Си ветив дека нема повеќе да пишувам за тебе. Ама морав ова да го извадам од себе. Деновите поминуваат без тебе во мојот живот. Се навикнав на тој живот. На животот без љубов, без насмевки кои се измамени од тебе.. Ми велат дека блескам а не знаат дека сето тоа е маска зад тажното лице. Тажното лице заради тоа што те немам. Знаеше да бидеш идиот, знаеше да ме нервираш и вадиш од кожа, но истовремено знаеше да го дадеш максимумот да го извадеш најдоброто од мене и да направиш да се смеам како никогаш до сега за момент. Сега не знам каде си, со кого си, и дали на други им крадеш насмевки и им ги кажуваш тие слатки лажни зборови што ми ги кажуваше мене. Ги сакав тие слатки лажни зборови, те сакав и тебе, и се уште те сакам. Не знам ни зошто дозволи да дојде до ова, до дереџе да не зборуваме, со денови со недели со месеци. Од добри пријателчиња до најдобри љубовници на крај да бидеме странци еден на друг. Не знам зошто лугето околу мене не можат да ја сфатат мојата болка или зошто не можат да сфатат што ми беше ти мене, што си ми и зошто сум ваква, претворена во монструм затоа што имам голема болка од недостигот за тебе. Секој може да каже заборави го, не вреди, батали го а никој не го кажува универзалниот лек за заборав на некого кој ти дал толку многу за паметење. Се потрудив да те заборавам, ама не ми успеа, но се плашам да сакам пак. Не сакам да лекувам повторно скршено срце ниту пак да лажам некого дека го сакам додека мислам на тебе бе ! А сега, што сакаш прави, јас тебе нема да те барам. Ниту денес, ниту утре, ниту ден потоа. Нема да те барам. Биди со некоја која ќе те користи, која нема да и биде доволно што и да направиш. Мене ми беше доволна и една прегратка, допир или бакнеж. За останатите што ке дојдат во твојот живот не знам. И знам дека нема да најдеш некоја како мене која секогаш беше спремна да ризикува за тебе, која те толерираше секогаш, која и покрај сите маани и доблести те сакаше, која секое доба беше покрај тебе. Аривидерчи Амиго
сакам само да му кажам нешто на новиот познаник: си ми познаник да, си фаца во мојот мал свет ама брате мили сум сретнувала и запознавала и други фаци каде живеам само фаци се движат што па толку си ми фаца-нук еди можеби твојот невидлив шарм ме магепсал како и да е си терам свој фил и тоа е тоа-подобро на страна да се држам тоа е факт кога и кажав на другарка ми гарант ми љубомори-за срека другите подалечни и поблиски другарки не знаат
Ти си само моја опсесија! Не мразам никој и не сум мразела, ама се мразам себе си зошто се замарам со тебе, зошто ми лета паметот кај тебе! Ни сама незнам зошто е тоа така, не заслужуваш ништо мое, ништо од мене, а се борам сама со себе да не е така... Паметот ми е турлитава, флешови од секој кадар, зборови, ветувања, префрлања, песни, шанси и краеви. Го чуствувам твојот парфем, иако имам "1 литар" од мојот на себе си. Зошто толку се оптеретив со тебе?Само сакав да си поиграм малку и наивно, како некогаш/секогаш,и убаво се изгорев сега. Требаше да те оставам во детството и убавите спомени. Ништо нема да успее, претворени сме во контра личности и карактери, свесно одам со глава во ѕид. Веќе немам образ да зборам со никој свој за тебе, ќе ми се чудат на паметот, а веќе не знам ни како со сево ова да се износам. Досада ли е? Тапа период? Осаменост? Меланхолија? Се е, само не чувства. Секој повик, секоја порака- мислам си ти, ќе се појавиш кога ќе ти текне само колку да ми вратиш, само колку да кажеш нешто со кое ти ќе си победникот, иако знаеш дека секогаш беше губитникот. Што допреш- губиш! А за мене големо браво што губам време мислејќи на тебе.
