Посакувам да ме сакаше. Да ме забележеше. Знаеш што чувствувам. Знаеш дека те сакам, знаеш. Но не го сфаќаш тоа. Никоја нема да те сака толку. Да ме сакаше како што те сакам, ќе бевме незапирливи...
После 4 недели и 2 дена веќе не сум истата, толку многу ми недостигаш штоо едвај чекам да те видам, да те гушнам, бакнам, одбројувам уштеееееее
Прво донесов вино. Потоа донесов книги. Ги оставив кај тебе. Потоа го оставив срцето, и од тогаш не си излегол од моето срце. Секој ден будење до тебе е премалку. Прекраток е еден живот за да те сакам доволно. Мирiсот, вкусот твој, допирот, гласот... се е толку совршено и прекрасно. А особено сексот...ммм сексот. Во состојба сум да те грицкам цела ноќ.
Хaх се рaзoчaрaв.. седиш дoмa зa секс ми збoрувaш.. кoгa се видиме и дa спoменaм ти нaoѓaш изгoвoри.. еднaш вo месец секс мoиве имaaт пoчестo бре... срaмoтa..
Знам дека ќе дојде денот кога конечно ќе те гушнам. Уште кога те видов, знаев дека си створен за мене. Само со еден бакнеж почувствував нешто, што ни во претходната шест годишна врска не го почувствував. И со оној неофицијалниот предлог за брак, ме излудуваш бре. Ме освојуваш. Дај или престани или врати се. И биди мој!
Да се лечи, ете тоа би му кажала. Иако нема да ме послуша, да беше малку свесен ќе припазеше на понашањето.
Ценети господине М Ќе ме бараш како што Диоген го барал човекот со светилник сред бел ден. Се згрозувам од сите твои напливи на емоции и патетична поетичност. Зашто се вештачки и лажни, немој да мислиш дека не ги препознавам. Имаш некоја чудна потреба, манија на јавно искажување на љубов како 5 годишно дете. Зашто си исилен фејк и патиш по внимание. Да ти, патиш да бидеш сакан и да му докажеш на светот колку тебе те сакаат и колку си среќен. Знам дека тој комплекс го носиш од времето кога си бил непривлечен и сега сакаш да им покажеш на сите колку всушност пропуштаат што те одбивале. Ама мене, мене? Патетичен си. Штом 3 дена "љубов" ставаш на кантар со години. Лута сум не на тебе, на себе што можев толку лошо да те проценам. Ми се гади. Морав да се искажам јавно ми тежеше ова веќе подолго време, инаку не е вреден ни за збор, тек за реферати...
Ремонт на нервниве ганглии ми правиш. Обиди се да ме разбереш,обиди се да ја сфатиш целата моја напнатост. Зошто кога ми треба најголема концентрација,кога имам еден куп за учење,мора тогаш односите да ни се најлоши.