Незнам веќе која сум јас кога сум покрај тебе. Ми фалат многу работи од порано, тебе можеби не, незнам веќе ни јас. Ми фали стариот ти
Ни ти си истиот,ни јас сум истата. И на двајцата ни се помешале фреквенциите. Или ѕвездите биле само на почетокот.
Незнам што да кажам...засрами се на помислата..срамота е помислиш нешто такво... Дегенско однесување- не ти попуштам!
Знаеш, многупати размислував да се откажам, да се предадам и да се поразам. А не можам. Проклето неможам. Не можам ни со тебе, а ни без тебе. Денов..мизерно ни почна. Осеќам голема празнина во душава. Солзи ми навираат, ми се вришти на цел глас, знаеш. Дискретно ги бришам, подголтнувам, и се насмевнувам. Нема елан веќе во мене. Освен празнинава ништо не остана. А осаменоста, веќе одамна ме уби.
Посакувам да бев таму и низ сите обврски денеска што ги имаш над глава да ти бев освежување,релаксација и уживање ....
”Збогум” ”збогум” - Ана Бунтеска “Те мислам, проклет да си” “Од ум не ми излегуваш...проклета една” “Телото, телото по тебе ме боли” “Каде што си ме допрела како модринки да носам” “Те сонувам, потем како болна сум цел ден” ”Некогаш не сакам да се разбудам Ана” ”Кога замижувам здивот ти го сеќавам на кожа” ”Косиштето врз лицево уште ми спие” ”Се вртам по луѓе на улица, сите на тебе личат” ”Многу црвенокоси низ градов се накотија” ”Ми недостасуваш, знаеш? ” ”Ништо повеќе не е исто, знаеш? ” ”Имам ужасни главоболки, железни ми се мисливе” ”Ме стегаат градите, срцево стапнато ми е” ”Каде згрешивме? ” ”Каде згрешивме? ” ”Можно е премногу да се сакавме? ” ”Можеби еден по друг прегоревме” ”Времето ми е застанато, напукнат е денот” ”Ноќите ме дробат како испукан ѕид” ”Ме болиш чоек...ме болиш” ”Не сум веќе ист, не сум” ”Ти го избришав бројот од секаде, освен од умот” ”Дур возам ти го повторувам телефонот за да не го заборавам бројот” ”Ма и од ова ѓубрево тука те блокирав” ”Знаеш како велат-не е љубов ако не сте се блокирале” ”И сега што? ” ”И сега како понатаму Ана? ” ”Те сакам” ”Те сакам” ”Збогум” ”збогум”
Остави ме на мира, човече. Доста е. Сите граници ги помина веќе. Не сакам допирна точка да имам со тебе, готово е! Остави ме да си продолжам со животот!
Абе дебел еден аман више, дај некаде да избегаме, малку сами да се опуштиме, далеку од овој стрес и оваа гужва и овие обрски.
Љубов моја. Седејќи до тебе, слушајќи ти го гласот, гледајќи те во сините очи, сфаќам по не знам кој пат. Сфаќам дека ти си единствената љубов за мене. Ти си единствената причина заради која се будам. Сфаќам дека срцето за тебе ќе чука и понатаму, и покрај сите ноќи без сон, и покрај сите солзи, и покрај цело сите тешкотии кои ги поминувам за да украдам барем секунда со тебе. Но вреди, се вреди, за тебе се би направила. Те сакам најмногу!