Ко немо детенце, без храброст и вера, чие срце запрело без да сака, чув безмилосен глас кој душава ја здроби... Чув само едно „не те сакам доволно...“ кое одговори молкум на сите прашања, го дигна спуштениот гард, ги разбуди каењата, ги закопа насмевките... те смачка во очите во кои сечие присуство го победуваше... Само тоа им стави точка на сите извици во ноќта по тебе... Ги одговори сите полноќни „каде си“ болки, секое неѕвонење на телефонот... Тоа безмилосно го стегна гркланот, го запре срцето, ги скрши рацете кои ширум те чекаа,го уби сјајот во очите, па ги извалка сите минути во кои непотребно те чекав, па ги врати во колосек мислите што на тебе мирисаа, па ги истера сите стравови од душава, па им стави рака па ги загуши сите емоции кои како дијафрагма растеа за тебе, ја заши устата која со милости те китеше, го запре гладот по тебе, го отру копнежот во утробата, ја нарече болно лудило искреноста, па ги подреди за час важните и неважните зборови, па ја залечи раната што чинев на чело ја носам, па го искина билетот кој никогаш не требало да го чекам, па ми покажа дека твојата душа не е намирисана и чиста, не е ослободена од глупост и себичност, не е онаа што ја чекам, во која бос влегувам, која со клепки бесшумно ја милувам, па ме уби додека храбро те гледав, додека чекав силната љубов да ме убие, па телото од вулкан, во час камен го стори, и го испрати тој леш мој, испразнет од соништа за љубов од кој капка крв не капна, во прегратките кои молкум ги чекаа...
Ми недостигаш премногу љубено. Би сакала да сум до тебе сега, да заспијам во твоите прегратки, да ме гушниш силно и да ми кажиш дека се ќе биде во ред. Би сакала да заспијам мирно после толку многу време. На почеток сме на едно ново патување од кое нема назад, збунети и исплашени од она што следува, но цврсто фатени за рака, со уште поголема љубов и храброст. Јас и ти против сите други. Ќе успееме, верувам во нас! Те сакам и ми фалиш премногу, се надевам наскоро дека ќе те видам и ќе заживеам пак.
После секој ден гледање овие 6 дена раздвоени испаднаа премногу.Веќе срцево не се трпи сака да затрепери во твоја близина,очиве да те видат и рацеве да те почуствуваат до себе.Веќе малку ни се повициве си фали поглед очи во очи...Но ајде мило издржи уште само 3 дена и ти се враќам.И знам дека ти недостигам го почуствував тоа преска во твоето "за некој 2 дена се многу,дојди побрзо" но мора да биде вака.А тогаш ќе те погледам онакa само јас како што знам,онака како што ми викаш да не те гледам,но ќе те погледнам за да те вратам назад да бидеш само мој да знаеш дека без тој поглед неможеш... Ајде уште малку...
не можам да поверувам што ми се случи со тебе љубен попладнево-одеднаш сакаш да ги запознаеш моите родители и да ти станам сопруга ДАЛИ СИ НОРМАЛЕН заљубен бил човекот или ти направиле магија или пријателите и домашните те тераат со сила да се жениш а ти б партнеру ти пишав дека си ги изгорев прстите не ме ни праша како ми се дали ми ги преврзиле а јас овде мака мачам да соберам парички да купам 5 картички за да ги почестам другарките
Многу би сакала утре на твојот ден да бидам таму со тебе, но можностите тоа баш не го дозволуваат... Многу се извинувам, но ќе го надокнадиме тоа
Не постојат случајни сρедби. Сеκоја личност во нашиот живот е: испит, казна или подаρоκ од судбината. Што си ми ти?
Љубов моја.. жал ми е што испадна вака .. но мислам дека ме разбираш нели? Вака не можеме да продолзиме со секојндвно карање кога нешто не оди и не оди со сила убавина не можеме да направиме .. Да знам не после толку време не е лесно ... ама потруди се да ме заборавиш се што имаш мое ако сакас и исфрли не би ми сметало.. еден ден сигурно ќе те видам насмеан и среќен се надеваам... ПРОСТИ МИ љубов моја ама толку беше од нас..
Денес цел ден не сум те слушнала, не знам каде си, како си, со кого си. Да беше некоја друга ситуација веројатно премногу ќе ми фалеше и сто пати ќе те побарав до сега. Ама овој пат сум ти многу лута, бесот е поголем од копнежот овој пат. Ќе чекам да ме побараш. И не ми фалиш, лута сум ти.
Но ако те сака сега, што друго е важно? Таа не е совршена – но не си ни ти, а вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако те засмејува, те поттикнува да размислуваш подобро и признава дека е човечко суштество кое прави грешки, држи се до неа и дај и го најдоброто што можеш. Можеби не размислува за тебе секоја секунда од денот, но ќе ти даде дел од неа за кој е свесна дека може да го скршиш – нејзиното срце. Па не ја повредувај, не се обидувај да ја промениш, не ја анализирај претерано и не очекувај да ти даде повеќе од она што може. Насмевни се кога те прави среќен, нека знае кога те прави лут и нека ти недостига кога не е тука.“ Ми недостигаш, страшно многу, ова ме подсети на нас.
Колку повеќе зборуваме за нашата заедничка иднина толку побрзо посакувам да се оствари. Знам како ти е што сите ти зборуваат дека е време и самиот знаеш дека е време. Не, јас не те терам со сила, ќе чекам не бегам никаде. Од среќа не се бега
Ептен ми е жал што секогаш ги ставаш твоите другари пред мене, фала ти и за навредите и за се до сега. Толку од нас.
Абе кога ќе размислам ти 08.08 не си го одбрал случајно туку намерно за да го запаметиш полесно важниот ден Леле лани оваа време плачев ,се радував и се смеев ама со сигурност еве си потврдувам дека повеќе плачев Нека поминат уште многу многу многу заеднички години затоа што неможам денот да си го замислам без тебе Те сакам повеќе од се
Ти, сериозен си? Дали имаш претстава што му правиш на моето срце и на мојот разум? Се случи тоа што претпоставував дека ќе се случи, тоа што се случува со години - ме бараш секогаш кога сум спремна да те преболам, секогаш кога најмалку сакам да го видам твоето име на мојот телефон. И што е најжално, секогаш ми го омекнуваш срцето со втората пратена порака. Не сакам да попуштам овој пат, знам дека ако ти се предадам, кога-тогаш ќе ме повредиш. 9 години исто па исто. Не ти смачи тебе? Не можам да те разберам, или сакаш некого или не. Одлучи се. Не си играј со моите чувства повеќе. Проклето мразам што толку те сакам.
Аххх аххххх, добро бе што човек си ти. ЕдеН ден ме бараш, еден ден ветуваашшшшшш а веке следниот те нема никаде. И јас како некоја глупачка пак ти верувам и пак ти се вракам. Сакам само еден ден да можам да речам КРАЈ.
Не ми објаснувај ништо те молам, само остави ме, изгуби ми се од животот. Немам желба да те слушам како не си доволно храбар да се бориш за нас. Како само ти да имаш живот( каков таков не можеш преку ноќ да го промениш?), како јас да не оставам сѐ зад себе. Немам веќе сила ни да те слушам, ни да те чекам.
Pak se izmesaa rabotite. Pak sudbinata sakat da ne razdelit, no kako sto sme fateni za raka taka I ke se drzime I sega. Ajde da stisneme zabi, ke pomine, I ova ke pomine...sigurno ke pomine ma da kakvi da bi bile posledicite...