Јас и ти на истата маса, истото кафе, со други муабети. Иста маса, исто место... Евергрин. Ретко се случува првото нешто што ми паѓа на памет кога ќе помислам на некој маж да не е како изгледа без облека и какво чувство ќе ми предизвика ако ме зграпчи со рацете за половина. Дозволи ми да те запознаам. Ретко изразувам желба за такво нешто, исполни ми ја
Ме нервира тоа што не знаеш да застанеш и да ги одбраниш твоите ставови. Ме нервира и тоа што не сакаш да учиш и работиш и мислиш дека утре лебот мајка ти ќе ти го купува... Многу ме нервира. Некогаш се мислам дали си ти вистинскиот за мене. Јас сакам да си одам од тука, тебе ти е сеедно. Те сакам, ама многу ме нервираш.
Ljubov moja! Srekjata vo zivotov so ti. Pricinata zaradi koja se budam si ti. Samo zaradi tebe disam i ziveam. So tebe sum silna. So tebe sum nepobedliva. Te sakam najmnogu!
Мислев..мислев дека се ќе биде поинаку. Мислев дека секогаш ќе бидеш тука, ќе ми подадеш рака во најтешките мигови, ќе ми ги избришеш солзите, ќе ја земеш мојата болка и ќе ја направиш своја. Ти верував. Проклето многу верував во тебе, во себе, во нас. Сите сништа кои ги градев, успеа да ги срушиш за миг. Ти благодарам. Ти благодарам за шлаканицава. Ме разбуди од сонов. Добредојде во реалноста.
те сакам и несакам ни еден ден веќе без тебе, те сакам повеќе и од порано, дај ми втора шанса, никогаш да не се разделиме, да ги оствариме плановите што ги правевме, да продолжиме таму кај што застанавме...
како можеше на двајца колеги да ми станам ОПСЕСИЈА да бев топ риба ама не сум ни половина од тоа што бев едниот бивши другар а другиот сопартиец-ви пишував за него(нели имаш девојка) бившиов другар го делитнав, другарка му вчера
Ослаби, МНОГУ си дебел!!! Сериозна сум! Сакај ме најмногу како и до сега!!! Не дозволувај чувствата да ми оладат, зар не планиравме живот заедно? И помогни ми да си ги најдам најубавите алишта за престојнава пролет!
Не те познавам веќе...или никогаш вистина не сум те познавала? Не знам... Но како и да е ужасно ми фалиш. Се би дала да сум со тебе, да заспивам и да се будам покрај тебе. Само со тебе се чувствувам...посебно!
Извини што секој пост во оваа тема е со негативна конотација за тебе. Ама јас оваа тема ја разбирам како пцуење и емоционално испразнување меѓу паровите. Па ќе ти речам. Не ти се плашам не ти се бојам,иако моево денешно однесување заслужува пет дена да не ме побараш. Ама верувај дека се е по дифолт на твоето.
Математика мразев..ете секогаш мразев... А таа проклетата чиниш знае, чувствува, па ми се одмаздува... Па ме остава да крвавам додека бројам...додека се губам меѓу бројките... Ме остава проклетата да ги бројам деновите.... Ете така без милост... Ме гледаше додека го бројам секој миг со тебе... Секој сон без тебе... И ме гледа како сега го бројам секој следен ден со него... Секоја борба што престои само за него... И пак проклето ме гледа како бројам... Како ги бројам раниве на телово, и солзиве пролеани, и душава стегната, и килограмите изгубени, и ноќите непроспиени и капките крв... и секоја болка за нив двајца... секоја силна како пелин, покорувачка како меч... ама иста, силна, и само за нив двајца... И пак проклето бројам... Бројам се , се....се за мажите кои најмногу сум ги сакала во животот... Бројам колку утра се туркаат во мисливе, во насмевкиве... Бројам колку пати сум се насмевнала кога сите се смешни пред мене во споредба со нив.. Бројам и крвавам... Бројам колку пати едниот го пронајдов во другиот... Бројам колку пати едниот ме предупредуваше дека ќе дојде другиот... дека ќе открие се што тој мудро сокрил со мене...дека стравот ќе го однесе за миг.... Бројам колку им ги сакав рацете... колку едните ме водеа во животот, а другите ми требаа повеќе од животот... Бројам колку солзи исплакав за тие нивни очи.... што ме бодреа и тиштеа... што ме создадоа и убија во еден миг... Бројам колку рани се отворија кога во една недела едните очи се откажаа од животот, а другите од мојот живот... И крвавам и бројам...го бројам секој миг со него...секое проклето недостигање по тебе... И бројам...молејќи за ново време, за уште денови со него, за денови со тебе.... А знам , се затоа што ја мразев таа математика...се заради неа...