Премногу грешки правам,премногу те нервирам и тоа се за ситници и глупости..Понекогаш си помислувам "Па добро , како ме трпиш толку време?!"...И покрај сите нервози пак сакаш да бидеш до мене , пак сакаш да ме бакнуваш , пак сакаш да ме прегрнуваш..Единствен си , го знам тоа! Ретки се луѓето како тебе во ова време ..Не сакам да те изгубам во никој случај Незнам што друго да кажам освен да му се заблагодарам на бога што ни го вкрсти патот. Bogu hvala sto te imam,tebi hvala sto me trpis
Каде сиииииииии, појави се ме уби оваа неизвесност! Да знам што да правам, како да правам.. И сакам да те видам!
Минути се бројат до нашето следно видување. ахх колку ќе те гушкам, те сакам бе љубов моја најсакана!
Толку блиски, а сепак толку далечни. Неизвесноста ме убива, секоја моја искра полна со љубов ја гаси, секоја моја надеж ја потиснува, секое мое чуство го разгорува, среќата ми ја топи, душата ми ја овенува, срцето ми гори. Бар да знаев уште колку вака? Бар да знаев да броев и да молчев и да се радував за среќата. Но не знам колку ни до кога ни до каде, секој ден си велам уште малку, еве сега.... но не, не минува не згаснува болката, радоста ја заборавив, среќата ја загубив по пат. Аххх љубов што беше тоа милување?! Што беше тоа бакнеж?! Бар да имав некоја ѕвездена наклонетост, некоја среќа таму некаде скриена да ме просветли и да ми каже до кога?!
Не си фер, знаеш? Ми недостигаш многу, дојди ми веќе аман! Велат, далеку од очи – далеку од срце. Доказ сме дека не е така. Сепак, мил мој, дај веќе да завршиме со овој кошмар. Не сме повеќе деца, пораснавме. Не сакам повеќе да се прашувам колку време ќе те држи расположението овој пат и ќе ми ги разубавуваш деновите, за после некое време да исчезнеш без објаснување и да те нема со месеци. Сакам душата да ми трепери од љубов, а не од страв. Доста мечтаев по твојот бакнеж и твојата прегратка, дојди и опсипи ме со нежности, растрепери ми го срцето онака само како што ти умееш. Имам нешто прочитано што стално ми се врти низ глава, дека вистинскиот маж е спремен да подмести планини за да биде со саканата, а не да се крие зад нив. Па душо моја, ти се криеш зад нив веќе две години. Дај престани да бидеш кукавица и излези да расчистиме засекогаш! Ако не си дојдеш наскоро, ќе бидам принудена да договорам со твоите и да ти дојдам таму на врата! Ти испраќам еден далечен бакнеж за побрзо да ти помине главата
И храбро го минував секој чекор кој водеше до тебе... Чекори долги како секој здив што го вдишувам без тебе... Чиниш лебдам меѓу пеколот и рајот... меѓу треперењава на срцето што со последна сила се бори да те зачува, меѓу камшикот твој кој извикува „доста е, не е љубов, разбери“... Чиниш по вжештени јагленчиња боса одам додека стигнам до тебе... И усните ти зажарија... и ги бакнав по којзнае колку време... Ги бакнав по сите навреди...ги бакнав со сета болка...со целиот страв... Ги бакнав како да бакнувам ѕвер...немилосрден ѕвер, на кој животот молкум би му го дала... И вдишав силно кога ме зграпчи... да соберам сила... да не заплачам... да не те замолам „ не бркај ме... не убивај го неповторливото аман!...“ А ти... ти ладен како секогаш, со лик здрвен и поглед замаглен остро влегуваше во мене, брзо и прецизно, како нож кој ме расекува, кој им прави пат да заминат на последните капки љубов кои сум ги сокрила од ударите на твоите зборови.... А знаев дека ќе е така... знаев дека не ми се радува твоето срце... знаев дека со молк повторно ќе ме казниш... ќе оставиш рак да ја фати душава болна по тебе... знаев дека нема ти да ги бакнуваш раниве на што сам си ги отворил, знаев дека нема да прошепотиш„остани моја...само остани“... знаев дека безмилосно, со еден здив ќе го изгаснеш кандилово што под кожава за тебе гори... и ќе ме обоиш во љубовно мртвило, без трагови од тебе на кожава, без рани на усните... ќе ме оставиш празна... а толку љубов за тебе сокривав... за тебе, од тебе... љубов која менуваше... љубов која светот го обликуваше....
