Ме уби вечерва со песната. Колку време ли ја бараше? Секој збор како капка стопена свеќа на кожа го чувствував. Не сме само ние, има и други како нас. Вака, покосена од чувства, мои и твои, немам сила да се инаетам сама на себе, немам желба да заминам, зошто ме сакаш, знам дека ме сакаш. И така ќе си ја пуштам пак пред спиење, ќе исплачам море од солзи и ќе сонувам дека си само мој. Сонце мое
Едвај чекам да дојде денот кога ти е роденден. Само за да ти го честитам, не барам ништо друго .. Само тоа ми остана.
Што убаво е кога цела мирисам на твојот парфем. Што грдо е што не знам уште колку други мирисаат на истиот.
Лик Достапни ми се ликовите машки од кои тврдост и суровост бие, достапни ми се и муцките врашки со сета гроза што ја носат тие, достапни ми се – ги гледам со смешка, но твојот лик е неизвесност тешка. Б.Конески
колку сум глупава не сум наивна а сум по малку повеке заљубена се прашувам во кој КАЈ СИ ТИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ ДАЛИ ЈАС ПОСТОЈАМ ЗА ТЕБЕ БЕ ОСВЕСТИ СЕ НЕ СУМ ВЕЧНА ТИ ТРЕБА ПО МЕНЕ ДА ТРЧАШ НЕ ЈАС ПО ТЕБЕ БОГ ДА ЧУВА И ДА БРАНИ
Не ме барај полесно е така , заборави ме. Пушти ме да си одам, сакам мир, а со тебе тоа никогаш нема да го имам.
Јас пак истата песна. Мерам на кантар, од една страна срцето од друга разумот. И веќе правам планови,каде ќе одам, што ќе правам без тебе. Само една порака и виртуелен бакнеж за добра ноќ и веќе си ме разубедил. Утре пак сѐ одново. Оф каков мазохиста сум, уживам во болката што сама си ја нанесувам. Не можам поинаку. Дури и болката е повеќе од ништо.
И двајцата знаеме дека мораш да одиш, оди...ќе ни биде тешко и на двајцата, само мене повеќе тоа го кажа и ти, ти ќе си опколен со нови нешта, јас со се што делевме заедно освен тебе, истиот кревет, истиот стан, истиот чаршав, исти се и чашите од кои ќе пијам кафе ама сама, без тебе и твојата насмевка. Ќе ми фалиш премногу, секој вика еден месец не е ништо за мене е вечност, ме загрижува и состојбата таму каде што ќе одиш. Ти ќе отидеш во нова средина со нови луѓе јас ќе останам тука со истите и со постојаните прашања еее уште колку остана, кога се враќа, како му е таму, сето тоа ќе биде болно за мене. Никогаш толку долго не сме биле разделени... Ќе биде тешко но се надевам „брзо“ ќе помине, се надевам ќе имам друштво и ќе ми е полесно затоа што инаку незнам како ќе издржам. ТЕ САКАМ лепото моја...
Љубов моја Толку многу ми недостигаш... Веќе заборавив и на твојот мирис, и на твоите прегратки, однесување, сите оние заебанции, шали на моја и твоја сметка, љубење, воздишка , мир. Од моментот кога си одиш кнедлата во грло ми надојдува и додека те видам не си оди. Без тебе ништо ми нема смисла, живејам колку за денот кога ке си легнеме заедно, јас и ти. Се будам со помослата за подобро утре, а легнувам со болка во душата. Неможам повеќе да ја трпам и да се носам со тортурава, осамена сум и секогаш сама, те нема да ме погалиш да се почуствувам мирно и сакано, како мало суштество на твојата дланка. Еххх животе, не биди толку суров. Зарем е грев да сакам некого со цела душа и срце!