Се додека си присутен во мојот живот, без разлика на се јас ќе бидам нај среќната жена на светот.. Те сакам насмеан, сакам да ми се јавиш со весел глас , не како вечерва, не како изминтите неколку дена. Се додека се држиме еден до друг цврсто, никој и ништо нема да не раздели. Се колнам! Утре чекам насмевнат да ми се јавиш. Така и мене ќе ми биде убав денот. Те љубам! П.С. Сличен сон сме сонувале минатата ноќ, некој знак е или случајност. П.П.С Следниот пат сакам да ми донесиш тегла со слатко од јагоди, преубаво го прави мајка ти (со тешко срце ова го признавам еве )
И како да не се доволни причини за да се избега од тебе... Како доволно да не си ја сронил душава... Како доволно да не си го пуцал срцево... Како доволно да не ме болеле празните раце, па уште ги подавам кон тебе, да ги кршиш безмилосно, со поглед, со збор, како гранки тажни есенски... Како доволно да не ме поткопа со удари додека како аманет молкум ти се ставав в раце, додека молкум чекав да видиш дека стаклена душа имам, која како кристал светнува за тебе... Како доволно да не ме одбиваше, да не ме печеше и ранеше кожава во која ги закопав неколкуте мига радост... Како доволно да не гореа солзите од нељубовта, од остриот поглед, од самотијата... Како доволно срцево да не ми го осакати ѕверот безмилосен твој... Како доволно да не проплакав како со матка јалова, како со очи слепи во ноќите осамени.. Како доволно да не се скршив од чувства, пред себе, пред тебе... Како да не знам дека болката веќе не се лепи, ниту срцето бие, ниту телото веќе има мотив да мрдне,ниту крвта има сила да капне па храбро ти се давам...молкум... да ме доубиеш... да го заситиш крволочниот ѕвер во себе...
Љубов Толку многу прегратки Толку многу воздишки Бакнежи, милувања и допири... Чекам сеуште...се борам за нас, како што се бориш и ти и никогаш нема да сопрам да бидам лавица која што го чува својот плен. Имаше и караници не велам не испади и тракатанци..... но сето тоа но е составен дел од нашата љубов..... Секој ден се повеке те сакам.....секој ден се повеке ми недостигаш.... Се бориме и говориме... Знам дека сето ова ке го заборавам еден ден, ке те прегрнам засекогаш до мене....ке завршат и нашите маки наскоро и ке чукне и нашиот час. И уште многу многуууу години да си славиме годишници. Нека ни е за многу години најпрекрасниот и вистинскиот наш ден.
Дали чувствуваш нешто кога ме видиш? Дали ме сонуваш? Дали се каеш што не сме веќе заедно? Што не можеш да ме допреш и милуваш? А јас....Секогаш кога нашите погледи се судираат, чувтвувам силна топлина низ целото мое тело и милијон пеперутки во стомакот! Те сонувам, но соништата се толку реални и полни со страст што никогаш не сакам да се разбудам само да бидам со тебе! Стварно не знам зошто немаше храброст да се бориш за нас, и да, знам дека сега се каеш, но веќе е доцна... Започнавме нови животи, но минатото не прогонува, а судбината секогаш не враќа таму каде што сме застанале! Но најважно од се е дека и покрај сите мои преплавени чувства, немам сили сама да се борам, да ја ставам раката во оган, додека мојата доверба е изгасната, а раните што ми ги нанесе сеуште печат!
Прееска малку дремнав ,да се спасам од горештините..и пред да потонам во сонот,посакав да те сонувам.,оти почнувам да ти го заборавам убавото лице и знаеш што?стварно сонував убав сон,волшебен сон,ама бев на некои тропски плажи,на некои светски убавини,недопрени од човечка рака..Тебе те немаше во сонот....е сега зборот ми е значи морето испаѓа дека ми е поважно од тебе,штом попрво тоа ми дојде на сон?!
Не знам колку ти тежи егото ама верувај нема да е повеќе од моето. Ќе ја играме таа игра, добро. Ќе видеме кој игра подобро. Јас барем можам да глумам победник. А на тебе, во очи се може да ти прочитам. Ама знаеш што, се што има свој почеток си има и крај. Ние можеби немавме некој почеток, ама затоа крајот ќе го помнам и те како. Мило ми беше, другар мој. Се надевам се почесто ќе се среќаваме, многу ми е мило онака кога горделиво ти ја завртам главата. Ќе го допреме дното, ако веќе и не сме таму, браво мајсторе, браво. И двајцата сме криви знам, признај си и ти.
