Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    6.404
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна и фала му на Бога што се е во ред сега.
    Ми недостигаш, едвај чекам утре да те видам пак..си имаме продолжен викенд за уживање. Мхм..:$:l:
    Те сакааааааааамммм !!!:l:
     
  2. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Никогаш не мислев дека ќе го кажам оваааа никогаш !!!
    Но денессс после толку време сфатив дека те испуштив , згрешив и тоа многу згрешив што те оставив ..
    како викаат кругот се врти да нели ? Го знам тоа и се сврти не очекувано од моја страна те сретнав денес и сфатив дека многу згрешив што се откажав од нас толку лесно, но не можам мојата гордост не ми дозволува да дојдам и да ти се понижам затоа што знам дека ќе ме одбиеш и не смеам тоа да го дозволам..но зошто што е овој глас длабоко во мене што ми кажува дека не ти е сеедно и дека сеуште чувствуваш нешто за мене.
     
    На Adi888 и popovich им се допаѓа ова.
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Тешко е и врскава е на стаклени нозе. Неподносливи сме. Ама не се откажуваме. Само треба да се склопиме некако... Да 'кликне'. :)
     
  4. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Јас одамна кренав раце од тебе, а можеби ти очекуваше сосема друг епилог.
    Не знам и мислам дека никогаш нема да дознаам. Еве, се наближуваат 3 месеци од кога не сме во контакт.
    Некако ми е чудно, а изгубив надеж дека ќе те видам некогаш, дека ќе ти го слушнам гласот.
    Не знам сега каде си и што правиш, дали си добро или други усни љубиш или сето тоа го правиш затоа што знаеше дека секогаш се прашувам каде си ако те нема па би те барала, ако е тоа, успешно ми владееш со мислите.
    За некој ден ти е роденден, нема да ти честитам а сакам но нема.
    Сакам да ти честитам од култура, и дека се уште те почитувам после се, не сакам да ти честитам затоа што знам дека нема да има никаков резултат, дека нема да има нешто повратно и дека повторно ќе се нервирам и не сакам да се понижам по милионити пат. Јас ти ветив дека нема да те барам. Среќен си сега?
     
  5. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
  6. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Не заслужил тој да си ги трошам зборовите на него. Ете скромно, после долго време само тоа го заклучувам.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што ти го слушнав гласот не можеш да претпоставиш како се чувствувам...
     
  8. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Само ти знаеш што ми треба, твојата топла насмевка и љубов до небо. Единствено ти можеш тоа да ми го дадеш, затоа те сакам, а ти тоа многу добро го знаеш! :l:
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.742
    Допаѓања:
    6.739
    Самата сум горда за мојата љубов кон тебе. Не заради личноста кон која е наменета, туку заради самото возвишено чувство, никогаш пред тебе не сум сакала некој поискрено и подлабоко. Прво, таа љубов ме правеше среќна, потоа многу тажна и после толку време, мислам дека уште можам да ја почувствувам. Не ми се верува дека оваа есен ќе биде помината една година од нас. Ти простувам, за тоа што ме повреди и што си лош човек, затоа што знам дека не си свесен за тоа. Сакам да си среќен и дај боже да не ти се случи ништо лошо во животот. Ти посакувам да доживееш барем еднаш нешто слично како ова што го чувствував јас за тебе, да сакаш и да бидеш сакан. Искрено. Жал ми е, што некој друг патеше поради твоите постапки, но знам дека и тој ќе биде среќен. Те немам видено 6 месеци, но ако те видам би ти ги кажала сите овие работи, колку и да не ти е грижа. Еден ден, сепак ќе морам да се откажам од оваа љубов..
     
    На crazylady и BurstBerry им се допаѓа ова.
  10. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Да знаеш само колку беше смешен кога ме виде во трговскиот и се стрча кон најблискиот бутик, како од ѓавол да бегаше :rofl: будала, стварно си мислеше ќе дојдам да ти кажам здраво? Не си свесен како ми се исполни душичката кога ти замрзна погледот кога ме виде. Ама ако, ти допрва ќе се срамиш. Па, на здравје нека ти е! ;)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Знам дека не сме истите од на почетокот. Ни јас ни ти. И во ред е тоа.. Мора да растеме во врската, да се менуваме... Само се надевам дека се менуваме заедно во ист правец, и дека нема да се разминиме. Знам дека последните неколку месеци не е се баш баш, ама гледаш дека се трудам и гледам дека и тебе не ти е сеедно да ме изгубиш. Тоа е добро. Ќе биде добро. Ќе направиме да е добро. Бидејќи те сакам и знам дека ме сакаш <3 <3 <3
     
    На crazylady, DesertGirl и Eveline им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.942
    Допаѓања:
    164.065
    Јутјуб и мајмикс би требало да се посикрени од она што јас сум кога те гледам. (еј не сум знаела дека јутјуб прави мај микс! ха!)