Од пусти страв и паника се смеам како будала .. Денес е важен ден за нас Ајде Господ нека ни е на помош златце, се надевам ќе ми јавиш прекрасни вести Те сакам
Неее не можам повеке, овој пат не. Доста простував се обидував, се повредував самата себе. Тебе не ти е грижа за тоа како се чуствувам јас. Не сакам уште една бурна ноќ. Не сакам повеќе да ме вметнеш во својот список на жени кои си ги легнал, впрочем тој список е единствената работа која ти го прикрива недостаток на самодоверба притоа мислејќи дека колку е подолг тој список толку ти си поголем заводник. Овој пат со нетрпение ќе го чекам денот повторно да ме побараш, а јас конечно ќе кажам НЕ ДОСТА Е !!!!
А ти рече:„ќе боли, ќе боли, и ќе помине....знам јас...“ А болеше, знаеш ли дека ебено многу болеше??? Болеше кога ме осуди да бидам без тебе... како животно осудено на кафез... Болеше кога ме кршеше на парчиња, како вазна чие цвеќе овенало... Болеше кога ме откинуваше од себе, како погрешно напишан лист во тетратка... Болеше секој здив од прашина што го голтав додека заминуваше од мене... Болеше секој поглед со кој ме избегуваше... Болеше кога со љубов низ тебе гледав, барајќи ти ја душата, барајќи ти ја милоста... Болеше како реката солзи која никогаш не стигна до тебе... Болеа жедните усни, кои натежнале од сите бакнежи кои сакав да ти ги дадам... Болеа рацете кои те бараа.... кои бараа мевлем за душата во прегратките твои... Болеше секој твој поглед...секој бес...секој бескраен инает... ебено болеше... Болеше кожата која жедна за тебе се повеќе се танчеше... Болеше погледот во огледало...кога те гледав зад себе, кога здивот ти го чувствував... Болеше насмевката во која само твојот отсјај го гледав... Болеше телото кое чинам само во твои раце расцветуваше... Болеа чекорите кои како роб во пранги кон тебе ме водеа... Болеше бестрашноста со која ти се предавав... со која молкум молев да ме заробиш под себе и никогаш да не ме пушташ... Болеше што низ мрак душата моја ко месечина те следеше... пазејќи те од зло... Болеа ноќите во кои глас не пушташе... а требаше, ебено требаше... Болеше таа ноќна осама... верувај ебено , до коски болеше... Болеше утробата што се затвори за секој друг... Болеа ноќите во кои низ солзи и халуцинации те барав... Болеа утрата во кои крв плукав по тебе... Болеше ровот кој меѓу нас го ископа... ров меѓу мојата потреба и твоето бегање... меѓу мојата љубов и твоето проколнување... И помина.... Ете така без дозвола моја помина... Згасна огнот во очиве кој живот ќе изгореше за тебе... Избледеа стиховите кои како хиероглифи сакав да ти ги врежам на телото... Ја снема силата со која го преживував секој рамнодушен удар твој... Помина страста со која молкум ти се предавав... Исчезна од ноздриве мирисот што ме водеше... Исуши ја усните со кои сакав да ти го милувам телото, да ти ја будам интелигенцијата, да ти го растреперувам срцето... Се испразни душава...телово... срцево... Камен се стори се.... Камен ископан од ровот... ровот меѓу мојата љубов и твоето проколнување...
Ме излуде со еден поглед, со една насмевка. Почнав да сонувам, постојано да мислам на тебе. Секој ден те гледам. И станувам сé посигурна во љубовта кон тебе. Кога ќе ме погледнеш, почнуваат да летаа пеперутки пред мене, упорно да летаат, а притоа запишувајќи го твоето волшебно име во воздухот. Во стомакот нешто ми затреперува. Твоите очи се толку мили и невини. Толку многу ги љубам. Ти, само ти си единствениот по кого срцево ми копнее. Ти си како ветар кој нежно ме допира и милува. Ти си сонце кое ме огрева, ти си најубавиот цвет во мојата градина. Ти си ми сé, ти си мојата единствена и незборавна љубов. Ти си мојата среќа, мојот живот.
Ми требаш многу... Толку луѓе а толку осамена Толку сонце а толку темнина Толку ѕвезди а толку мрак Толку радост а толку болка Болката веќе не ме допира, не боли, не пече....веќе е засирена и стара... Се научив дека така е судено, судбината ми пиша да те сакам а да ми недотигаш, да те имам а да те немам, да те барам а да те нема. Пуста да е далечината...пуста да е туѓината. Веќе заборавив колку дооолго сме заедно, но не заборавив дека те чекам да ме допреш повторно, засекогаш да бидам твоја.
Најбезбедно и најбезгрижно се чувствувам покрај тебе, најубавото и најтопло место на светот е твојата прегратка.