Не ми се верува што се случи вечерва избегав од тебе како ѓавол од крст ниту самата не ја знам причината а претходно се би дала за да те видам, да ти подарам насмевка, да ти украдам поглед ама денеска изреагирав спротивно на моите чувства кон тебе. Иако велам понекогаш те мразам и ред ствари длабоко во себе знам дека не е така но ја согледав реалноста ти си продолжи со животот без мене и јас должна сум да го прифатам тоа колку и да ми е тешко колку и да ме боли. Поминати се само два месеца откако раскинавме а мене ми се чини како вечност како времето да ми застанало во денот, часот, месецот кога бевме заедно. Често се навраќам на нашите шали, смешки, вицеви... имаше многу смешни ствари што сакав да ти кажам само да те гледам насмеан. Уживав во деновите во деновите поминати со тебе, толку бев спокојна и среќна, се ми беше послатко, животот ми беше обоен во различни бои, храната ми беше повкусна кога ја готвев и делев со тебе, денот беше поубав кога ќе ми се јавеше, убаво беше чувството кога можев да те гушкам силно и да те нарекувам медвед а ти ќе се изнасмееше и ќе речеше " е баш ги најде правите ликови да не споредиш ти си малку повеќе удрена иста Маша ама и јас не сум нешто понормален од Медведов како и би бил кога имам лудо девојче покрај себе ако ништо друго барем ко што вели другар ми и мама секогаш ми е забавно никогаш не се знае што ќе ми донесеш ти во денот, ноќта, животот". За мене секој ден поминат со тебе имаше вредност, и сеуште во мене тлее надеж за нас...
Понекогаш длабоко во ноќите кога ме мачат несоници, а ти сигурно мирно спиеш покрај неа,размислувам за сѐ. Ќе беше ли сѐ поинаку ако се сретневме во некое друго време, ослободени од товарот што го носиме, јас мојата судбина, а ти твојата навика? Замислувам дека лежиш од мојата десна страна и додека јас ти се потпирам на рамо и со прсти си поигрувам со твоите усни што се мрдаат, ти ме гледаш во очи и ми раскажуваш како си го поминал денот. Го правиш ли тоа со неа? Велиш дека одамна немате што да си кажете, велиш дека кога ја гушкаш чувствуваш како сестра ти да ја гушкаш, а јас сакам да знам те голта ли таа со поглед како некогаш, и значиш ли исто како некогаш? Посакувам да сум зрак месечина, да ти паднам на лицето, да почувствувам гори ли твоето тело кога ти е во прегратка? Понекогаш се прашувам, љубов си ми или опсесија? Љубов си ми или моја неостварена желба? Она што ти го разбуди во мене, никој не успеал, без допир, без бакнеж само со поглед. Јас и ти дури и кога молчиме со поглед се разбираме. Знам дека цел живот тебе те чекав, а сега боли тоа што си близу а не си мој. Не знам што ќе се случи, знам само дека нема на друг никогаш да дозволам да ме нарече "сонце мое". Сакам засекогаш да останам само твое сонце.
Кога те губев не знаев што губам, сега веќе кога тебе те нема се' ми е јасно. Само ти вредеше. Штета што касно сфатив. Прекасно.
Многу мразам бош муабети и полнење глава со црни мисли уште од сега, за нешта кои ниту ти самиот не си сигурен дека ќе ти се случат токму тебе и токму нам.
Ми рече ќе се потрудиш вечерва да дојдеш...а јас ко будала вистина ти поверував......го ценев тоа што рече ќе се потрудиш зошто и сам знаеш сега дека најмногу ми треба еден муабет со тебе...ама.... Знам не си се ни потрудил, ни ништо, и не ме ни извести... Баш ме интересира сега што ќе кажеш...си заспал? си пиел? си немал мрежа? си немал батерија да се јавиш? Одново и одново го читам разговорот дека ми викаш ќе се потрудиш да дојдеш и си се смешкам ко ненормална. Стварно вртам нов лист. Доста беа глупости.
Знам дека мислиш на мене, знам дека ме ти поминува ноќ без да се сетиш на мене.. Исто така знам дека копнееш да ми го чуеш гласот, дека се каеш што ме повредуваше. Ох а тек колку ќе ти биде тешко и ќе ти фалам и ќе си ги сфатиш грешките, не си свесен. Ама ако, самиот ме испушти од своите раце, престана да се бориш за мене. Таа фасада која си ја поставил ќе падне, ама мене око нема да ми трепне пак. Чудо ќе ти треба. Добро сум, секој ден сум се подобра, похрабра и поодлучна да си ги исполнам соништата. Би лажела да кажам дека не ми фалиш, ама ми фали вистинскиот ти, оној нежен во кого се заљубив, а не ладнокрвното чудовиште од кого едвај собрав храброст да побегнам. Те мислам затоа што ми е криво во што се претвори и како се уништуваш.. Криво ми е што бев наивна и верував, целосно ти се предадов, создавав слики и идеи за заедничка иднина, а ти ме оборуваше со ладни одговори и бледи замисли. Мило ми е што излегов од тој пекол, да лежиш до оној кој го сакаш повеќе од се, и да бидеш бескрајно тажен заради него..