    Да, целиот текст. Те запознав кога имав 17... во своите спакувани со панделка соништа. И дојде ти... со реалните нешта, со стравот, со страста, со идејата дека светот е луд и прекрасен и ме однесе да го видам се тоа. Ми се допадна, да.... и извини за секоја рана, јас живеам со доживувањата, предизвикот, убоста од неизвесноста, со стравот во твоите очи... Ало, татко ми до ден денес ми ја љуби раката секој ден и ми вика ова е стандардот по кој живееш...
    Ми вика, ти можеш да продадеш чечкалици за 100 пати добивка. Ти се смееш, ти правиш глупости, ти правиш да мислам дека лебдам... а стои така глупо пред мене, ме забавува помислата дека јас и ти имаме утре на неодложено... јас те љубам. Лудо те љубам до бесконечноста, јас сакам да ти го ветам светот и да си отидам за да тргнеш по мене додека скокам детски по патот.



    И пак мај микс (ма закон ствар, ме знае повеќе од себе).

    Don't take this the wrong way,
    You knew who I was with every step that I ran to you,
    Only blue or black days,
    Electing strange perfections in any stranger I choose.

    Would things be easier if there was a right way?
    Honey, there is no right way.

    And so I fall in love just a little, oh a little bit every day with someone new

    И сакам луѓе, не за да ги љубам како тебе, туку за да ги истражувам, да ги запознавам и разберам. И тебе тоа ти пречи... тебе ти пречи што јас сакам да живеам, што ти престана да сакаш да живееш кога ме запозна, сакаш да се пикнеме во твојот мен кејв и да гувееме до крајот на животот. Што е погрешно да сакаш да живееш? Што е погрешно да ги сакаш луѓето? Што е погрешно ако дечкото на другата маса го прашам од каде е и од каде доаѓа? Зошто да не го поканиме на пиво кога е веќе сам или пак со некого? Да, јас сум номад. Лани кога сама заминав на 5000 километри од дома, за сите вас беше идиотштина, за мене беше убавината на постоењето. Застанав како лудак пред гнасотијата и убавината за она кое што сонував и си реков - у пичку матер колку го сакам животов и да рикам за децата кои просат и на другата страна децата кои уште кога се родиле знаеле дека ќе живеат убаво...

    Сум заборавила колку е убаво после се да те гушнам тебе пред да го завршам денот... со цела идиотштина од глупости меѓу нас двајца...јас знам дека ме имаш и знам дека те имам, по погледот, по допирот... и тоа е доволно додека не стасаме каде што сме тргнале.


    Другар (еден другар...), подобро фати ме за рака и прифати ме, јас те љубам, се уште, со цело срце, со цела душа...секогаш и засекогаш. Ти си јас, јас сум ти, но ти се плашиш да бидеш ти самиот и не ми дозволуваш да бидам јас самата...

    П.С. Извини дарлинг што во плејлистава се појавува и Здравко Чолич со што ти дадох, ама тоа е само мајка ми со нејзината плејлиста :rofl: А Бени Лава е дел од мојот глуп хумор. (facepalm)
     
    Последна измена: 30 мај 2015
    На popovich и 123.Maki-first им се допаѓа ова.
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Патиш лани колку ти се радував на роденденов? Како мене да ми беше.
    Посреќна бев од тебе. Тогаш бев среќна,најсреќна.
    Чудно ми е,цели четири години ти честитам прва роденден,а годинава....се,се е поинаку....ништо не како тогаш...
    Да не должам,се сетив на тебе....секогаш мислам на тебе.
    Среќен нека ти е роденденот,биди најсреќен исполнет со љубов....со све! Нека целата среќа во светов ти припадне тебе.
    Од љубов би ти посакала,ако уште не си нашол:
    Да си најдеш некоја поинаква, не совршена.
    Да си најдеш некоја за сите први работи до крајот на животот да ви се заеднички.
    Некоја која ќе иде на концертите од твојата музика и ти на нејзините.
    Да си ја најдеш.
    Таа што ќе те натера да чувствуваш поинаку.
    Таа што ќе те натера да покажеш како се чувствуваш.
    Таа што ќе извлекува од тебе се што никој не можел.
    Да си најдеш некоја со која ќе шетате по дождон со чадор затворен в раце. Оти така ви се може.
    Да си најдеш некоја што нема да ти става стикери на ѕидот, туку ќе резба зборови во него. Како што ќе ти резба љубов во срцето.
    Да си ја најдеш, да не ја оставаш.
    Постои нели?
    Постоиш.
    Оти толку е доволно за среќа. Тоцку ете тоцку малце.

    Така бев и јас...но ете според тебе,сум глумела.
    Не најмил,никогаш не ти глумев.Секогаш сум те сакала премногу,како што те сакам и сега.
    Ми се чудат за храброста,како сум издржувала без тебе....не,не издржувам јас...само се навиканав.Се навикнав да те немам,се учам да живеам без тебе,иако е тешко....морам да го прифатам факот дека никогаш повеќе нема да те имам. Дека морам да продолжам напред,иако е тешко.
    Тешко ми е што не можам да те изгушкам силно или да ти пишам среќен роденден.
    Живот.
    Те сакам....
     
