Ни се зачестија венчавките и свадбите само уште да не се притресуваш така дури невестата го фрла бидермаерот и да не издишуваш со олеснување кога ќе го видиш во други раце, ќе биде супер
Јас не сум како тебе. Доколкуу сакам да престанам да се гледам со тебе, ке ти го кажам тоа во очи. Дирекно очи во очи. Не сум кукавицааа.
Сите љубовни приказни немаат среќен крај. Ни јас не знам како да започнам едно писмо, еден текст, еден пост за крај и завршеток на една љубов. Стара љубов. Одамна имав расчистено со себе, со тебе, со нас, но денес го официјализиравме тој крај. Мислев дека ќе имам грутка во грлото, дека можеби ќе проструи нешто низ моето тело, дека ќе почуствувам нешто. Тага, болка...било што. Огромен ходник со многу простории означени со бројче. Движејќи се како низ некој лавиринт конечно го здогледав бројчето запишано во писмото за потврда на терминот. Таму беше и ти. Повеќе од година се немавме видено или чуено. Збунет поглед, повеќе шок бидејќи бев покрај друг и со количката до мене. Почуствував како секое делче од твоето тело се парализира и веќе не ни испушти воздух. Иако мојов со брзина на светлината ја истурка количката на другиот крај од огромната хала одбегнувајќи секаков вид на конфронтација, јас застанав и ја подадов раката. Изустив едно здраво, како си.... Седнав. Молк од 10 секунди кој се чинеше како вечност. Чекавме да се отвори вратата и да не повикаат. Праша дали е момче или девојче, како се вика, и колкава е. Ти се стркалаа неколку солзи . Го изустив името и во истиот момент ми текна дека порано разговаравме дека ако имаме девојче ќе го носи името на баба ти. Не, не го ставив истото име. Сега е на друга баба, друго име. Колку и да го имав засакано одамна веќе ми беше туѓо. Сега беше едноставно несоодветно. Прашав и за мајка ти, тетка ти, баба ти. Сподели дека баба ти ќе полни 99 и дека е во дом за старци, како тетка ти ја има примено веста и како мајка ти ја доживеала раделбата. Не ми беше сеедно. Се сеќавам лани за твојот роденден иако веќе не бевме заедно ги посетивме мајка ти, а потоа тетка ти и баба ти кои не знаеја за нашата разделба од пола година предходно. Во очите на мајкта ти имаше надеж дека можеби во меѓувреме се средиле работите, а баба ти и тетка ти беа среќни што после толку време повторно ги посетуваме заедно. Кажа и за првиот дечко на внука ти, за сите нови збиднувања. Сите тие луѓе ми значеа толку многу а сега како да се само туѓи сеќавања, од некој друг живот. Само неколку минути покасно веќе се шегувавме и говоревме како двајца стари пријатели. Стандард малку потрачари, искоментира колку сум дотерана и се распраша за мојата фамилија. Не ми се верува дека на среде процес го исплази јазикот и ми се накриви. За момент беше истото момче кое го запознав пред 9 години. Истата искрена, наивна детска насмевка. Не бевме свесни што се случува, зошто сме таму. Како да се замрзна времето. И за кратко време беше крај. Крај на процесот и официјализирањето на еден крај. Крајот на нашата некогашна љубов. Некако ни дојде многу брзо. Следниот миг веќе бевме надвор во ходникот и требаше да се поздравиме. Од едната страна мојот живот, мојата иднина. Човекот на кој му го подарив срцето и она најмилото чедото а од друга ти. Само изустив дека имаше многу добри моменти, дека нема простор за да жалиме. Посака да останеме барем во контакт преку меил...за да споделуваме големи моменти од животот. Изговоривме дека бевме премлади и неспремни. Несозреани. Дека не е ничија вина. Една последна топла прегратка и обострани желби за се најдобро во иднината и едниот на лево а другиот на десно. Чекорејќи наспроти минатото кон сегашноста и иднината. Се разделивме онака како што доликува. Како луѓе. Луѓе што делеле многу повеќе од младоста и ист покрив над глава.
