И низ ѕидовите во кои на самотија љубовта ти ја осуди, без храна, без вода, И душата на тацна ставена ја исфрли, часови се надмудрувавме... како лути непријатели, како борачи за територија нова, Со познатите зборови, со научени фрази и гестикулации, Со кревање на веѓите, прчење на усните ... Со лажење на душиве години дека сме вешти да ги изиграме, молкум надмудриме, Како да ни малку да не боли што сме разделени, Како да е тежи што се уште се будам сама, Како да не гори кога замислувам како продираш во друга, Како да не ме боли што сум ти дала, Што лакомо и себично си зел, Како да не ме болело многу, Како да не ми цутела душава со тебе, Како да не ме стегало срцево од секој што наликувал на тебе, Како гласот твој да не ми недостасувал, како мирисот да не ти избледувал... Ами како само сега да боли, во мигот кога се надмудрувавме , како само да боли што те отсакав, Што не рече стој, што се прашувам што сега....?
Никогаш не си ми припаѓал,никогаш не си ми ја дал душата,никогаш не си ме погледнал со топлина,никогаш не сум почувствувала дека ми се даваш целиот!Порано мислев дека толку ти се можностите,едноставно дека некои луѓе,како тебе,немаат капацитет да сакаат,да вложуваат емоции,да се отворат и си ја разголат душата пред другиот,да се даваат себе си безрезервно.Сега мислам дека тоа е резервирано за друга,едноставно знам.Е сега прашањето е,зошто правиш деца бе,тие се невини,а се најголеми жртви во таквите ситуации.
море шефче не си ја избричил брадата сликан си ПРЕВАРО ЕДНА со девојка ти брат ти и претпоставувам девојка му инаку брат ти има слични очи ко мене хехехе практично ко јас да сум до тебе како Господ те казнил на многу итар начин ти по кафиња јас се спремам за на факс летото некако ке помине и како " пријатели " нема шанси-оти да ги слушам твоите жалби и поплаки од девојкати и од другите луге околу тебе немам намера
море човеку не се прави на будала дека не знаеш што е тоа шуфле бившиот уште шуфле фали да инсистирам да ми помогне како што беше запален леле мајко ЕДВАЈ се спасив ама знам зошто ти незнаеш што е тоа шуфле-немам купено картички на твое име затоа(извини немам начин како да земам пари од дома) ама ако господ гледа
Првата љубов отиде може така требало да биде ај, ами и втората да ја најдиш и пак да неможеш да си со неа..Трета не сакам, инаку кај те видов кај се запустив пак, заради тебе ли никој друг не погледнувам!!!!!!
23-ти секогаш боли без тебе. Знаеш, тоа што го прави овој ден толку посебен за мене не е фактот што го искусив мојот прв бакнеж воопшто, туку тоа што мојот прв бакнеж се случи баш со тебе. Ти веројатно нема ни да се сетиш, но јас се сеќавам и за двајцата. Поминаа 8 години, а како да беше вчера. Нашата приказна беше од оние што девојчињата како мали мечтаат, приказна за принцот за кој сонуваш од 5, го бакнуваш на 15 и станува љубовта на твојот жовот. Знам, да се вратеше оваа лето веројатно ќе преминевме преку сите препреки кои ја попречуваа нашата среќа последниве две-три години, и ќе имавме "Happily ever after" на нашата сказна, а тоа е тоа што прави овој 23-ти да боли најмногу. Како и да е, овој ден секогаш ќе го паметам како ден на кој принцот од моите соништа ме бакна и го остави трагот од своите усни засекогаш. Можеби за некои малку патетично, но за мене е совршен прв бакнеж.
I pak sum nepravedna kon tebe. Znam. Smotana sum No sto e so mene??? I jas ova ne go posakuvav ijaaaaaas!!!
Се откажувам. До тука ни било пишано. Жал ми е. Те сакам премногу, те сакам повеќе од себе, ти верував, се надевав на тебе. Сонував да бидам твоја секој ден до крајот на животот, сонував семејство со тебе, жива бев само во твоите прегратки. Жал ми е многу што не успеавме.. Можеби некогаш Господ повторно ќе ни ги спои патиштата, можеби некогаш повторно ќе бидиме среќни. Но до тогаш ќе живееме далеку еден од друг. Најдобро е за сите. И ако ти се појави прилика ожени се, немој да мислиш на мене, научена сум јас да живеам во болка. Ќе бидам среќна само ако знам дека ти си добар и среќен. Жал ми е. Те сакам.. Збогум П.С Жал ми е што последниот пат не те гушнав посилно.
Зошто во тебе гледам совршена личност, зошто не можам сама на себе да си признаам дека не си. Еден ден си нај прекрасниот човек на светот, а веке другиот ден си толку ладен и недостижен. Еден момент ме гледаш заљубено, а веке во следниот ладно. Осекам дека на некој начин ти требам, но не знам до кога ти ќе ми требаш ваков. Ме креваш до небо, а во следниот момент ме спушташ на дното. Многу пати си ветувам дека е крај, дека е последен пат, но само што ќе ти го слушнам гласот заборавам на се. Ти си човек со анѓелско лице а ѓаволско срце.
„Жената навистина многу зборува, но сепак, слушај ја. Еден ден ќе се умори, не од зборување, туку од зборување на празно, па знае и да си оди… Е тогаш тишината ќе те полуди“
Ставаш песни Све си ми ти? Сериозно? Oh, well.. Кај беше кога ми требаше м? Кај беше кога ме правеше несреќна и тажна? Кај беше кога ти велев по стоти пат дека не оди, дека не си истиот, дека не те сакам ваков, остар и недопирлив. Сега, сега не ме интересира.. Треба магија или некое чудо да се случи за да ти прозборам уште еднаш.. Ти не сфаќаш, мислиш дека ќе ти се вратам брзо брзо, како послушно кученце? Е не, овој пат се излажа.. Си ветив на себе дека нема да си дозволам да се понижам пак.. Оо, не, не пак.. Нема да си дозволам да си го прекршам ветувањето, овој пат јас сум најбитна. Јас сум желбата за која живеам, не ти.. Научив после толку сурови и остри зборови дека не заслужувам да бидам третирана лошо од човек кој ми значел се. Толку ти беше од мене. Си ветувам дека ќе се грижам за себе најдобро што знам, и дека ќе си ја исполнам секоја желба..
Пак ми го направи истото. Ми даде трошка надеж и замина во твојот вештачки живот, на твојата иссилена љубов. Живот кој си го создал за роднините, за пријателите, ама не и за себе. Не ме лажи, не си среќен таму. "Јас сум човек од збор" - си ми рекол илјада пати. А кој ми е мене виновен кога читам од очи, не од усни. Чекам срцето да проговори кај тебе, ако не се изморам веќе од чекање. Зашто после секое вакво заминување, јас сум поблиску до дното. Можеби тогаш кога љубовта ќе ти биде поважна од дадениот збор, ќе се вратиш кај мене. Ама се плашам дека ќе најдеш една несреќна, разочарана девојка, без воља за живот. Што ќе ти сум тогаш? Што ќе ти сум таква?