Нашето последно кафе, она кое толку го договаравме а никогаш не го испивме, сеуште мислам дали ќе променеше нешто. Можеби ќе ни ги поправеше односите, а можеби па уште толку ќе ни ги расипеше. Така пред да заспијам често ми е во мисли. Мислам дека е подобро што никогаш не се случи. Вака е најдобро. Ти на твоја, јас на моја страна. Спојлер ...и увек свечено обечам, а знам да лажем у себи, да чу престати да се сечам, ово је последни пост о теби.
изгледа синоокиот убавец си најде друга-толку од 'другарството' ес уна тортура пердерте комо амиго па злато несудено кажи си отворено-имам друга кој те бакари и тој бил рак и јас сум рак ама подзнак рак месечина близнаци Господе се молиш да ме земеш пошто овој живот е мачење за мене
Како можеше толку природно да си одговараме како стопено чоколадо во калап и како кога ќе ме прегрнеше ме правеше совршена бришејќи ми ги сите стравови.
Јас навистина не знам како јас и ти би живееле некогаш заедно под ист кров. Кога во рок од 24 часа,се зарчкавме 4343 пати. За алармот,за чаршавот,за чашата.за поручекот,за музиката,за серијата
Чув дека си се распрашувал за мене, но на погрешни места. Тие ти кажале дека јас сум продолжила, и сум била среќна во туѓи прегратки. Сега, сигурно мислиш дека сиот ѕвезден прав кој го нижевме, сум го фрлила со виорот на ветерот, а тој го посеал каде стигнал. Но, тоа не е вистина. Вистината е дека сеуште ги чувам во малата тегличка. Полна невидливи сништа, кои ги создававме со секоја насмевка, а рушевме со секое ситно недоразбирање. Вистината, е дека сеуште светкаат до прозорецот, тие мали сребрени зрнциња ноќе пред да заспијам и ми ги евоцираат сите наши слики, во сепија. Се редат пред очиве, но многу повеќе во срцето... Тлеат, со надежта дека еден ден ќе успеам да ги надминам планините кои те лажев дека постојат, а ти поверува дека се тука, вртејќи ми го грбот. Од една страна ми е драго што успеав во намерата да те оттргнам од себе, но од друга посакувам околностите да беа поинакви, за никогаш да не ти дозволев да заминеш. Бидејќи после тебе, тонам во розова фарса...
Ете мене денес за тебе ми падна жал...знаеш ли? Ми падна жал што те разочарав , иако упорно те убедував дека никогаш нема... Те разочарав кога преживеав иако „партал ме направи“... Те разочарав кога го преживеав секој твој ладен поглед, што како сечило ми ја распарталуваше душава, која чиниш никогаш немаше да престане да кравари... Те разочарав кога го преживеав секое твое немилосрдно шибање по телово, со камшикот од зборови кои утробата партал ја прават... Те разочарав знам и кога печењето на солта од рамнодушност, што ја додаваше на овие парталави рани, молкум го истрајав... Те разочарав кога го преживеав парталавењето на кожава, која пискаше по твојот допир... Те разочарав кога со искинати парчиња душа, со одземен здив, со колена кои играат денес те погледнав и сфатив....„ете толку е , не вредело“... па ми падна жал...ми дојде да ти се извинам... за се што преживеав, за љубовта која не ја добив, за парталите од душа кои ми останаа...
Танц...молчалив, нежен, бесшумен... Танц, онаков каков што никогаш не изигравме... Ете таков ми прелета низ мисливе штом ја чув песнава... Танц со кој ќе прекине бескрајната потрага еден по друг... Танц во кој часовникот ќе застане... ќе го прекине секое чекање...секое недостигање... Танц во кој со телата нема да се допираме... Танц во кој душите ќе крвават во истиот миг, во истата темнина, во истата болка, во истото срцебиење, како лист истуткана хартија... Танц кој ќе одговори се што сакам, кој ќе потврди се што знаеш... Танц во кој рацете, оние прстите долги, на половинава би и дале само потпора... Молчалива сигурност, магично лепило на секој скршен дел од душава... И прстите по рбетов ќе минат знам... да проверат дали се ежи истиот уште по нив... Танц во кој спокојно очи ќе затварам на миг... зошто ќе знам дека си тука, ќе те вдишувам... И ќе чекорам по дождот од солзи... Танц во кој прв пат ќе се предадам во рацете на еден маж...без страв...со страст... Танц во кој душава ќе ја оставам на твојот ревер знам... И во секој нота со носот брадата ќе ти ја милувам... И со клепките ќе те милувам како пеперутка... И со чекорите ќе итам кон тебе, а пак ќе сум ти в раце, не излетана, блескава и само твоја... И со рацете ќе шетам по твоите рамена... преживајќи ги по којзнае кој пат сите соништа кои сакам да ги постелам тука... и стиховите сами ќе се испишат на насмевкава за тебе... и очите ќе ти ја разголуваат душата по којзнае кој пат... и очиве ќе те посакуваат посилно од било кога... па тишината ќе го стори своето... па темнината ќе го запечати мигот... и ти ќе знаеш по којзнае кој пат дека умирам и јас со крајот на песата, со крајот на љубовта, со последните ноти, со последниот здив во рацете твои...
