Го најдов рецептот кога сакам непрекинато само да ме гушкаш и бацуваш. Едноставно било.....треба само да бидам лута
Непреболена... огромна грутка на срцево имам. Дури и кога сакам да пишам нешто, да ми олесни се спречувам... Ни самата не знам што би можела да кажам,како би можела да го доловам бедот во кој се ставив сакајќи толку силно. Се обидов да одам со други,да не мислам на тебе,да најдам ново хоби,му дадов време на времето... И курац. Ништо. Пак те сакам... Можеби неразјаснетиот крај на се направи да имам дилеми. Можеби тоа што ме остави без никаков збор и објаснување напррави да се осеќам волку непотполно без тебе. Знаеш... можеше да ме оставиш. Само требаше да кажеш бар збор-два. Сакам да те сфатам. Да сум свесна зошто ќе патам. Бар страдањето да ми е за твојата среќа... Но јас знам дека ти не си среќна и баш тоа е тоа кое не ми дава мир. Можеби веќе си,но знам дека не си таква. Јас ја засакав личноста која ја запознав пред година ипол,која беше сигурна во своите чувства и не се ни плашеше а нити се срамеше да ги искаже. Не се вадеше на прости објаснувања дека си зафатена,дека тоа меѓу нас не е нормално,дека ме сакаш а не знаеш да покажеш... Милион пати се навраќам година уназад,што би било кога би било.... Секојдневно плачам цела година... Само ти ми требаш. Само за тебе сум осеќала нешто во животот. Без тебе сум ладна и безчувствителна.
Се прашувам колку често помислуваш на мене? Се прашувам колку ти значам? И дали воопшто ти значам? Се прашувам толку ли ништо не заслужив? Дали некогаш ти недостасувам? Дали ќе ти биди сеедно ко ќе заминам? Дали тогаш навистина ќе сфатиш што се правев за тебе? .......
И не ти кажав...знам веќе знам се! Знам дека стиховите мои ги читаш, молкум, за да провериш колку прстиве да крвават на хартија можат нели? Знам дека во утробава ми копаше со голи раце само да видиш колку можам да издржам нели? Знам дека со трпението мое се коцкаше, како со смешен влог, за да видиш колку можам да издржам нели? Знам дека кажуваше се што мислиш дека треба, за да видиш колку можам да издржам пред да оглувам нели? Знам дека како роб без право на глас пред непоколеблив правилник ме постави, за да видиш колку можам да издржам нели? Знам дека со камења ме гаѓаше додека нежности од тебе просев, за да видиш колку на колена така можам да издржам нели? Знам дека рацеве празни ги оставаше за да видиш колку можам да издржам пуштајќи ги пред тебе како просјак нели? Знам дека усниве суви ги оставаше, да провериш колку време за животна љубов ќе говорат нели? Знам дека солзи посејуваше во очиве, да провериш колку сликата твоја во себе љубоморно ќе ја носат нели? Знам дека патеките по кои солзите од нив одеа, ти со коприва од изговори ги посејуваше, за да видиш колку болка можам да издржам нели? Знам дека срцето мое во џеб го носеше, како излижан преврзок за клучеви додека за важноста на некое друго ми зборуваше нели? Знам дека сакаше со проклето недостигање се во мене за час да пеплосаш, да не ти пркоси, да не ти смета, за да видиш така пеплосана колку можам да живеам нели? Е па можам...не ти кажав дека можам многу!!! Не ти кажав дека камен е ова тело кое никогаш искрено не го помилувал, дека во себе болките знае да ги скрие, додека го дробат,ситнат и пеплосуваат... И тоа тело со мраз во крвта не сака да живее веќе... И срцево во него што се скрило чудесна храброст во себе има... И се уште љубовта како лек не ја дозира... И се уште целосно се дава... И очиве полни со соништа за утре блескаат знај... И нозеве отскокнуваат секој ден, подготвени да поместуваат планини за саканиот... И прстиве се уште силни се да му ја опишат секоја болка во градиве... И душава уште е чист поток во кој само саканиот може да се измие... И усниве болни да љубат знаат,со здив топол да пренесат се од душава се уште знаат... И утробава уште ми гори за страст, за непроспиени ноќи... И телово расцутува за да му ги украси рацете, да му ја стопли постелата... И се уште сум горда на себе знај...на проклетството на својата искреност, која животот не ја испоганил за миг... И се уште храбро на секоја смрт во очите и гледам знај... Само пред оваа твојата, оваа твојата во градиве попуштам... секако веќе те однесе, ко да не си бил тука никогаш...
