Колку повеќе зборуваш за тоа колку ја сакаш неа, мене ми станува посмешно, а тебе понереално. Најтешко е себеси да си веруваш во таква пародија од лаги кога веќе знаеш дека вистина разликуваш љубов од страст, предаденост од навика. И конфузна целина од сето тоа, а во сетот значајно се избледени две од набројаните емоции. Кажи сега, дури раскажуваш како ќе спиеш до неа, од кај јас како вишок во реченица ме спомна дека би сакал тоа да е со мене. Никој не очекува од тебе таква изјава. И ти си изненаден, исто. Знам да се чувам не мора да ме опомениш да не се вљубам, гледај ти прибери се. А не бе ти само онака ме гледаш во очи, ме бакнуваш она во чело она "безосеќајно" наравно, и така ми ја тргаш косата од лицето пред да ме бакнеш, и така безвезе ме гушкаш понекогаш, ме мислиш по цели ноќи и денови, и онака патуваш 30 километри да ме видиш на пет минути. Онака ми го даваш дуксерот да го облечам и онака си потресен кога сум болна.
Синоќа пак се стуткав во твојата прегратка. Колку ми е удобно таму. Го слушам биењето на твоето срце и ги чувствувам твоите издишувања на моето лице. Тука сум сигурна, знам. Сигурна и опуштена. И солзите сами , без најава почнуваат да течат. Прво само солзи, без глас, а потоа почнувам да плачам, да липам. Ме стискаш во прегратка како да сакаш да кажеш "отстапете, ова е зона каде никој не може да ја повреди" Не сум добро- ти велам. Знам - велиш и уште посилно ме стискаш. Од каде знаеш, кога се трудам да не забележиш ништо, кога те чекам со насмевка во надеж дека нема да почувствуваш колку ми е разбранувана душата. Исплачи се,кажи ми што те мачи. Незнам- ти велам, а знам и тоа како. Но не, некои работи нема никогаш да ти ги кажам. Нема да те повредам. Не заслужуваш. Мислев патувањето заврши, а иако сум одамна физички приземјена, сеуште летам во облаци. А ти си тука да ме дочекаш при секој мој пад. Ти си секогаш тука да ме тешиш, да ме разбереш, да ме сакаш. Му благодарам на бога што те донесе во мојот живот. Те сакам, злато мое. Се надевам дека еден ден ќе го заслужам сето ова што ти секојдневно несебично ми го даваш.
Среќна годишнина сонцуле. Да сме насмеани, среќни и убави уште многу години..ама заедно Имај убав ден! Јас секако имам Te quiero
Љубов на различни начини : - Никогаш не сум видел очи како твоите - Омажи се за мене - Прв пат плачам за женско ...and then there' s me - Прв пат свршив на орален ( awww )
Кога ќе се омажеле, се се сменувало. Глупости. Уште те сонувам иако спијам до тебе, уште мечтаам за да си дојдам дома и да те гушнам, уште мислам на сексот од предходната вечер. Не е битно пари, убавина, срдени парталчиња и мебел. Битно е да го сакаш и да се влажниш кога ќе ти текне дека ќе имате секс за некој саат, иако со години имате секс, секој ден.
Ljubov moja! Tvojata nasmevka, tvoeto lice, tvoite race... Se sto e na tebe e ubavo, se sto e vo tebe e ubavo. Ti si ona sto e najubavo, za mene najpotrebno. Te sakam najmnogu!
Утре требаше да славиме годишнина знаеш ли? Кој знае , сигурно веќе и си заборавил..ќе заборавам и јас, нема да се сеќавам веќе на датуми кои ме повредуваат.Утре ќе бидам насмеана и ќе наздравам за еден нов почеток, почеток без тебе , ќе те пуштам да си одиш од моето срце засекогаш, ќе ја избришам секоја трага од тебе , секоја прегратка , секоја слика, ќе престанеш да болиш.... Добредојде во мојот ЗАБОРАВ, те молам остани таму.
од убавецот со сини очи изгледа толку едвај сум собрала храброст да ти пишам број број за на кафе(тој што ме извиси два дена на настани ) и будалава се фати на мамката после разговор ми го пиша својот број-е конечно и на крај ми пишал звони ми абе на звоно ке видиме што на крај ке биде изгледа само другарство-типот е зафатен и по малку повеке детинест, а јас не се залетувам-периодов не ми требаат љубовни кавги
Бејб зашто ми се лутиш бе кога ти кажувам дека ако Jason Statham ме викне да излеземе ќе излезам без око да ми трепне? Прво, кај ќе го најдам, второ, не значи дека ќе те изварам со првиот што ќе ми налета! Барам free pass за Jason Statham и за уште два, тројца, со кои шансите се 0 да се сретнаm во животов. Те сакам
Да , вистина е тоа дека си далеку од мене премногу далеку едноставно нашата љубов е невозможна ама јас сакам да ти кажам дека верувам во тебе и дека се надевам ќе дојде набрзо денот кога ќе те сретнам ..
Знам душо, знам најмил дека и ти се заљуби во мене, исто толку како и јас во тебе. Оној допир за раката кој кажуваше дека сакаш да сум твоја и бакнежот на рамо онака божем неприметно, беа пресудни. Е тогаш најмил мој се заљубив во тебе. Знаев дека сакам да бидам твоја. И тогаш кога пред другарите додека јадевме ме држеше за рака и тогаш повторно ме освои. Насмевката твоја ме освои. Погледот твој многу зборуваше. И секој пат кога ќе се чуеме посакувам да викнам на цел глас дека те сакам, да останеш, да не одиш, а знам дека мораш. Оди душо, оди, јас ќе чекам и за двајцата. Не прави само да ни' биде тешко. Остави ме...
И се појави ти. Јас сум најмилата личност со тебе. Плачам пред тебе и се борам секоја една секунда за твојата насмевка. Со тебе сум како во пустина. Топло ми е кога ме прегрнуваш и замрзнувам кога те нема. Зборовите кои ти ги кажувам, а премолчувам. Едноставно чувствувам страв. Не сакам да бидам само твоја привремена станица, туку твоја дестинација. Не сакам да бидам некоја девојка, туку твојата девојка.