Тоа што го имавме ние се случува еднаш во животот. Знаеш...се сеќавам на она твое гласно смеење,кое го обожавам. Се сеќавам на долгите прошетки,разговори и оние твои последни зборови.Се сеќавам на сите наши тајни погледи додека седевме во друштво,оние наши песни кои ги слушавме заедно...оние кои што ми ги пееше.Се сеќавам на сите пропуштени повици и сите пораки. Се сеќавам на долгите разговори на фб,се сеќавам на моментите кои што со нетрпиение ги очекував за да ти се фрлам во прегратка и да ти кажувам колку те сакам. Се сеќавам на се во врска со тебе,на секое најмало делче..на секој детал.Но,знам дека сега е доцна,дека си среќен со друга. И ме болиш,баш како што јас те болев некогаш. Мислев дека никогаш немаше да почуствувам колку многу боли. Болат сеќавањата. Боли помислата дека никогаш повеќе нема да бидеш "мој" кој што го сакав и ме сакаше најмногу од цел свет.
Да ја најдеш онаа што ќе те сака колку што те сакав јас, лично ќе ти посакам среќа. Но џабе, не се раѓам јас два пати.
Во овие часови, не се знае кој оган ја гори душата повеќе.. оној во желудникот од секоја следна капка алкохол или оној пламен во срцето распален од секоја секунда на нечие отсуство.....
Море теле едно, ти ги праќам ли ја порно глумците што ми се убави? Е многу те сакам, али никад нема да изгледам ко цурата. Извини!
Размислував многу дали да ти го честитам роденденот кој ти се наближува. Никогаш немам бидено волку одлучна во одговорот. НЕ! Ти не заслужуваш ништо мое. Денес те погребувам и тебе, и чувствата кон тебе. Останува само уште мислите кон тебе. А со прекрасни луге околу мене тоа ќе биде брзо.
Како вчера да беше кога за прв пат се запознавме, а сепак поминаа 7 години на денешен датум. Не си веќе истиот, не сум ни јас истата. А сепак сеуште сме заедно. Незнам дали ти текнува на денот кога се запознавме, јас барем знам дека никогаш нема да го заборавам.
Зошто не ми даде ниту еден знак или некакво навестување за ова што ми го приреди? Немаш ти срце. И не ми е сеедно, ама таква ќе ме гледаш. Ќе се покаеш, само чекај.. Допрва почнува моето. Ѓубре! Да знаеш само колку пцовки ми сокри насмевката.
З злато мое омилено -што да ти правам кога премногу си сличен на брат ми абе ко него да го гледам а и на средношколцките деца што учеа во Гор Д кога ке ја слушнам песната ало ало другарка ти од мало од Пеперминт-до пеачот Горан ме потсека на тебе
и сега свакам дека сипатичниот со сините очи што ми глумеше другар не може да биде нешто повеке од другар некако сите периодов со дечковци-од другарките па натамусамо јас ко гревченце некое без момче тие што ми се допагаа-едниот е зафатен а на другиот ми пукна филмот вчера му кажав дека ми се допага-изгледа дека не е спремен да има нешто со мене барем му пуштив водичка-му дадов зелено светлоhug: што вели Новица Василевски во една песна Господ да ми е на помош(смајли што се крсти)
Пауло Коелјо рекол: „Мудрите се мудри, бидејќи љубат“ И се потсетувам колку трпелива и мудра станав откако те љубам... Оган жив бестрашен станав јас.. За миг во похрабра и поодлучна жена се престорив јас... Чудесно бунтовна и страсна... Невообичаено молчалива... Дури и безмилосно саркастична станав... Недопрена и казнета станав скромна и понизна... Проколната од некажаното нежна и поетична се сторив јас... Па се прашувам каква ли ќе бев ако и ти мене ме љубеше толку? Каква ли ќе бев ако секоја ноќ за љубов ми зборуваше ти? Каква ли ќе бев ако ти мене ме обожуваше, како јас тебе, како божество? Каква ли ќе бев ако чувствував секогаш кога ме мислиш? Каква ли ќе бев ако силно ме зграпчуваше кога не очекувам? Каква ли ќе бев ако парфемот мој гордо го носеше на себе? Каква ли ќе бев ако бакнежите твои секој ден ги чувствував? Каква ли ќе бев ако нежно со клепките ме милуваше секогаш кога патев? Каква ли ќе бев ако знаев дека душата ти ја ежам со секој свој поглед? Каква ли ќе бев ако сечија друга насмевка на мојата би те потсетувала? Каква ли ќе бев ако ми шепотеше дека сум посебна? Каква ли ќе бев ако ми шепотеше дека имам поглед на девојче, но сум жена што секој ден ти го одзема здивот? Каква ли ќе бев ако продираше во мене длабоко, потсетувајќи ме дека не ме даваш на никој друг? Каква ли ќе бев ако ми шепнеше дека еднаш ќе си мој? Ах...знам каква ќе бев... Мртва....зошто ова срце толку среќа, таква возвратена љубов знам дека не би можело да издржи...
И шо дека ми ги изнакажа сите тие работи? По толку толку долго време само уште ме избуни скроз, море дури не ми дојдиш овде кај мене не вервам и не вервам. Поздрав
Sekoj den se povekje sum sigurna deka sum so tebe od navika posle nervozite sto mi gi pravis i ponekogas sto neznaes kako se odnesuva so devojce se pomalce e ljubovta sto ja osekjam za tebe.