    На julie77, popovich, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    547
    Е глуп си,да си знаеш!
     
    На 123.Maki-first му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Ти имаш нешто најубаво, нешто најпрекрасно, нешто најшармантно, нешто што другите го немаат.Ти ме имаш мене...:l::D
     
  16. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Мојата љубов спрема тебе беше толку голема што прерасна во омраза.
    Говедо си, си имав убава врска, а кога раскинав со него, ти наместо да не смириш, ми се пушташе. Те одбивав, а ти продолжи да ми се пушташ... Зошто кога не ме сакаше, зошто стори да те засакам мислејќи си дека ме сакаш, па да ме брукаш така? Зошто посака да бидеме во врска, а по 2 недели одоколу ми кажуваш дека сакаш пак да бидеме другари? Како смееше после сето тоа да и се пушташ на другарка ни, пред мене, а потоа да не ме оставаш на мира да си одам каде сакам, а згора на тоа и да им вртиш на бившите со скриен додека мене ме набедуваш како сум те изневерувала со другар ти... Сите бевме другари, ти ни го расипа пријателството, ти зошто ти дозволивме да бидеш петел во друштвото! Зар до толку беше важна победата што откако ме баци мораше да објавиш и статус на фб дека победата не е најважното, туку единственото нешто? И јас бев победник, целиот мој живот, но не знам зошто дозволив да ме победиш ТИ... Можеби затоа што можеше.
    По 7 месеца, кога се видовме пак, не се видовме затоа што те сакав, зашто ќе се селам од државава, зашто ти требаше помош, а јас сакав да ти помогнам. Се видовме зошто сакав јас да те победам, сакав да видам дали можам. Баш сакав да те прашам, како е да си победник, колку време минало како си уживаш во победите или веќе станува неиздржливо... Ти ми го даде одговорот уште пред да те прашам. Сакаше да сум со тебе пак, сакаше среќа, си ја почувствувал со мене по долго време, така ми рече... Љубовта е поважна од победата нели, поубаво е да имаш некој кој те сака, и јас така мислам, само што не сакам таа љубов да бидеш ти.
    И те победив, едвај те победив, се уште те сакав, тоа многу ме кочеше. Сакав да погазам се, но ти уште 4от ден пак си постапуваше како порано, ти било лошо, не си сакал да праиш муабет, јас не сум те сакала, само ми се праело муабет... Сфатив, и пак се да погазам, другарки минато гордост, ти пак нема да цениш, дека никогаш повеќе нема да сакам никој како тебе, па дури ни тебе! Не ми е гајле дали тебе порано вакво нешто ти се случило, та затоа не ме сакаше зошто ти си тој кој трчаше по мене, правеше скандали, штом не си ме сакал, не требаше да го правиш тоа. Затоа и испадна за никаде во очите на сите наши другари, цели населби, затоа победив, затоа што јас бев во право. Затоа сега остави ме на мир, ме замараш веќе 5 месеца, не врти ми со скриен, не праќај го твојот нов другар, нема да бидеме заедно, бевме. Остави ме да те памтам ко денот кога те запознав, вака само ми се згадува од тебе.

    Не знам, можеби и двајцата бевме глупи, можеби јас не знаев како да постапам, може ти доцна забележа дека те сакам, а пошто не си баш нормален, ги напраи сите тие глупости. Факт е дека тогаш, во тоа време, и двајцата бевме за никаде, меѓу 20 души а сепак сами, а и јас лажев, извини за тоа, но само за тоа. Кога те изневерив и го донесов другиот пред тебе, си помислив ако ти е, затоа и ти стоеше така скиселен и се правеше дека не ме гледаш... Детски глупости!

    Никогаш нема да сакам никој како тебе, па дури ни тебе! Затоа остави ме, вака ми е тешко да те заборавам поради животот кој инаку е досаден знаеш, ништо не се случува, се е преку фб, само ти ми се случуваш.
     
  17. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Љубов моја знам дека после толку време те повредив и изневерив...
    Иако сега ми прости за тоа не можам сама на себе да си простаам... и се страмам од самата себее... ти не заслужуваш на овој начин да ти возвратам ... Ти си најдобрата личност и најсикрена личност што до сега сум сретналаа... не знам кој ѓавол ме натераа да те изневераам... не можам да се помирам и самата себе штоо ти направив...
    Но јас тебе те сакам многууу.... и секогаш ке те сакааам ... :(:(:(
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Зошто не си тука на ваков дожд м? :$
    Само за гушкање и љубење е :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    #A.H. 2011
    c525f8a4d25834c93b7b9e3a909d6b50.jpeg
     
    На blueeparadise и Rama им се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски


    Не ме пуштај,никогаш...
    Дури и кога сум инаетлива,избувлива и нервозна,кога го мразам светот,кога плачам и се смеам,едноставно не ме пуштај,бидејќи веќе не можам да си го замислам животот без тебе...
     
    На kolumnistot, Sanjichka007, popovich и 4 други им се допаѓа ова.