МЕ ИНТЕРЕСИРА КАКО ТАКА СИ ЛАДЕН ШПРИЦЕР БЕ иГОР?! НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА МЕ УБИЈАТ ТИ ОТПОСЛЕ КЕ РЕАГИРАШ ПА НЕЛИ СИ МИ ПРИЈАТЕЛ А ЦЕЛ ДЕН РАЗМИСЛУВАМ ШТО БИ ПРАВЕЛА КОГА БИ УМРЕЛА МОЈАТА МАЈКА И ПОМИСЛУВАМ НА ТЕБЕ И НА ДРУГАР МИ КРУМЕ ОВА ПОКАЖУВА ДЕКА НА ОВОЈ СВЕТ ИМАМ САМО ДВЕ ДРУГАРКИ НА КОИ МОЖАМ ДА СЕ ПОТПРАМ
Umbrella22. ништо не е невозможно ако двајца се сакаат и цврсто стојат на патот кон својата цел Ја не би тргнала по друг пат и не би ја отфрлила раката која цврсто ја држи мојата. Не би и го дала задоволството на дотичната да ја стави круната на својата глава... Не се замарај со кој што рекол кој што сака важно е вие што сакате... Уживај во секој миг поминат со него. Мислам дека премногу го притискаш и со тоа го мачиш него а и себе Ќе ми извиниш што си зедов право да прокоментирам. Не дека ќе прочита На дечково мој, би му кажала дека е моје мирно море, мој добар дан
Ех... ич да не се секираш... И ти си заборавен...полека и нежно...како со рака однесен... И ти си затворен во кутија без воздух, како изветвена фотографија која никој не сака да ја гледа... седиш таму додека се чистат сите наслаги од љубов по себе што за тебе ги оставав... додека се гребат со нокти зборовите што само за тебе ги чував, додека како цвеќе исушуваат мирисате твои кои себично во душава ги стокмив... додека со секое ново вдишување срцево се помалку те препознава, дека се одродува од милувањата твои кои душата му ја топлеа... додека секоја илузија за љубов вистинка по ѓаволите е пратена, подалеку од очите да стои, подалеку од раните, подалеку од сеќавањата, подалеку од болката во утробата, која смрт на пеперутките донела.....
Понекогаш не знаеш и не можеш да процениш колку навистина вреди некој кој повеќе години е покрај тебе. Прво го запознаваш како пријател, за кој не си свесна дека некогаш ќе ти значи како никој друг. Годините поминати познавајќи те како другар ми помогнаа да разберам каков човек си. Најважно е што ти си полн со разбирање, утеха, љубов и добрина. Пред неколку години те запознав и каков си кога сакаш. Истата личност за мене доби уште многу значајни доблести. За мене пред се си човек кој е секогаш присутен во мојот живот во добро и зло. Не познавам никој што го заслужува најдоброто од тебе. Зрачиш, секогаш за мене си зрачел. Подготвен си цела среќа мене да ми ја дадеш, макар да не се насмевнеш никогаш повеќе. Нема жена која не би сакала човек како тебе. Јас сум среќна што те имам и ете прв пат пишувам тука за тебе. Нека знаат сите колку е убаво некој вистински да те сака. Во животот секој човек треба да почувствува како е да сакаш и да бидеш сакан.
Си седиш онака стуткан,повлечен во себе,некако,не знам точно како да се изразам,како посрамен,ме погледнуваш и анализираш,мислејќи дека не го забележувам тој поглед.Некогаш се правам дека не забележувам,а некогаш наеднаш ќе те прашам што ме гледаш,а ти измислуваш некоја банална причина.Знам дека ја забележа искрата во моите очи од пред некој ден,а ти не си причина за неа,па можеби ме анализираш нешто, или пак си посрамен после сите оние работи,па се прашуваш што и колку знам.Навистина не можам да одгатнам.Со веќе познатиот твој стил,се обидуваш да воспоставиш пак некаква близина,но сите овие години ме кршеше и ме скрши,никогаш нема да биде исто,не можам да те гледам како порано.
Во својот најтежок момент до сега, одлучувачки за твојата иднина да кажам.. тргна се настрана и својот страв од неуспех и баш се за повторно да докажеш колку си неверојатен дечко.. во таков момент ме стави повторно мене и мојот страв и несигурност во себе пред се на листата и успеа по не знам кој пат да ми докажеш колку сум среќна што баш јас те имам само за себе. Тоа е твојата неверојатна несебичност и верба. Толку многу веруваш во мојот успех, во мене што дури и јас се зачудувам како е можно. Толку многу ме сакаш што како што викаш и самиот- поише од самиот себе. Дел од најневеројатните моменти со тебе кои ми даваат поттик за уште повеќе да те сакам и да ме потсетат зашто пред скоро 3 години те фатив за рака со сигурност и верба во Нас. Дека ќе успееме.. Како што кажа самиот- Некои луѓе целиот свој живот живеат за да го најдат она што ние веќе го најдовме.. Е ова е љубов..
љубави моја конечно те видовhug: чука за тебе само уште да се споиме и да бидеме заедно а ти партнеру ако ме послужи среката можеби и ке бидам поуспешна од тебеhug: те засакав и да ми се допагаш ама ми се допага и брат ти (слаба сум на фраери со руса коса и сини или зелени очи) а брат ти е преубав