Одамна знам дека згрешив што дојдов овде, ама нешто упорно ме влече надолу и не ми дава сила се да напуштам и оставам. Знам и дека наместо да се зближиме, ние уште повеќе се оддалечивме ден од друг. Празнината помеѓу нас е се подлабока, а не правиме ништо конкретно за да ја снема. И до кога вака? Не знам уште колку можам да издржам, само знам дека многу ми е тешко...
Се е исто,и денов е ист како тој што беше лани. Но не и се така исто. Те нема тебе,ме нема мене. Сега сме само двајца странци,кои што имаат само заеднички спомени. Поминавме едно убаво време кога и двајцата бевме среќни,исполнети и полни со љубов. И сега има љубов,има но само една страна. Кај мене уште гори она мало жарче полно со љубов и мислам дека секогаш ќе разгорува...за тебе. Се сеќаваш? Кога се фрлив во твојата прегратка со очи полни со солзи..ама радосници.И не сакав да те пуштам,толку силно те вовлекуав кон мене. Моментот кога јас бев најсреќната девојка на цел свет,кога покрај мене имав совршенство од човек. Кога го имав принцот за кој што секоја девојка сонува. А денес што остана од тоа? Ништо едноставно ништо. Од таквите љубови кои што битето го разгоруваат секогаш на крајот останува ништо,едноставно ништо. Денес се давам од солзи. Но не,овој пат не се радосници. Не сум среќна. Те немам тебе,немам ништо. Имам само едни прекрасни спомени со еден прекрасен човек,и еден куп сонови за уште една средба со тебе. За уште една шанса. За уште еднаш да го почустувам вкусот на твоите усни,да ја разгорувам страста на тие усни....да сонувам додека сум будна. Но сега кога градот заспива,јас се будам со спомените сонувајќи за тебе. И болиш,проклето многу болиш. Ти болиш а јас сум болната.Болна сум од онаа болест која што може да ја излече само тој што е нанесол. Ми вети дека ќе ме чуваш ко очите... Сети се барем денес на мене...само еден ден. Сети се на сите тие прекрасни моменти поминати заедно,на сите прекрасни,бакнежи.... Врати ми ја насмевката и срцето кое што ми го украде уште многу одамна. Сакам повторно да се смеам,сакам повторно уште еднаш да ја почуствувам истата болка. Да,спремна сум да ја преживеам истата болка и по трет пат. Сети се на почетокот на нашата приказна,кога ти го побарав клучот. Се сеќаваш? Мислам дека со тој клуч ми го заклучи срцево,за никој друг да не може да го отклучи. Бевме пар за пример,на кој сите му се восхитуваа. А толку бевме совршени...и уште сме..јас и ти сме создадени еден за друг.Создадени сме за да живееме со една болка и една љубов. Првата љубов..моја прва љубов...мој прв бакнеж. Одамна беше,скоро 4ри години помниш ли кога се тресев пред тебе додека ме бакнуваше? Од страв,од возбуда...од начин да вкусам нешто ново. Со тебе научив да сакам,научив дека љубовта е болна..научив да бидам најголем борец. Да се бориш за нешто што го немаш. Да се борам за некој на кој јас сум му ништо,а тој мене ми е се. Е тоа е најболно...да се надеваш на безнадежното...да го посакуваш она,што никогаш не можеш да го имаш. Само ти можеш да ја разбереш поентата и причината за која што го пишувам овој текст. Верна сум ти уште,како и секогаш што сум ти била.Од толку многу луѓе,јас барам само еден човек...само една насмевка...Само едни очи со боја како морето -тиркизни. И онаа детска насмевка,која што ми го разгорува смеалчето. Ми фалиш прокелето многу,а овој период најмногу ќе боли. Да бевме заедно,денес ќе бевме најсреќени. Пробај малку да те болам,како што ме болиш ти. Пробај да ме сакаш...пробај да ме научиш која сум јас вистина. Доста со тие измислици...Научи ме,пробај уште еднаш...пробај. Да не си ги дадеме срцата на погрешни луѓе,кога можеме повторно да се имаме. Како што те сакав годинава,ќе те сакам до крајот на животот.... Засекогаш. Денес сме само спомени... Те сакам најмногу,љубов моја единствена !