Сакам кога се лутиш и повишуваш тон, освен што најчесто си во право, фино ти стојат тие вратните жили. И извини што се смеам, не се смеам на тоа што го кажуваш, туку како може да сум толку несериозна и да размислувам на твојот врат додека ти се нервираш.
Ти благодарам што покрај тебе учам да станам само подобра личност. Нема ништо почисто од твојата душичка. Цоонце мое
Одма ми недостигаш.. Значи не можам ни секунда без тебе ,среќо Те сакам најмногу ,најмногууууууууу , единствеенннн !
оф леле мајко што сум се родила зошто мене вака ми се случува-секогаш заљубена во недостижен и шефе гледај да не се заљубиш во мене фин си, мил си, не сакам да ти го скршам срцето
Колку и да сум авантурист, многу често посакувам да пронајдам некого кој навистина ќе го задржи моето внимание.... Те молам, бар обиди се.
Секогаш си во право, не си интересен веќе. И незнам ни што се чудам, за џабе не си на правен факултет.
Ти сисеоназаштотаа сонув-а и веќе неделимитепрогонува воменесепакврие страшен неспокој иакотимивелишдекасисамо мој
Повторно те сонував, мило. Повторно бевме заедно, како некогаш. Стоеше со отворени раце, а јас со трчање и солзи во очи ти се втурнав во прегратка. Ме галеше дур ти лежев на гради и ми кажуваше како се' било само лош сон, а оваа година без тебе помината била дел од тој лош сон. Плачев, од среќа. Лежевме и ги гледавме ѕвездите заедно, како јас и ти порано, како што не можам со него. Нашата песна свиреше во позадина, Coldplay - Magic. И се' беше повторно магично како порано. И повторно бев среќна. Те гледав како исплашена срна што го гледа својот спасител, како девојка која го гледа за последен пат љубениот преку стаклото на возот во еден правец. Свесна бев дека тој наш мал рај е само дел од мојата имагинација, но доволно ми беше. Со тебе бев. Се разбудив на повикот од дечко ми, кога ја кренав слушалката полу-поспана го изговорив твоето име. Тој пак со смеење ми кажа - будалче, сонуваш. Му изгасив со изговор да ме остави да се доспијам, и плачев. Плачев како секој пат кога ќе ја видам единствената слика од нас, ти ме држиш како да сум единствена, а јас те гледам толку заљубено, толку беспомошно. Плачев како секој пат кога ги читам нашите пораки, кога ми кажуваш - Моја си, малечка. Ме боли што те пуштив. Ме боли што ти кажав дека е готово. Ме боли што не се борев за нас. А најмногу од се' ме болиш ти, малечко. Вечер дур заспиваш со неа во раце, погледни накај ѕвездите, бар да заспијам знаејќи дека повторно ги гледаме заедно.
Љубов моја да те сакам премногуу... и сите луѓе на светов прават грешки но и од грешките учиме добра лекција .. Верувај дека не можам повеќе да издржам да ми ја повторуваш на секој наш разговор мојата грешкаа и ти си направил многу грешки но јас ни една од тие не ти имам спомнувано како ти мене.. До кога вакаа ?? доо когаа?? се прашуваммм навистина.. Иако те сакам толку многу .. но можам во еден ден да се претворам во сосема друга личност и да заборавам на се нашетоо..
Денес поминав покрај плоштад, едно од нашите места. Не ми протече солза ни кога ги видов тамошните клупи. Но некои места секогаш (ќе) одбегнувам. Паркот, кај што се обидуваше да ме бакнеш за прв пат а јас не ти дозволив, и калето кај што успеа да ме фатиш. Е тие места, не ги сакам, ги одбегнувам. Да ја имав таа храброст како некогаш и пак да ти се јавам, да видам како си, да те прашам што правиш и дали љубеш туѓи усни, но јас... се плашам од одговорот. Мајка ми е таа што ми дава се уште надеж дека еден ден ќе сфатиш што си загубил.. А јас, јас и велам: Мамо ма, гајле ми е... иако не е така. Криво ми е да, сеуште.Ама и да умрам од мака нема да те барам. ќе те оставам таму кај што е потребно, или барем ке се потрудам.. во минатото.
Ми се слушаат глупави клабинг песни, шу ми е. Сепак, let's get drunk on the mini bar, зашто c'est la vie!