Прости ми .. прости си... Прости ми љубов, што те љубов повеќе од воздухот што го дишам. Прости ми што те сонував и со двете очи мои отворени. Прости ми што во рацеве цел свет го прегрнав, да ти го подарам. Прости ми што истите тие раце ги ширев да те пречекам, кога животот те измачуваше. Прости ми што те љубев. Прости ми што сеуште те љубам, малку повеќе од воздухот, што и не сакам да го вдишувам. Прости ми што само кога очиве ми се насмевнуваат само кога ќе те видат. Прости ми што уште си ми ти радост, среќа, љубов. Прости ми љубов, што се кријам кога ја љубиш, што го милувам да те преболам. Прости ми што не знам да те преболам. Што не знам да те заборавам, да те неќам. Прости ми што низ толпата луѓе те гледам... кога ме гледаш, кога ти зборувам без зборови. И што уште знам по еден дел од денот да те тагувам. Прости ми што душава си ја оставив таму, на тој ден кога ми замина. Прости ми љубов, што, ете, уште не научив да те немам, што уште не научив да ме немаш. Прости ми, па прости си, што љубовта си ја убивме, душата си ја здробивме, животот на пола расековме. Ете прости си.. па прости ми мене, зошто јас самата не можам.
Со што заслужив покрај себе да имам таков прекрасен човек?! Со што ја заслужив љубовта која безусловно ми ја даваш? Со што заслужив вака да ме чуваш, мазиш и пазиш? Единствена за тебе, сакана и сигурна со тебе. Благодарам што постоиш. Те Сакам мило мое...
добро бе дечко(не си веке дечко 35 години имаш) маж си што магија треба да направам за да те привлечам накај себе ? фраер си, даса си ама колку дечки и да се врткаат џабе ми е сакам да те запознаам и да ме засакаш како што вели една песна не могу више ке полудим-нешто така не што ке полудам, на психијатрија ке завршам-а и од друг град си плус
Знаеш , денес додека седев и зборував со другарките , онака расеано малку си вртев со клучот од дома во раката , и на масата несвесно твоето име го напишав, што ми направи еј...замини си веќе еднаш од моите мисли те ...мразам
Кога доаѓаш некако поубава си сум самата на себе кога ќе се погледнам во огледало. Косата - бујна и мека, спремна за твоите прсти низ моите кадрици... Кожата... И таа како поинаку да ми мириса, мириса на среќа и надеж, зошто ти се радува... А ти ми велиш ми мирисаш на живот! Очите... Ми светнале и сјаат, како канделабри во најтемна ноќ - да ти го осветлуваат патот кога доаѓаш и си одиш. Оди... Но, секогаш враќај се! Зошто грда на себе ќе си бидам - без тебе! Косата ќе ми падне... Кожата ќе ми овене, ќе се збрчка... Очите ќе ми згаснат... Ќе изчезне мекоста, мирисот, сјајот и светлината... Ќе исчезне животот...
Заврши играта.....заврши се, доста ми е од твојте вистини, невистини и манипулации. Готово, кога изчезнува љубовта повеќе не е ништо важно. Не ме интерисираат ни одговорите на прашањата кои сакав отсекогаш да ги знам, не ме интересира ништо, ама баш ништо, зашто сега ми е сеедно. А ти си заслужен за тоа, ако не за друго ти благодарам што со твоите постапки направи самиот да ми станеш одбивен, повеќе не те љубам, повеќе не мислам на тебе пред да заспијам, ниту пак станувам со твојата помисла, а тоа е добар знак. Знам дека сеуште мислеш дека сум немоќна без тебе, ама сега кога најмалку очекуваш ќе ја запознаеш мојата сурова страна која нема повеќе милост за тебе. И за крај, ти опростувам се, барем се обидувам, не поради тоа што заслужуваш ти, туку поради тоа што јас заслужувам да живеам во мир без омраза, така ќе ми е полесно да продолжам. Фала ти за се, и за убавите и за лошите моменти, ме научи на важна лекција и ми помогна да не те сакам повеќе, а ти само изгуби личност која те сакаше и која секогаш ќе те подржуваше во се.....
Како вчера да беше кога излегов со тебе,онака на заебанција од чиста досада. Очекувајќи само уште еден пропаднат состанок. После таа вечер,цела ноќ не можев да си ги средам впечатоците. Не можев да ги смирам пеперутките. Мислев дека ќе биде само една ноќ.Но еве се сторија 365 ноќи со тебе. Да се множат
Не, не можам да те прашам. Го знам и сама одговорот, а не би поднела да го слушнам тоа од тебе. Но, дали е подобро да се живее во заблуда ??
Дефинитивно ми си мноооогу слаба точка. И покрај се - знам да ти простам колку и да ме повредуваш понекогаш. Те молам цени го тоа, задржи ме додека можеш. Секогаш ќе те сакам
Што си ти? Кој си ти? Љубов ли си или нешто друго? Не, не....беше љубов, многу одамна. Ама пак те има, присутен си насекаде. Во моите мисли, највеќе. Си легнувам мислејќи на тебе. Не те сонувам, не ни сакам, ама пред да заспијам, ми луташ низ мисливе. Престани. Оди си од мисливе. Ти не си тој што го замислувам секоја вечер. Ти не си таков каков што те замислувам.Поминаа 2 и пол како те немам видено...Слушнав дека не си баш среќен. Слушнав дека животот не ти оди кон подобро...Можеби се само муабети, којзнае...Многу сум збунета.Често мислам на тебе...Знам дека ти воопшто не мислиш. Одамна престанав да се надевам за нас. Дека ќе се јавиш, или пишеш. Веќе не се ни надевам дека воопшто си помислил на мене во овие 2 и пол години. Се сеќавам како пред далечни две лета пишував за тебе во оваа тема. И баш си реков, в година ова време нема ни да те спомнувам и памтам. Ама, не се смени...Еве, пак пишувам. Очајно пишувам. Ни сама не знам зошто. Морам да ги средам мисливе. Мислам дека не го заслужуваш ова мое внимание, но посилно е од мене...Оди си, те молам. Ако некогаш се сретнеме и размениме два-три збора, ке бидам среќна. Ама, засега, оди си. Ако ни е судено пак да се сретнеме и да те видам, ќе биде...Се препуштам на судбината... А на тебе...на тебе ќе се сеќавам онаков каков што беше тогаш...Прекрасен, најмил, најубав, најнежен, најнеодолив, со најубав мирис, најмека кожа, најубава коса, најубава насмевка, незаборавни сини очи...Едни и единствени. Еден и единствен. Моја опсесија, моја тајна, моја болка, мој непребол.
Tи благодарам што ме научи да не верувам повеќе во никого и во ништо...и што ми го уништи животот и што ми го скрши срцето !..