Колкава е таа љубов...што ја имаш во себе? Зашто си чуден понекогаш и зашто така ме гледаш..? Ти фалам?Ме мислиш?Ќе се средли ли ке биде ли се во ред?
Ако го преживеам утрешниот ден без покачување и поминување на критичната точка на мојата нервоза верувај дека ќе ми падне целиот товар за кој се замарам толку време. Чао
Епа ќе ти се јавам бе...чисто да ти покажам дека можеме да останеме цивилизирани луѓе после се ... и да ти покажам дека не држам лутина во себе и дека ми помина се ...
Fala sho sekogash si do menee ,koga mi e najlosho ti me pravish da se cuvstvuvam najubavo <3 te sakam bebush moe <3
Мило немој да плачеш... знам дека ти е тешко, исто и мене ми е.Кога си ти тажен јас тродупло сум потажнаТЕ САКАМ МНОГУУ..
Не можам повеќе да издржам понекогаш мислам дека ќе експлодирам,зарем никогаш веќе нема да се доближам до тебе..да те прегрнам да те допрам..зарем покрај друг ќе сонувам за тебе?.. Зошто не ме сопре кога заминав?.. Зошто не тргна по мене?.. со едно ТЕ САКАМ ќе ти опростев се ..зошто не се обиде?..
И еден ден ќе сретнеш еден лик... Еден меѓу илјадниците.... И ќе мислиш дека е посебен, дека е дел од тебе... И едни зелени очи ќе заблескаат поинаку од сите други... Па ќе ти станат светлина на душата... Па ќе почнеш да ги бараш насекаде... Па ќе ги чекаш...колнејќи го секој изминат миг... Па љубовта ќе добие зелена боја.. И ќе станат најприсутни, кога ќе убиваат со своето отсуство... Дури и кога ги нема... ќе ги слушаш во мислите, во ехото на срцето, во душата... Ќе разговараш со нив..ќе молчиш за нив... Ќе вдишуваш силно по нив... колку што е силна болката во градите по нив... И ќе се прекроиш за нив... И животот ќе го прекроиш по мерката на на тие погледи... И ќе им се дадеш...со силен стисок, со жеден бакнеж, небаре под кожата ќе им влезеш... И пак ќе им дадеш кожата да ти ја соблечат, да ја видат секоја твоја слабост скриена под неа... И пак ќе им дадеш да те освојуваат молкум... Да ти одговараат и без да прашаш ништо... Да ги чекаш како никој... Да те управуваат како никој... Да се пеплосуваш сам од себе како за никој... Да ги гледаш како ампутиран дел од себе... Да го споредуваш нивното заминување со болна душевна смрт... И своите очи секој миг ќе ги посејуваш со рој солзи само заради нив... И се само затоа што тие очи се посебни...вредни...неповторливи... Но ќе престанат да трепкаат тие зелени очи... И ликот свој веќе нема да го гледаш во нив... И усните ќе исушат... И зборовите ќе замрат... И допирите ќе бледнеат... И страста ќе испарува... И срцето ќе престане да подскокнува... И пеперутките ќе го сопрат својот утробен лет... И молкот ќе е подлабок... И ѕверовите ќе умираат... И ќе те убедат тие очи дека биле како сите други... Немале блесок... немале сјај во себе... И ќе се затворат како лоша книга... Ете така за миг... Без филозофии... без непотребни зборови... Меѓу две трепкања... меѓу две будења од соновите кои за нив се сониле..меѓу две солзи кои за нив капнале...
Не се потресувај толку многу за факултетските глупости, не биди јас. Еве, ако некогаш почувствуваш дека ти е преку глава и дека ти е доста од белите мантили, јас на драга волја го прифаќам предлогот да си правиме кавери на песни во дует на некое лабаво место.
Нема да ти кажам дека те сакам, или дека ми недостасуваш. Ниту дека те мислам, или дека ми требаш.. Ме сруши денес, знаеш. Ме удри таму каде што најмногу ме заболе. Твоите зборови удрија длабоко во срцево, и непрестано со часови ми одѕвонуваат во ушиве. Рамнодушна сум. Сакам да ти кажам многу работи, ама едноставно немам сила. Сакам да изустам се, да викнам на цел глас, да ти ги истегнам ушите за да слушнеш. Ама ете, ни за тоа немам сила. Јас молкум кажувам се. Слушај ја тишината.