Колку проклето многу ми фалиш Ми фали твојот глас твојата прегратка твоите бакнежи твојот мирис.. Едвај чекам да си дојдам и да бидам со тебе. Те сакам. Секој ден се повеќе и повеќе. Ти си моето се!! Највредното нешто во мојот живот!!
Чудна работа..Во рок од 2,3 дена светов се преврте за 360 степена,ете,и ти си ја покажа вистинската фаца.Хипокрит ниеден. Читам и размислувам и се чувствувам поубаво и ич не ми фалиш. Мисли си дека се залетав по тебе,ако.Убаво е да се сонува.
Љубив моја! Колку и години да поминат мојата љубов кон тебе не се менува. Напротив, секунда во секунда, од ден на ден се повеќе расте, ме обзема целосно. Сакам да ти кажам дека животов навистина ми започна откако те запознав. Те сакам најмногу!
Ете ...само еден допир твој на кожава. само тој чиниш камен во езеро е фрлен... па само тој прстени и прстени од емоции по душава прави... Па молкум кожата под налетот на прстите твои ми се ежи... Па молкум те вдишувам и милувам... Те милувам по ушите тука близу... чиниш молкум ти ги шепотам најнежните тајни на душава... Те милувам по кожата, онаа белата, онаа нежната... чиниш ти покажувам колку е нежна, неизвалкана , искрена оваа страст за тебе... Те милувам за миг по препоните, душата своја тука ја постилам... чиниш за семето твое моли таа , за дел од тебе молкум страда... Па те чувствувам по рбетов, како јато разбеснети пеперутки... И ти се покорувам, чиниш животниот пат свој со рбетот ти го поклонувам... И те чувствувам... Внимателно ја бројам секоја воздишка твоја, додека немилосрдно ги откриваш амбисите и врвовите на мојата душа, така молкум, како да не сакаш да ја прекинеш таа тишина во која ти ја раскажувам мојата болка по тебе... чиниш се менувам однатре и однадвор, само под налетот на тие прсти твои... како езеро по фрлен камен... така молкум....
Ми недостигаш, и би го повторила секој миг со тебе дури и сите тие караници што траеле по 2-3 часа.. Дури и тие ми фалат, замисли.. Повеќе сакам да се карам со тебе отколку да се смеам со било кој друг.
TИ БЛАГОДАРАМ ЗА НАЈУБАВОТО ПОПЛАДНЕ! Ти благодарам за заљубените погледи. Ти благодарам за украдените воздишки. Ти благодарам за страсните бакнежи. Ти благодарам за силните прегратки. Ти благодарам за чоколадниот сладолед. Ти благодарам за љубовта која ми ја даваш. Ти благодарам за тоа што ме правиш понесена. Му благодарам на Бог што те имам.
И одбивам да се плашам да се разбудам... да се разбудам и со првиот сончев зрак да те изгубам, од рацеве, од постелава, од сништава... И одбивам да се будам со натежнати очи, кои натежнале истиот миг кога утрото те украло од мене... И одбивам да се будам задишана, исцрпена од објаснувањата дека секој здив во ноќта мирисот твој го има... И одбивам да те сакам се повеќе, по секое ново заминување, по секое молчаливо оддалечување... И одбивам да полетувам кон тебе, како вештерка по полна месечина, жедна за маѓијата на твоите прсти по кожава... И одбивам веќе да те чекам во бескрајна самотија, како месечина во ноќ без ѕвезди .... И одбивам веќе да завивам од болка по тебе, како волк по полна месечина, по љубовта која никогаш нема да ја допре... И одбивам веќе да самувам на прозорецот, восхитувајќи се на твојата убавина, на твојата далечина, не изустувајќи ни збор... И одбивам да засјајувам како полна месечина, во мигот што те здогледам, така посебна, единствена, и за миг само твоја... И одбивам пискотот на душава да го замолчувам, кога стампедо пеперутки ќе ја покосат, штом се приближиш, штом си тука... И одбивам мудроста своја, онаа низ болка научена на дланка да ти ја ставам, без страв, без срам, како светилник во најтемна ноќ... И одбивам да гледам како паѓаат моите солзи и соништа по тебе, како рој од ѕвезди, во кои името твое длабоко сум го врежала, како рој од желби кои никогаш нема да се исполнат... И одбивам кожава со врел восок да ја горам , само за да се убедам дека нешто повеќе гори и пече од твоите допир, дека нешто повеќе ми штети... И одбивам веќе да засјајувам во твоите раце како полна месечина, која еднаш успева да ги собере сите свои делови, сите свои соништа на едно место па да заблеска само еден миг, еден час, само за тебе, само во твоите раце... И одбивам да се изгубувам секогаш кога те нема до мене, да ме снемува како месечина зад темни облаци, облаци од болка, како Арктичко гратче каде ноќта трае шест месеци... И одбивам веќе бестрашно да те чувам во градиве, како икона,како вера, како љубов, како надеж, како судбина, како виден Божји лик милослив...
Se bi dala ova da e nekoj los son.Nautro da me razbudi tvoja poraka.Da mi kazes deka mislis na mene I deka ti nedostigam.Do koga ke te ceka srcevo? Do koga ke se nadevam? Do koga ke me gusat site zborovi koi nikogas ne ti gi kazav ?
Незнам до што е дали дека емотивна сум деновиве или нешто до тебе е ... ама се чуствувам како повторно да се заљубувам во тебе. уствари јас секој ден се повеќе и се заљубувам ама што знам некако деновиве се чуствувам поубаво и многу многу по исполнето. Фала ти што секоја нервоза ми ја тргаш на страна и успеваш најлесно да ме релаксираш и насмееш во секоја ситуација ... Да не беше ти јас ќе бев најнервозното суштество,сигурно