Знам дека од нашиот последен разговор се изненади. И јас се изненадив од твојата реакција.Знам дека ме мислиш, и јас те мислам. Да не се секираме, ако сме за заедно,ќе бидеме.Ти така викаше , сеа и јас истото го мислам.
од каде никна ти злато мое после година дена? и ме прашуваш колку чини накитот што го правам каква дрскост ти од Гевгелиско село ке ми пракаш луге да купвет мој накит и да ти кажам нај искрено би бил само повик во мојот телефон и се разбира никако во пријатели на фб а тебе бизнис партнеру ти посакувам искрено и од срце љубов внимание од страна на девојкати барем ти успевај на тоа поле јас немам ни време а ни нерви
Едвај чекам да дојде ден кога ќе бидам толку силна да не ти вратам на порака,да не ти дигнам слушалка, да заминам тогаш кога најмногу имаш потреба од разговор, а никој подобро од мене не знае да слуша.
Ете како погодив...си немал мрежа хаха. Не си во некоја планина, не си во забателено село туку си во Охрид, коњу еден. Немало мрежа во Охрид? А за на фб има мрежа, од мобилен уклучен. Има мрежа да оставиш слика? Преку глава ми е од лаги.... Цела вечер сонував дека си ми пишал нешто и дека имам пропуштен повик од тебе. Ама не, се разбудив ништо немаше од тебе...дури сега така ми кажуваш набрзина. И гледам баш се погоди времето за Охрид. Да, баш. Многу е убаво. Врне, вее, грми, температурите се паднати...баш е за на плажа....и баш се радувам што е вакво времето. Скокам од радост. Жал ми е за другите луѓе што си се на одмор, ама за тебе прославував што фати неверме. Јас ништо не викам, ама срцето те колне. Од дното на душата те колне. Колку работи имам да ти кажам и се тоа ќе остане недокажано. Џабе си пишувам тука. И од тоа набрзина што ти го кажав сум ти правила да се чувствуваш глупо, да се чувствуваш безврска? Па глупав си, затоа така се чувствуваш.... Доволно ми беше едно нешто да ми пишеш ако не си можел да се јавиш. Едно смјали, едно како си, било што. Да знам дека си помислил на мене за секунда, од 24 саати во денот да знам дека една ебена секунда на мене си се сетил, знаеш колку ќе ми значеше тоа? И ако ти значам како успеа да издржиш цел ден да не се јавиш или да пишеш нешто? Цел ден еј. И уште ми викаш си ме мислел...еби се.....
Кога ќе здогледам илјада парови околу мене фатени за рака, подготовки за одмор, одмор ....а јас и ти сеуште си чекаме?! И чекаме и чекаме...така ти сам далеку....и јас сама. Ама па ми скисна се на уво да те слушам, нели некогаш не е потребно да се разговара едноставно се разменуваат допири бакнежи....ми скисна и телефонот и моето уво и бош глупавите муабети и се!!! Срцево ме боли.. Сакам чуства воздишки срека малку во животот, многу ли барам?!
Верувам дека си среќен со неа. Се гледа дека ја сакаш и се бориш за неа. Онака како што мене никогаш не ме сакаше. Јас ти бев само играчка.Начин да ја задоволиш страста. Глупачка која веруваше на твоите лаги. Која се топеше пред твоите слатки гестови.Неискусна и наивна-најлоша комбинација. Што е најлудо јас сеуште се надевам на тебе. Но не. Јас не сум главен протагонист во новелата. Јас сум само споредна улога на онаа добра девојка која секогаш останува без ништо. И не можам ни да ти се одмаздам. Немам такво срце. Те сакам! Еве ти признавам.
Два дена појадок, ручек и вечера ми беа солзите. А зошто? Поради недоразбирање, ниту јас ниту ти виновен. Мислев паметот ти се зел. Ти благодарам што уште рано се ми објасни, што душата ми ја насмеа. Е денес најубавиот појадок ќе си го направам да знаеш.