Изгледа многу брзо забораваш некои работи?До вчера кој беше со тебе,кому досадуваше нон стоп по телефон? Каде е сега тоа?Сега си зафатен,имаш гости да..Јас битна ли сум?Секако дека не.Утре ќе си одат.Ќе те прашам тогаш како сега наоѓаш време нон стоп да се јавуваш..Tоа ти е..Не си ни ти крив,така сум се поставила..јебига..ама од грешките се учи.
И пак како гром од ведро небо се појави кога веке почнав да се ослободувам од тој сладок отров. Да видиме овој пат колку време ке ме труеш.
Убаво беше чувството да го видам твоето лице после толку време, макар и на скајп. Ах, што правам јас? Што ми правиш ти? Баш ме интересира дали ќе си стоиш на зборот и ќе ме изненадиш како што велиш. Толку многу те сакам.
Те сакам наместо добро утро и добра ноќ, ми го прават животот по издржлив, ми мамат насмевка колку и да ми е тешко. И вечерва не можам да заспијам, ми фалиш, не си ни свесен колку многу. Ми фали твојата прегратка твојот бакнеж твојот мирис.. Ми фалат сигурноста мирот и топлината кои ги чувствувам само кога сум покрај тебе. Ми фалиш многу повеќе отколку што можам да ти кажам и да испишам овде.. Те сакам!
"Има една сила која жива сила не еба..." - Дарко Лешоски Има една сила. А нит знае да чита Нит знае да пишува Има една сила која ти ја знаеш, а јас не ја познавам. Има една сила во кафез од коски заробена. Има една сила. Во градиве. Под кожава. Има една сила. Една сила која вели: или ти или никоја! А не те гледам. А не ти пишам. Не те слушам. Не те барам. Има една сила. А нит небо видела Нит земја допрела Има една сила која ти не ја знаеш, ама јас ја познавам. Има една сила во кафез од коски заробена. Има една сила. Во градите. Под кожата твоја. Има една сила. Една сила која вели: или ти или никој друг нема да има! А не ме гледаш. Не пишуваш. Не ме слушаш. Не ме бараш. Има една сила. Има една сила ко електрична жица скината напола. Нит на земја паѓа - скока, не допира Нит на небо оди - препелка, не полетува. Нит на едната половина може да и се приближи некој. Нит на другата некоја. Има некоја сила девојче... Има една сила како цртата во И буквата две сами црти надоле да спои што е поставена од Свети Кирила. Има некоја сила како искрите измеѓу жицата електрична скината Има некоја сила како И невидлива како талпата измеѓу цртите две сами. Како : Ти И Јас. Има една сила како љубов поголема од смртта. Чинам и таа Чинам и смртта спроти таа сила е само добра тетка, Чинам и смртта спроти таа сила е само добра тетка која ќе не покрие, која од сите други ќе не сокрива. Да спиеме под земја јас и ти заедно еден покрај друг, кога веќе не можевме над неа. Има една сила. Една сила која ни живот ни смрт, нит жива сила не еба! Има една сила Има една сила во кафез од коски заробена. Има една сила. Во градиве. Под кожава. Има една сила. Со големи темни наочари. Со голем црн шешир. Со тенка цигара. Како вдовицата во Фајт Клаб. И мува не ја лази - жива сила не еба. Не се плаши ни од Бога ни од Сатана. И само ќе изусти: Или таа или никоја! Само ќе изусти: Или тој или никој нема да има! Кај тебе во градите. Кај мене во градите. Кога пробуваш да ме заборавиш. Кога пробувам да те заборавам. Има една сила кај секој од нас. Никој не ја прашал како се вика... велат - Судбина.
Човек не е нешто да ти каже дека го боли.. Сериозно. Знам дека си загрижен, знам дека постојано ме мислиш ама кога ќе ти кажам дека сум во ред, дека болките престанаа те молам верувај ми! Ете примам лекови и за некој ден ќе бидам во ред, нема потреба од јавување на секои 5 минути, од паничења ако не ти се јавам. Да е толку сериозно јас нема да седам мирна и јас ќе бидам таа што ќе крене паника. Сега за сега сум во ред, добра сум, само ти се притресуваш и уште толку ме правиш нервозна. Да има нешто лошо ти прв ќе бидиш известен. Те сакам!!