Незнам ни што уствари да ти кажам. Премногу сум ти лута, премногу ме разочаруваш. Што ти стана тебе? Не беше ти ваков.
А бе смотан... ме разбуди у 4 саат и сеа иди спиј... Ја инат, ти трипати поише инат. Ти тврдоглав, а ја бетер. Ако бе, ќе си тренираме живци. Кажи бе душо, кога сакаш да те изнервирам, само кажи. Па фала Богу, затоа сум ја тука. И тоа у секое време. Ич да немаш гајле. Ама друг никој не смее да те нервира, да се разбереме. Иначе ќе си има работа со мене. Ја малер, ти малер. У ист ден кога паѓа едниот, паѓа и другиот. Сме се нашле, уууу пм. И како така бе не си по пивото? Ако бе. Со мене на све ќе се навикнеш, шо се сеќираш? Човек ќе те напраам бе, еееј бе. Човеќ ќе постанеш. Не си јадел благо. Аха, да. Смеј само кажи не, дупла порција ти праам. Не сум лоша бе, тоа од љубов све. Ми фалиш бе, глуп. Те сакам, ај мрш сеа.
Па ќути си викам среќа... Среќа што никој не знаеше колку те сакав, па нема кој да помисли дека ти трпелива ме направи, почувствителна на секундите кои минуваа чекајќи те... Среќа што никој не знаеше како со поглед те милував, па сега нема кој да тврди дека погледот ми замрзнал по тебе... Среќа што никој не знаеше колку те сакав, па нема кој да рече дека нежните зборови ти ги однесе од усниве... Среќа што никој не знаеше колку те сакав, па солзите кои се слеаја не ги виде, па нема да каже дека безживотен и ладен погледов го стори ти... Среќа што никој не знаеше колку те сакав, па нема кој да рече „Не се насмеа бе веќе таа без него...“ Среќа што никој не знаеше колку те сакав, па не дозна никој колку болеше додека излегуваше низ пориве... Среќа што никој не знаеше колку те сакав, па раниве по телово од тоа заминување твое не ги забележа... Среќа што никој не знаеше колку те сакав, за да не морам да му кажам дека во заминувањето надежта, вербата, соништата се во куферот си стави... Среќа што никој не знаеше колку те сакав, па не дозна како пред некои усни се тресе телото... Среќа што никој не знаеше колку те сакав, па нема да бара да сакам пак така, да се давам пак така... Среќа што никој не знаеше како патев по тебе, за да не се откаже од љубовта... Среќа што никој не знаеше како те сакав, па нема кој тоа мачење љубов да го наречи, па нема кој да ја испогани пустата...
I know I left too much mess and destruction to come back again And I caused nothing but trouble I understand if you can't talk to me again And if you live by the rules of "it's over" then I'm sure that that makes sense... Ми фалиш.
А ми рече само „Јас би те сакал како глуварче знаеш ли?“ И му викам .....„Ама растение најде“ И за миг почувствував еден поинаков здив на увото, една малку посилна рака на половината, еден посигурен глас, еден невиден блесок во очите... „Ете таква бела, разиграна и љубопитна како може да те сакам...?“ И ме замисли знаеш ли...? По долго време крвта ми зовре, па образите зацрвенеа, па рбетот нежно ми се сви, па ѕидот од самодоверба ми се разниша... и чув дека глуварчето во себе отров и нежност сокривало... и чув дека од вода, онаква ко страсна пот, растело... и чув дека по стеблото нежно се галело, да не почувствува, да се скроти... и чув никој листовите не му ги допирал, да не го исплаши, да не побегне... и од него уметност љубовна се создавало... зошто било убавина и мозок заедно.... отров и лек во едно... белина која убива... И треперев без збор како никогаш...ете како глуварче на полноќно ветре... И треперев како жена... по долго време...по долго време ...
се беше во ред и сеа наеднаш не е.. како бе така? за жал мислев дека си променет.. но не е за џабе поговорката.. човек никогаш неможе да се промени доколку не сака..
Пречка од моја страна па пречка од твоја страна ... толку издржавме па ќе издржиме уште некој ден а после тоааа пердуви ќе летаат на сите страни нема да можам да се заситам ни јас од тебе ни ти од мене
Na krajot sfativ deka zivotot mi go podari ona sto otsekogas sakav. Ne, ne mislev na tebe. Tebe te nemam zosto ne si ona za sto mectaev. Posakuvav da imam nekoj koj ke me saka najmnogu, iskreno I nekoj na koj ke mu bidam edinstvena. Zaradi nego sum najsreknata devojka na svetot.Sakana sum.Toa mi e najvazno.Neizmerno sum srekna sto te imam I edvaj cekam da do moeto ime, da bide tvoeto prezime.
Хм...ми вели зошто пердувче, знаеш ли...? Па секунди минуваат додека смислам... Зошто пердувот е дел од кожата откинат...ете така без патетика и драма... Зошто пердувот и кога го откорнат згрчен во болка се смее... Зошто пердувот се чува за навек, како спомен во листови од љубовна книга... Зошто пердувот ќе ме гали секогаш...ете ќе ме поткрепува на грбот секогаш... Ете така му реков.... Зошто не можам да му кажам дека со тој пердув со дел од душава молкум ќе се збогувам... Зошто само така нежен на кожата која прегорела смее да стои... Зошто не може да разбере дека својата нежност во тој пердув сум ја скрила... Зошто не почувствувал како љубов животна на грбот се носи... Зошто не го болело кога грбот се скршил под камшикот на таа „љубов“.... Зошто уште рамнотежа губам пред молкот од таа љубов... Зошто како пердув ме туркаше од себе таа, ете таа бескрајната љубов... Зошто таа ете таа мене ме сменила... во болката ме прегорела... Зошто само таа смее да стои за навек на мене....во мене...