Љубовче, те молам биди по инвентивен, смисли некое мало изненадување, не многу! Чоколадце со текст, или пак цветче некое...било што...не сакам скапи нешта И на прашањето колку ме сакаш освен најмногу, кога ќе прашам колку не вели повеќе не ти кажувам...сакам да ми кажеш!!!! Знам дека со романтиката сте на различна фреквенција, ама потруди се малку П.с да има сега некоја од вас д му го пренесе ова, знам дека ќе му дојде криво и веднаш ќе даде се од себе! <3
Си фатил женска. Со среќа нека ви. Се најубаво,вечни да си бидете. Фала ти за сите навреди,фала ти за се. Извини што некогаш сум те сакала,што сум ти посветувала време и што секоја минута од моето драгоцено време сум ја трошела мислејќи на тебе. Љубов? Можеби и никогаш не си ме сакал. Не можеби,туку почнувам се повеќе и повеќе да бидам сомневам во во тоа.Жалам за тоа што некогаш толку многу сум се трудела за тебе. Не,никогаш не сум ти глумела,секогаш сум била искрена со тебе..и секоја солза што во моментов е леам и сите предходни биле за тебе,оти премногу сум те сакала. Оти сум била премногу будала. Жалам само за сите испуштени шанси,чекајќи те тебе. Чекајќи го Годо што никогаш нема да дојде. Чекајќи го безнадежното и не остварливото.А сум ги имала толку многу,и тоа биле подобри од тебе. Ме молат ми плачат за љубов...Ги има на секој чекор такви...Како што јас те молев тебе,како што те молев како на Господ што никогаш не сум му се молела. Прва љубов ми беше можеби затоа олку болиш,затоа можеби олку многу боли секое сеќавање и секој проклет дел од овој проколнат град. Секој кафиќ што ми носи спомен со тебе,секоја уличка....а најболно ми е кога ќе поминам по онаа твојата улица,а мора секоја ден да е поминувам. Нека биде проклет денот кога ти го побарав проклетиот клуч,кога ти пратив милион засрамени насмевки..и поцрвенети образи.Прокелето нека е се.Проклета нека сум јас. Прва година средно ми започна со тебе,најубавото нешто што ми се случувило од средно. Средношколска љубов....која траеше цели 4 години,пола возвратена...ако воопшто некогаш била де. Ама таква ти е таа прва љубов,секогаш ќе остане како изматена крв што ќе тече цел живот низ вените. Ме направи да не верувам во никој,да не верувам во љубов. Научив само колку е болен тој збор љ-у-б-о-в. На мои години се уништив,за што? За тебе.За љубов.За глупости. Ќе научам некогаш да продолжам без тебе,како што ти научи да живееш без мене. Како што ти се изцртува насмевката сега на твоето лице,така ќе се исцрува и на моето. Ама моето ќе биде искрено. Не сакам лажна среќа,не сакам да глумам среќа а не сум. Не морат да ми го чуваш тоа што ти го дадов,сигурно еден ден ќе престане да чука...барем да ми го вратеше кога заминуваше...За да продолжам напред,за да пробам пак да сакам. Ќе бидам еден ден среќна,ќе бидам посреќна од тебе. Ќе бидам еден ден најсреќната девојка на светот што покрај себе ќе го има некој што ме заслужува,некој што стварно ќе ми пружи искрена љубов.Некој на кој што ќе му значам,некој на кој што ќе бидам неговото се.Неговата причина за живот.А јас ќе бидам неговиот живот.Како што беше ти смислата на мојот живот.Се надевам дека некогаш во животов ќе доживеам олку голема љубов,како што јас ја има(в) оваа за тебе. Ако ништо друго ти ме научи да бидам борец,да се борам сама против себе и сама против сите. Да те изневерев,ќе сфатев можеби зошто ме мразиш толку многу.Без никаква причина да си заминиш...Се ми е јасно. Само чуствувам грижа на совест,ме гризе совеста,иако не сум за ништо виновна. Сепак,фала ти за : -прекрасните спомени, -силните прегратки, -утехите кога ми беше тешко, -поклоните, -бакнежите, -за среќата која ми е подари. Фала ти за се,ама баш за се. "Нема да те заборавам никогаш. И да сакам нема да можам. Ти ми беше најубавиот сон што ми постанал реалност." Нема да те проколнам тебе,нема да ти посакувам несреќа.Биди ми најсреќен,заедно со неа и со било која друга.Со која и да е. Пружи и вистинска љубов,засакај ја.Поминувајте прекрасни моменти заедно...Само не и ги кажувај истите зборови што ми ги кажуваше мене,те молам. Секоја девојка има потреба од љубов,од голема љубов. Само за едно биди сигурен,дека како што јас тебе сум те сакала верувам дека никоја повеќе нема да те сака. Не сум психопат како што ме правеше.Свесно или несвесно кажував безсмислени зборови,зборови кој не ги бираше разумов....бев заљубена..побудалена од љубов. Мислам дека срцево ќе ми излета некаде,дека ќе престане да чука.. Ова е последно мое нешто напишано во темава за тебе... Морав еднаш засекогаш да разчистам со сите чувства за тебе. Продолжувам со нов живот,живот во кој немат да бидеш ти. Збогум,В.