Остана ли барем една причина за да ја продолжиме борбава? До каде ќе одиме вака? До кога? И уште сто пати да и повториш и уште сто пати да ја уценуваш, молиш таа уште сто пати ќе рече НЕ! Јасно ни е и на двајцата дека за нас нема среќен крај, дека нашите соништа ќе останат неостварени. Немој да ми отежнуваш, пушти ме, не можам повеќе вака. Болката ми ја разнесува душата, ме кине, солзите не ми запираат. Не можам да те држам до себе а ниту пак имам храброст да си заминам од тебе. Очекував ваков исход, свесна бев дека нема да има ништо добро, дека нема го да чуеме она што и двајцата сакавме. Во една минута ми прелетаа сите моменти со тебе, сите насмевки, сите глупости, авантури. Ти ме научи да сакам безусловно, ти ме сакаше така, ти ме научи да се предадам со целата душа и тело, со тебе бев најсреќна. Ноќта никако да заврши, болката никако да престане, напротив со секое сеќавање на некој дел од нас, се повеќе расте. Откажи се веќе, не оди, само ме уништуваме и двајцата. Пушти ме јас ќе заминам, ќе се обидам да изградам нов живот, ќе се обидам да се навикнам без тебе, ќе се обидам да те заборавам иако тоа е невозможно затоа што многу нешта ме врзуваат за тебе. Те сакам ама се плашам да верувам во нашата иднина, се плашам да верувам во тоа и да се надевам.
Заминувам. Ќе те оставам на мира да размислиш за сѐ. Можеби без моето присуство ќе сфатиш дека сум само моментална возбуда, некој кој ти беше само искра на твојот полутемен пат, но сега кога прогледаш ќе се вратиш од таму каде си застранил. Можеби ти бев потребна да ти ја убијам монотонијата во долгата врска, да сфатиш дека ја сакаш, дека иднината со неа ја гледаш. Или пак можеби не. Можеби навистина сум светлина во твојот живот, некој кој те натера повторно да се чувствуваш жив. Но заминувам, не можам повеќе да ја поднесам твојата неодлучност. Нит ме сакаш, нит ме пушташ. И си ветив сама, не зборувам повеќе за тебе, нема ни да мислам на тебе. Ако само еден збор од тоа што ми е кажа е вистина, ќе ме најдеш знам.
Тенка е линијата меѓу радоста и тагата која ја будиш во мене. Ако некогаш уживав во спокој кој ми го пружаа брановите на морето и преубавиот поглед на Изгрејсонцето утринава уживав во погледот на твоите сини очи .... Ннекогаш си причина за моите солзи но денес си причина за мојата насмевка и радост. Ех кога би можела да те гушнам...
Значи..ти плаво чоече..со плави очиња и плави косиња прав лепотан ко од Дизни бајките,појави се... оти ќе дојди време преку СМС порака на DM SAT да те барам...ќе се најди некој да знајш
Твојот глас ми е и отров и лек.. Кога ќе те слушнам душата ме боли, кога те нема едвај чекам да заѕвониш
Те сакам да , да многу , обожавам кога ти лежам на гради се опуштам максимално , обожавам кога и сонлив ме повлечуваш накај себе ми ја ставаш главата на гради и ме бакнуваш по носето , нонстоп ме закачаш по него добро некогаш претеруваш со тоа замарајки ме ама пак те сакам љубов
Можеш да ме имаш за цел живот, ќе те сакам како никоја, само ти ќе си ми во срцево, ама не, оди ти по оние што се натртиле и ги напрчиле цицките, тоа тебе ти треба..
Проклет... Проклет да е мигот кога заборавив дека сум кралицата во шахот... Па обземена од убавината на твоите прсти почнав молкум да играм по твоите правила... Па ме преместуваше и отфрлаше...како пион...како неважен коњ... А кралицата само заљубена трпеливо чекаше....го чекаше крајот на партијата.... Проклет... Проклет да е секој атом сила кој ме бодреше да издржам во таа игра... Проклет да е што ме силеше да речам „те сакам“, кога ме бркаше од тебе... Проклето да е полето шаховско што чинев не ми дава каде да одам... Каде без тебе ....без тие прости... А кралицата само заљубена трпеливо чекаше....го чуваше кралот...го чекаше крајот на партијата.... Проклета нека е...проклета нека е нејзината сила...проклета нека е нејзината глупост!
Е што да му кажам? Секогаш кога му кажам тоа што го мислам, не требало... а кога не му кажам, зошто не сум кажала...
Ти верувам многу,верувам во нас,верувам во нашите планови и со душа чекам коцките да се редат една по друга... Не се брзам,не сакам и ти да чуствуваш никаков притисок. Се ќе се среди,се ќе биде како што сакаме,ете верувам во тоа затоа што ти ме научи да имам верба и надеж а штом тебе те имам до мене се ми е многу многу полесно ...
Поради нечии каприци, нечии глупави размислувања и предрасуди ние најмногу страдаме Ахх колку сакам да ти возвратам: Те сакам и јас тебе мило, ама нешто ме кочи жал ми е. Извини
те мразам партнеру Игор и најдобро да го раскинеме партнерството од одење по кафиња МИ СЕ СМАЧИ ВЕКЕ ако ти продаваш картички и имаш пари за фрлање јас немам џабе трошење пари-а па што пари имам што да ти кажувам едвај крпиме за живот и онака не сме се виделе месец и нешто па се може и без тебе имаш девојка што значи јас сум вишок ми пропадна цело лето и без одење на базен и без посета на солариум дури и без бронзер останав кај те запознав кај се запустив и ДА СИ МЕ ИЗБРИШАЛ ОД Ф.Б.
Си реков еднаш пред неколку години, ќе се вратиш ти кај мене пак. Си реков, нема да биде исто. Јас едно ниво поуспешна, ти уште си стариот. И после еден период ми се враќаш, а јас сеуште збунета велам не, крајот мора да е тука. И тешко е, ти си ми пуста навика. Неможам да те колнам, ни да ти посакам лошо. Но, јас сакам да со продолжам со животот,да си свртам нов лист и да те оставам во минатото. Те молам разбериме, не биди исплашен. Јас и ти не сме створени еден за друг, не во ова време. Велат еден ќе ти остане засекогаш во срце, и навистина ТИ ми остана. Збогум, најмило мое.
Срце мое дебелко, мече најслатко. Ми фалиш да се смееме како некогаш на глупави вицеви, да пиеме кафе, да ме галиш, да ме масираш, да гледаме филмови , да ми објаснуваш нешто што не сфаќам, да збориме за политика, да се гушкаме, да ме бакнуваш, да ме гушкаш, да спиеме заедно припиени еден до друг иако ти е жешко.l: Аман чукни си ја таа главата од ѕидпаметот да ти дојди на место да не морам јас да те удирам знаеш дека сум многу нежна ќе ме боли после тоа. Свесен ли си ти колку и што изгубивме?