Секој ден со тебе се чуствувам поубава, посреќна, посакана, насмеана и исполнета со љубов - остани секогаш до мене и остани секогаш ваков каков што си!
Имам да ти кажам дека додека те чекав, многу работи научив , дознав, направив. Се пронајдов себеси, се чувствувам исполнето и задоволно ... и замисли , дур се случуваше сето ова јас заборавив дека те чекам..
Посакувам да можеше да се отвориш, да можеше да ги искажеш емоциите што лежат во тебе. Не би променило тоа ништо, свесна сум и јас, времето за нас помина, премногу доцна е... И да ти кажам дека иако сум среќна сега, би била посреќна ако ја знам вистината....
Ја чувствуваш ли разочараноста во мене? Ми доаѓа да легнам,да гледам во ѕидот,да ги пуштам Рејдиохед и да си лежам така. А,имам матура,еден куп за учење. Најлошо е што знам дека ќе дојдат солзите и нема да прекинам да плачам. И што ќе нема никој покрај мене. Доаѓај си веќе побрзо. Нема ништо да направиш за да се чувствувам подобро,но присуството твое ќе ми влијае позитивно. Се надевам. п.с-https://www.youtube.com/watch?v=HeHqt9YcVDs
Толку имам да ти кажам, а толку не можам да ти кажам. Толку те мразам, ме нервираш, не можам да те поднесам, а истовремено те посакувам, ми требаш бескрајно и не можам без тебе. Пробувам да се замислам со други, оди, ама не оди, ти сакам да ми бидеш сопруг, да ме пазиш и мазиш истовремено. Од друга страна, ме преплашува тоа што си таков, љубоморен, што замислуваш се и сешто, и се плашам дека ќе ме затвориш дома. Параноична сум, мислам дека ме лажеш затоа што знам колку си способен и колку си проклето добар во се. Не знам како да ги решиме работите, знам дека умираш по мене, и ти знаеш дека умирам по тебе, а сепак толку е невозможно да сме заедно...
Само нека се средат сите овие работи кои прават и двајцата да бидеме нервозни и напнати. Не сум виновна јас а ниту пак ти,но како што велиш подобро сега да се случи оваа да се среди се на време отколку истото да се случува кога ќе треба најмногу да уживаме...
И конечно ме праша она што очекував дека ќе ме прашаш. А јас? Јас кутрата незнаев што да ти одговорам. Да знаеш убав, грешката не беше во тебе, туку во мене. Незнам што планирав, незнам што сакав ама ептен се изглупирав. Глупава. Сум имала среќа што си ти срце.
абе дечко се затрескав во тебе од очи додопир, до коса абе туто комплето уште да си бидеш мој Господе пракај го ваму оти јас скренах веке ти бе дечко со сличен проблем ко мене МЕ ПРЕСЕЧЕ јасно и гласнои поработи малку на своето однесување и што сум крива јас што сум посебна , што имам мајка ненормална а најпрво од се што немам големи гради затоа злато мое ШЕТАЈ