Уште ништо неам шо да ти кажам... Убаво ми е , слабо те мислам.... А и кога го правам тоа , секундарно е ... не боли, не пецка, нема драма....
Мислам дека ова летово ќе ме убие..Не е можно,колку секој нов ден ме потсеќа на тебе,колку секој нов ден ме потсеќа на секој спомен... Не,не сакам да заборавам ништо. Се нека остане врежано во моево срце,убави спомени си имам со тебе. А и тебе не сакам да те заборавам...А и да сакам,нема да можам.. Ти ми беше најубавото нешто што ми се случило во мојов живот. Кога најмалку очекувам тогаш те среќавам...Не мислев дека ќе седнеш спроти мене. Господе,колку ти зрачеше само насмевката,колку ми беше само совршен.Исто како тогаш,кога беше мој. Прв пат во животов глумев дека ми е е сеедно,дека не сакам демек да те видам..А толку многу сакав да те гледам....Но,мислам дека насмевката ме издаде. Сакав да останам уште долго да те гледам,но не можев...Не можев да стојам толку блиску до тебе,а да сме долку далечни. Не можев да си ги контролирам страстите. Во секој момент сакав да ти дојдам и да те изгушкам толку силно како тогаш... Те гушкам само во соновите,само таму ми дозволи да те гушкам. Копнееам за едно здраво со тебе,копнеам за една прегратка и еден бакнеж од тебе. Не требаше така да заврши...сама сум си виновна....Никој не ми е крив.. Успат,многу си се разубавил..Многу Уште се сеќавам на денот,ко те прашав : -Во што сум толку многу посебна? Ко ми одговори: -Не знам,еднаш ко те бакнав ми се насмеа толку нежно,мило,топло....како никоја досега... Ќе ме убијат спомениве,ќе ме убие градов што секоја улица ме потсеќа на тебе... Колку повеќе те гледам,толку повеќе сфаќам дека го изгубив највредното нешто што сум го имала во животов... Сакам да те сакам уште еднаш за прв пат...Да почне се од почеток,кога те запознавав за прв пат,кога ти побарав клуч...Знам дека ќе те сакам повеќе,многу повеќе.Ќе те чувам многу подобро. Дај те молам погледни ме уште еднаш онака длабоко како некогаш.Сакај ме како некогаш.Да бидам твоја како некогаш.Ама овој пат,ЗАСЕКОГАШ.
Кога ќе те видам срцево возбудено и вљубено започнува да чука. Твојата насмевка ме привлекува, а кога ќе те видам насмевнат и моето срце се смее. Ти си тој што ми ја грее душата, она силно чувство што покажува каква е всушност вистинската љубов. Она што и кога сум тажна ме прави среќeн и она што понекогаш и без причина ме тера да плачам, да пролевам солзи без потреба. Те сакам со сето мое срце, ти си мојата најголема среќа. Ти си мојот сладок копнеж кој успеа со само еден поглед да го освои моето срце. Она срце кое дотогаш незнаеше што е всушност љубовта. Остани засекогаш мој.............Само мој!
Ах бе. Знаев еден ден дека ќе плачиш и ќе молиш. При сета мака,дури и смеа ме фати,гледајќи те така размрсулавен како бараш прошка. Свесен си дека имаше редок бисер,ни пипнат од други ? Свесен си дека таков бисер се најдува многу тешко ? Знам дека ти е тешко,знам дека си за нигде.знам и дека ти е криво. Ама знам и дека знајш дека душата ќе ти ја извадам и нема да простам така лесно.
Да бев крива те изгубив знам бев идиот,а ти ме пушти и не ми даде шанса иако ја заслужив.Немој да мислиш дека се е моја вина лесно се откажа од мене.И те сакав и продолжив понатаму ама секогаш ќе останеш делчето во мене што засекогаш ќе ме гуши и нема да ми даде мир.И нема да те лажам и да ти посакам се најдобро со некоја друга,бидејќи знам се што направив за тебе се борев како да сум ти мајка било од која друга нема да може да ме замени.Ама ако ме видиш со некој друг како се смееам и сум среќна напраи се за да те замразам и да се ослободам од тебе. Секако ова би сакала да му го кажам,а би му го кажала ова: Не те сакам,нејќам да те видам се најубаво понатаму.
Кај си бе Дрејк Бреј, никогаш не ќе сфатам како луѓе можат да одглумат цела врска. Јас не можам ни добар ден да изглумам Само да знаеш, сите чувства кои ги имав за тебе заминаа. Би те почитувала, но ти си само детенце без мака во животот. Да сакав дете, ќе си направев, фор факс сејк. Многу ти фала што ми раскина. Да се влечкав уште со тебе, немаше да најдам некого далеку подобар од тебе.
Ме научи откога ќе завршиме работа да легнам на грб да ти земам дим од цигарата без да се замарам како беше и дали беше добар и дали бев добра. Ме начи да го читам твето „јас тебе дупло“ во твојата тишина и насмевнат поглед кој го спушташ во земја под полната месечина.
Да оставиме времето да биде во наша корист,а не ние во негова..Морам вака да се однесувам,за да видам колку си спремен да ме следиш...а добро знаеш дека Те сакам
Ако престанеме да се караме,кога ќе се споиме ние двајца може нешто убаво да испадне...А мисалм дека и на двајцата ни е доста од карање за глупости...ајде малце да уживаме.Уште долго да си тераме вака мило #2 Во моментов и му ја пратив поракава..
Нека ни се множат деновите месеците и годините поминати заедно маченце мое... Пресреќна сум што те имам,пресреќна сум што ми го разубавуваш секој нареден ден Чест ми е што се будам секое утро до човек како што си ти Посакувам нашата љубов секој ден да расте се повеќе и повеќе а насмевките да не престанат никогаш.Се што посакувам е само да сме здрави а сето онаа што заедно го посакуваме ти ветувам дека ќе го оствариме. Малку по малку ќе биде се - така секогаш велиш а јас верувам во секој твој збор и да знам дека се што сакаме ќе се среди