Абе убав... Изгледа јас ја заебав работава, повторно. Извини. Ќе се средам. Сама. Исто ко минатиот пат. Истиот тој пат за кој не беше ни свесен дека постои. Ама сега ќе ми биде малку потешко. Не е лесно да одам сама против себе, но морам...
Не очекував да те видам денес бе , баш деновиве се чукав во гради дека сум те заборавила и оп ти фино лепо се појавуваш пред мене така убав, и како и обично не си кажуваме здраво и двајцата !! што ти згрешив толку? зошто раскинавме без ни еден кажан збор ,зошто кога ќе се видиме се гледаме во очи а немаме храброст ни двајцата да речиме здраво ?!
Спојлер Не знам зошто денес цел ден мислам на тебе... ама ќе ми помине. Не, нема да те побарам, нема ни една кратка порака да ти пишам, а знам дека треба, знам дека барем тоа сум должна... Ме знаеш кој инает сум, и знаеш колку сум горделива (иако ова е првпат отворено да го кажам тоа). Уште се сеќавам на болката во твојот глас кога последно се слушнавме, те повредив, знам, и не по моја вина. Всушност, ако длабински погледаш на работите, сѐ е по моја вина. Да не одев сама против себе, и со главата во ѕид уште од почеток, ништо немаше да се случи. Барем ќе ти бев другарка, така? Да, се сеќавам на тој разговор, се сеќавам и криво ми е, многу ми е криво што заради трети личности сѐ и сешто се случи. А на крај, пак си сме сами криви. Ти прв, па јас по тебе. Или обратно? Кој почна? А кој требаше да прекине од старт? Оф... Низ глава безброј мисли, тука едвај неколку реда склопив да напишам. И пак ништо не кажав. Ништо од тоа многу, МНОГУ што имаме да си го кажеме. А ќе се расчисти сѐ, убедена сум. Еден ден, а касно ќе е. Касно е и сега, а сепак се оптеретувам, и осеќам некоја тежина зашто толку многу љубов... остана да лебди во воздухот кога секој си тргна на својата страна. А знам дека ме сакаш, и знаеш дека те сакам. Ме повреди многу, те повредив и јас. Можеби на друго место, во друго време би успеале... Овој пат не ни било судено. Најлесно е така да се тешиме. Дека не зависеше од нас. А зависеше токму од нас, само од нас двајца. А сега... сега ќе заспијам со /таа/ плејлиста, и со сликата во глава како седиш на балкон дури јас спијам, слушајќи ги песниве и загрижено размислувајќи за нас.
Кога ќе се јави мајка ми, ќе стегнам срце, и ќе најдам сила да не почуствува дека пак ми трепери гласот. Ќе знае зошто е тоа така, а јас не сакам да ја нервирам. Ќе собирам во себе ако треба. Ќе молчам и нема да кажам никому како ми е мене.. Ќе глумам дека сум среќна иако не сум. Не е важно. Ќе издржам јас некако без тебе, а ти? Што ќе правиш не знам. И не е толку важно. Биди ти среќен, јас одамна не сум важна. Секако дека глумам дека ми е сеедно иако не е. Живеј си ти, ама внимавај да не ти се удри од глава.
Љубов моја! Среќна сум што те видов денес. Само се надевам дека се ќе биде добро затоа што имам уште планови за нас. Знам дека препреки имаше и се уште ќе има. Но наше е да ги преминеме. Те сакам најмногу!
И проклети песни и проклет филм ама сеуште сум заљубена во истите. Штета шо не сме еден кај друг да го гледаме двајцата иако знам дека ти ќе негодуваш. Теле си. п.с-Жал ми е што сум арогантна ама ме провоцираш.И некогаш избувнувам.
