нема да бидам будалестата тинејџерка како во годините. Никогаш нема да избледат стриите, да изчезне лузната. Никогаш нема да бидам бела како неа. Нема косата да ми порасне преку ноќ. Ниту пак ќе ослабам толку брзо. Жими снегот лански некогаш јас ќе имам 20 килограми под идеалот, ама ајде да се тешиме... Ниту ќе бидам она што го посакуваш, она што сакаш да го видиш. Она што сакаш да го сокриеш. Ниту ќе будам женската од еротскиот филм која вроди со плод моногамна врска која ја имаш со себе. Ниту пак ти си многу арен, ама мене ми си и повеќе од доволен ваков никаков. И затоа сакај ме ако можеш, ако не не мораш. Не се терај себеси од очај да го видиш она што го нема. Престани да ме потсетуваш, знам, патам гледаш. Престани.
Ljubov moja! Najubavo me iznenadi denes. Presrekjna me napravi. Tesko mozam da ja opisam radosta sto ja nosis vo srcevo. Te sakam najmnogu!
Конечно сфативме и двајцата, не згрешив јас, не згреши ти, згрешивме ние, заедно. Но џабе е, сега е касно, ништо нема да го врати времето назад, нити да ги избрише тагата и болката. Знаеш што, само запамти го овој ден, можеби еден ден минатото ќе се повтори, но нашите грешки не.