Што сакам да му кажам? уффф многу работи...ама секад останувам нема, си викам боље да молчам и така е минато, и така е отидено све у безтрага , и така има девојка, и така не престанува да ме замара..и така не дозволува да искочи од глава..оф бре М_р_о што не ме оставиш да си го живеам животот мој страдален ( остај го фејсот не туку пишувај , не туку ме барај човеку, имаш прекрасна девојка на која треба животот да и го дадеш)
Многу работи ти кажав, а многу останаа недокажани. Зошто, зошто уништи се што 2 и пол години градевме? Зошто се однесуваш неизживеано, себично и идиотски? Зошто брзо дигна раце од нас, зошто се откажа од нас? Беше сакан, најсакан! Ама сигурно тоа е проблемот. Што те сакав повеќе од тоа што го заслужуваше. Ме вивна во облаци и ми покажа што е љубов, за на крај да ме треснеш на земја и да ме уништиш на милион парчиња. БОЛИ, премногу БОЛИ.
Си играме игри ко мали деца што двајцата сме свесни дека не сме, а сепак така повеќе ни одговара Нека. Јас сум на потег, твое е да чекаш
Депресивните фази ме траат подолго. Се развлекуваат со денови, ми го земаат животот од лицето. Тмурно расположение и куклена насмевка. Спијам со денови, се кријам со светлината на денот и од погледите на луѓето. Толку разочарување без поважен повод, падови еден по друг се нижат до недоглед. Дното на чашата е единственото во кое зјапам неуморно и повторливо во спонтан редослед секој ден. Неуспехот ме следи во чекор и постојано ме потсетува на сите грешки кои некогаш сум ги направила и не успевам да се оправдам пред себеси. Кој би си нанел себеси толкаво зло од непромисленост се прашувам ? Има ли толку горчина насобрано некој во себе ? Од каде простор за толку омраза во ова мало безначајно битие ? Секако одбивам подадена рака колку да не те повлечам во сивилото во кое тонам. Јас толку безволно се предавам на чувството и безуспешно се трудам да посегнам по тебе. Ти ја виде мојата болка и ме зеде при себе, а јас одбегнувам да те погледам во очи затоа што се плашам дека по навика ќе го зацементирам погледот и светот ќе застане, хоризонтот ќе се стесни и се што ќе постои ќе бидеш ти. Сега сум доволно паметна да знам, но не доволно моќна да избегнам. Надвладеа и победи. Жално е колку малку е многу. Жално е. Than so be it. Роб на чувствствата или обична будала во розов свет ? - вечната дилема на несреќно заљубените жени.
Ljubov moja! Ne e slucajno sto te vidov denes... Sto vo isto vreme se sretnavme. Tvojot glas i tvojata nasmevka go razubavuvaat zivotot moj, ti me pravis najsrekjnata licnost na svetot. Te sakam najmnogu!
во последно време, несакам да знам дека постоиш. дали премногу барав, дали премногу очекував, дали премногу давав... најлесно е да те омаловажам не вредиш! да се свртам према себе како тебе а како да не се будам со тебе, како да не заспивам со тебе. како да не те барам во туѓите очи, во туѓите сенки....
Мислиш дека светот се врти околу тебе ?? Ееее не е така и тој удар што ми го зададе ке го пребродам .. Доколку се сака се , се може .. Од љубов не умрел никој!!!!!!!
Зошто, зошто по ѓаволите ми се појави во животов?! Знам дека се заљубив како мало дете.. Но онаа љубов што ја имав цело време кон друг зарем така се избриша? Па таа не ни постоела, само не сакам сама на себе да си признаам. Но, зошто дозволи да се заљубам во тебе, кога и онака ќе те изгубам? Знаеше дека сум ранлива и дека малку ми треба да се заљубам. Проклетство!