флешови од сите страни. А јас сакам само да те гушнам, да те бакнам. Да ги гризам тие усни, да тонам во сонилото на твоите очи .. Да не те пуштам до зори. Само малку барам
Се плашам денес да се видам со тебе. Се плашам дека ќе ми прочиташ во очите дека цело утро мислам на мојата прва љубов. Ми се навратија спомените, деновите поминати со него по парковите, муабетите. Го сакав многу иако никогаш не беше мој, ми беше најдобар другар, кој беше на се спремен за мене освен да ми ја возврати љубовта. И еве сега додека сето ова го пишувам се чувствувам како предавник, како да сум урнала се што градам со тебе.. Во исто време се прашувам дали да започнам разговор со него.. онака без врска муабет за животот, за се.. како во минатото. Ми фали тоа со него..понекогаш. П.С ајде ушпте еден месец брзо минуваат деновите... само деновите....
Бунтовник си по природа , тоа ти е во крвта го знам.Ужасно ми е тешко што така испадна но предавање од моја страна мораше да има , не смеам да се залажувам дека можам да бидам со тебе тоа е само една илузија и ништо повеќе...Знам згрешив што си заминав без да ти дадам објаснување но немав храброст да ти ја кажам вистинската причина тоа би било преголемо понижување за мене.Што и да е ќе помине
Тенка била границата меѓу милото и неподносливото. Не можам да те смислам веќе. Премногу антипатично делуваш по телефон, а не па во живо. Престани да се опседнуваш со мене. Како тебе има милиони, ама не овај пат не паѓам на финото пријателче што секогаш би било тука за мене. Штета што никогаш не те гледав со други очи освен со пријателски. Не можам тебе да те засакам, се трудев се трудев ама ништо... Не знам како не сфати до сега, како не се почувстува не сакано. Време е да сфатиш дека не те сакам, никогаш не те сакав, а нема ни да те сакам !
Ме праша од какво зло сум направена, какво е тоа зло што извира од мене... Вистината е дека сите големи љубови се невозможни, остварливото е секогаш она што е површно. Сега цела тага од планетата ќе ја носиш на твојот грб, а јас товарот на нашата нереализирана љубов. Гревот од прекршените ветувања е мој. Нека не ми биде простено никогаш. Рече дека оној кој ќе уништи вистинска љубов ќе биде казнет да е несреќен засекогаш, знам, во право си. Последниот атом на љубов тебе ти го дадов, замина со тебе оној ден кога јас ти го свртев грбот и заминав. Верувате ли дека човек може да умре од љубов? Јас да.
Ljubov moja! Denovite koga te gledam mi se najubavi. Ti mi davas motivacija da ziveam vistinski. Samo ti i nikoj i nisto drugo. Veruvaj deka e taka i deka zasekogas ke bide. Sovrsenstvo e slab zbor za tebe. Te sakam najmnogu!
Невообичаеното вклучување на секои 15мин. на фб е за мене? Стварно незнам што ти минува низ глава, но знам за себе материјал по прва помош. Денес морав да застанам на нозе, згрешив што пред една година не бев своја, па мораше да ме запознаеш во друго светло.
И сите протестираа деновиве... Протестирав и јас ти кажав нели... Со оловни чекори, со горчина во грлото...ете така протестирав против тебе... Протестирав со истата храброст со која до последна солза би се борела за тебе... за ова во градиве... Протестирав со надеж... со онаа со која те чекав, со која те сонував... Со очи натежнати протестирав против суровоста на дланките кои толку ги милував... Протестирав низ улиците по кои во секоја сенка те барав... Протестирав па со секој крик љубовта од себе ја исфрлав... Протестирав врескајќи, фрлајќи си сите зборови од себе... да не остане некој во мене, та во љубовен да се престори... Протестирав со истиот оној жар кој ти се предавав... храбро, без страв, без ронка срам... Протестирав заривајќи си ги ноктите во кожата... ете онаа која никогаш искрено не ја помилува... Протестирав самоуверено, блескајќи како ѕвезда... онака како што никогаш не ти требав да заблескам до тебе... Протестирав начулувајќи ги ушите...чиниш шепотот љубовен твој во топлата се скрил... Протестирав без маски и оружја... баш како што пред тебе немав маски, немав сила, немав оружја да те направам свој... Протестирав против бруталноста со која ми го откорнуваш срцево... Протестирав против храброста со која рамнодушно ме гледаш... Протестирав против чекорот со кој ме газиш кога сум падната пред тебе... Протестирав против твоето право да ја силуваш оваа искрена душа... Протестирав против правилата што срцето ти го штитат... што убиството на моето, ете него, молкум го сокриваат... Под ведро небо протестирав... Ете тука проколнувајќи што се уште дишам по тебе...