Полноќ... Ете го ближи полноќ... мигот кога ноќта е најтемна, шепотот најсилен, копнежот болен.... Хм, полноќ... ете тој е мој термин чувствувам... Мој термин да бидам со тебе... да ги скратам недостигањето, болката и страдањето... Со душа отворена да ме поседуваш, да ги избркаш сите стравови од мене, за да можеш на раат секој дел од мене да го откриваш.. . да ми покажеш како љубената жена никогаш не се остава... Па ме гледаш со ликот врамен во строгите црти... Со зелени очи исполнети со исконска страст... Со здив кој ми минува низ косата... Со набабрени усни, кои чиниш испукале копнеејќи по мене... Со цврсти раце кои ме зграпчуваат за миг... Со немирни прсти кои молкум соблекуваат се од мене... Со љубовна сила која ме сместува во твоите прегратки... Со усни кои ме потсетуваат како бакнуваш... Со брада таман потпорасната, подготвена кожата да ми ја распара... Со бакнежи кои секој милиметар од кожава ми го милуваат, дури во порите ми продираат... дур ги испрашуваат дали само твојот здив во себе го носат... Со поглед на кој му признавам колку те сакам, колку ми требаш... Со неповторлива страст со која ми го милуваш вратот,врвот на брадата... И со усните и на градите ми слетуваш... да чуеш во полноќната тишина како чука тоа внатре за тебе... да собереш сила од љубовта голема... од душата што за тебе тука се скрила... И со кај силен на стомакот ми слетуваш... колку дишењето да го забрзаш, да се увериш дека те посакувам како првиот ден... и со прстите , оние нежните и љубопитните, душава ми ја отвораш... страста ја ослободуваш... да молам за тебе, да коленичам жедна за твојата љубов... и ме милуваш како никогаш... како единствена на која битието свое си и го отворил... ете така молкум... покажувајќи си чекал, колку си ожеднел, колку не можеш без оваа страст полноќна... И нежно ме милуваш, чиниш ќе ме исплашиш со љубовта преголема... Нежно играш врз мене ..да ми покажеш како ти игра срцето кога сум пред тебе... И внимаваш да трае, да трае твојот совршен танц... како болкава, како надежта, како сонот со тебе... Низ танцот траги оставаш по мене... од плунка, од пот,од страст, од задоволство... да ме обележиш, да сум само твоја... Па ти пулсирам во рацете, дур утробата зоврива... Во ритамот на движење на клепките... нежно, да не ја повредам оваа љубов, оваа страст, оваа полноќна тишина... А ти , ти само ме гледаш.... гледаш во очите... и ми кажуваш ете во молкот полноќен, дека живеам во тебе како никој претходно... И дури пулсот забрзува и солзите потекуваат... дур на Ѓаволот душата за тебе му ја продавам... гласот не ти го слушам... не говориш за љубов... не изустуваш ни збор... само полноќ отчукува, како пискот од кукавица, од болка на скршено срце... да ме потсети дека не си ти... дека телово не ми го откриваш...дека не е љубов...
Но знаеш што ми паѓа најтешко од се ? Што иако сите ми кажуваат дека ти не си за мене јас упорно се надевам на невозможното да стане возможно...
Знам дека за оваа грутка во градиве...ете за неа никој никогаш нема да дознае... Се испреплела пустата со рој зборови... зборови за тебе, зборови за мене... Ама ете никој нема да ги чуе... никој нема да ги знае... Не смеам да ги кажам...зошто не ти бев тебе љубов јас...ете затоа... Не ти бев јас тебе најубава од сите... слика што душа ти смирува... што крв ти зоврива... Не ти бев јас тебе насмевка... за која љубоморно зовриваш, за која силно во маса удираш... Не ти бев јас тебе болка во срцето.... штом други раце ти ги милуваат градите... Не ти бев јас тебе сјај во очите... сјај што буди, сјај што те прави подобар... Не ти бев јас тебе натежнато око...прикриена солза која денот ти го обојува... Не ти бев јас тебе пулс љубовен, што забрзано бие...што ти објаснува зошто се уште дишеш... Не ти бев јас тебе љубовна ерекција...пискот и болка на телото за друго тело... Не ти бев јас тебе перница... каде се сокриваше од сите, каде ги шепотеше неоткриените нежности кои си ги носел во себе... Не ти бев јас тебе кревет...меко тело во кое потонуваш, во кое траги животни обележуваш... Не ти бев јас тебе сеф... каде ги сокриваше најинтимните тајни, болките од градите... Не ти бев јас тебе светло...зрак кој го бараш кога животот натежнал на твоите плеќи... Не ти бев јас тебе патоказ...надеж за ново утре, мирис на еден нов спокој... Не ти бев јас тебе мирис... мирис на љубов, на нежност, на секс... Не ти бев јас тебе прегратка...рака која молкум знае да те состави дел по дел... Не ти бев јас тебе мекост... допир на бескрајна љубов, на неповторливост... Не ти бев јас тебе милување... бакнеж кој те остава вечно жеден, бакнеж кој секој туѓ го прави беден... Не ти бев јас тебе рбет...рбет кој гордо те исправа, љубоморно чува, тајно те потпира... Не ти бев јас тебе утроба... каде љубоморно семето свое го сееш, за засекогаш да останеш... Не ти бев јас мал мудрец.... кого со камшици по кожата љубовна мудрост му сееш... Не ти бев јас тебе буквар животен... кој секој ден го отвораш...од кој секој ден занемуваш... Не ти бев јас тебе лудило... кое душата ти ја пустоши... Не ти бев јас тебе рана...рана што сам ти ја правиш од бес што не сум покрај тебе... Не ти бев јас тебе клуч...тајна шифра што чудесно душата на слобода ти ја пушти... Не ти бев јас тебе сила... гориво за доживување на пресилната љубов... Не ти бев јас тебе мотив да го читаш Лешоски... па на уво да ми го цитираш: „...Ноќва си одев пешки и те мислев. Дека се разубавуваш како старееш. И се фатив дека несвесно се насмевнувам. Се насмевнувам кога ќе те помислам тебе лошотилак еден !...“ Не ти бев јас тебе болка што боли и убива... оган што гори и не згаснува... Не ти бев јас тебе страв...страв кој гуши... страв од деновите што следуваат без мене... Не ти бев јас тебе една и единствена...една за која оживуваш...една по која умираш... Не ти бев јас тебе љубов најголема..љубов за која а внуците сакаш да им раскажуваш... Ете едноставно не ти бев... а за тоа не вреди да се пишува...за тоа не вреди веќе да се зборува...