Зошто не сакаш да ме пуштиш? Верувај ми најдобро ќе биде ако се разделиме? Пушти ме. Не ми отежнувај уште толку. До кога ќе се бориме м? Те молам заборави ме, остави ме да те заборавам и јас тебе. Не доаѓај, не сум спремна да те видам сега. Се познавам себе, пак ќе ти се фрлам во прегратки, ќе попуштам.
Шо мислиш зошто поцрвенувам кога те гледам? Шо мислиш зошто се радувам половина ден дека те видов иако ти рецка не ми маваш? Шо мислиш зошто дека живееме во ист влез јас секогаш се погледнувам накај твојата врата и потоа се качувам на мојот кат? Шо мислиш зошто зад зграда кога одам се вртам и гледам дали си на балконот? Шо мислиш зошто кога си уклучен на фејсбук скокам од радост иако не ми пишуваш? Шо мислиш зошто постојано сакам да зборувам за тебе? Мислиш ли ти воопшто бе море?
Ти губиш такви како тебе што го удираат нож од зад грб, што изневеруваат, лажат ги има на секој чекор и затоа нема да ми биде мака зашто сум те изгубила ама затоа ваква личност како мене што ќе те сака верно и искрено, што секогаш ќе те засмејува, ќе ти биде поддршка во се, ќе се грижи за тебе кога ќе си болен или кога имаш некој проблем ќе ти помогне не се наоѓа лесно редок бисер се веќе вакви девојки достојни за да бидат сакани.
Се изнагледав комедии за да ми се смени расположениево..па, добро е ...до некаде успеав Само, ми останаа пак цифри да ми се вртат да формираат датуми и да ми оживуваат спомени... Оживеани спомени кои закопале едвај поднослива болка во минатото... Празнината никогаш не ќе биде пополнета. Колку и време да помине лузни не зараснуваат. Дино убаво си испеал: лажу,лажу ме да време лечи све... Ама на крајот на краиштата се учиме да живееме со се што било без оглед колкав ни е багажот од минатото.
Се колнам, го чувствував твоето присуство оваа вечер. Си ветив, овој ќе биде последниот 23-ти и последниот ден воопшто што патам без тебе, по тебе. Излегов вечерва, и еве ги; твоето друштво насекаде околу мене. Тука се, само ти не си. Им недостигаш, ми недостигаш. Ме прашуваа за нас, си реков ќе бидам силна, нема да пуштам солзи и ќе се насмевнувам. Нив можеби ги измамив, барем оние кои не ме познаваат добро, но самата себе не можев. Срцето ми се раскинуваше на наајситни честички. Проклет да си, ти велам - насекаде си околу мене. Ми недостигаш!
Утрово неместо да те прашам "што бараш ти овде?" јас се стуткав во твоите прегратки и продолжив да спијам..
Само сакам да знам што те мачи. Ретки се тие моменти кога ти се затвораш, друг човек си тогаш. А јас пак се чувствувам толку немоќна кога не можам да допрам до твоите мисли. Ќе се стрпам, ќе чекам, ти имаше доволно трпение за мене дури и тогаш кога не заслужував.
Како искра надеж моја си,како слика убава си ти,за очи рај за душа лек без тебе минута е век,твојта коса на кокос ми мириса твојата насмевка мене ме опива за нас за нас времето лета на нас на нас љубовта чека
Ставаш тажни песни, а ги бришеш сите сликите? Некако контрадикторно, ама ако.. Не се сеќирај и јас ги избришав, и од компјутер ќе ги избришам. Вели мајка ми, немој тоа ти се спомени, а јас, да, но не сакам спомени од некој кој ме повредил со сета негова сила.. Не ми требаат такви спомени. Ќе ги избришам сите, ќе ги заборавам, и тебе ќе те заборавам. А ти продолжи да ставаш тажни песни и да одиш сам на Водно и сепак да ти биде загушливо.
Ми фали едно дете. И едни очи сини. со еден поглед длабок. Со една насмевка мила. И очите само за мене, Со погледот жеден, Со насмевката магична. Само мене да ме милуваш, Само тебе да те сонувам. Да копнеам за секоја прегратка, За секоја воздишка И секој бакнеж. Ми фалиш ти... Само твоја М...
Олеснително е штом во тебе љубовта ја убие Оној кој за неа спремен не бил... Оној кој вресокот од страст и молчалива љубов не го сакал... Оној кој не продирал во тебе... кој плима и осека на нежност не ти бил... Оној пред кој непотребно си се постилал...без ништо да бараш, без ништо да сакаш... Оној кој не е створен така да љуби.... Ете олеснително е тоа....
But if I did I would kneel down and ask Him Not to intervene when it came to you Not to touch a hair on your head To leave you as you are And if He felt He had to direct you Then direct you into my arms...
На тој твој ѕид од тврдоглавост пола тули јас ги наредив. И те разбирам потполно, доблесна сум да си признаам кога грешам. А секогаш е полесно на друг да му префрлиш кривица, така полесно се спие. Ама па на крајот на денот и не е тоа поентата.
Ќе си одам. Сфати ја сериозно работава. Нема да се вратам ко минатиот пат, сега знам што ме чека. Се си мислам дека не ме сфаќаш ко што треба. Ауу... Имаш шанса да дојдеш со мене. Уште од јануари ти кажувам. Требаше да го средиш тоа, до сега ќе беше на пола пат. А ти само денес, утре... Еее теле мое, пак ќе плачеш.