Во овие 7 години како те познавам не знам точно колку постови сум ти посветила. Не знам дали некогаш со некого ќе бидам толку поврзана како со тебе. Не знам дали со некого ќе можам да бидам толку природна и своја, опуштена. Не знам дали на некого ќе можам да му ја отворам душата како што тоа го правам со тебе од самиот почеток. Со тебе можев да се галам, да се карам, можевме очи да си вадиме и со часови да не зборуваме. Но, со тебе најискрено се смеев, се запознав себе си во сите можни светла. Открив колку можам да се жртвувам за некого, колку можам да се борам. Со тебе открив дека љубовта не е доволна и дека некогаш мора да се каже крај иако јас и ти никогаш не ставивме дефинитивен крај, ниту пак имавме некој официјален почеток. Те сакав и те сакам, но себе си се сакам повеќе. И покрај се ти веруваш и си сигурен дека некогаш ќе завршиме ние двајцата заедно. Јас само сум сигурна дека после толку време морам да ставам крај на нас, па какво и да е тоа нас. Морам да те пуштам тебе, но и да се ослободам себе. Си бевме прва љубов, нека не биде последна.
Ај жити се научи веќе еднаш проблемите на работното место да си ги оставиш таму. Жими око ќе зажалиш овај пат,е до тука ми си дојден.... Подобро ќе почнам камења да јадамодколу тебе слушалка некогаш да ти кренам
Сакам да ти се јавам баш сега, да ти кажам дека те сакам, дека нема да се откажам, дека ќе се борам за нас.. Ама страв ми е, не можам да ти го кажам тоа, не смеам да се залажувам дека се ќе биде во ред, не сакам ни тебе да ти давам надеж.. А потребен си ми премногу.
Никогаш, ама баш никогаш нема да дозволам било кој да каже лош збор за тебе!!! Те сакам повеќе од се, иако не го покажувам тоа
Си ставив на фб cover со нашите иницијали,колку убаво личиме еден до друг..и не,не ми е гајле кој ќе го свати значењето,не ми е гајле што ќе има осудување,се е тотално залудно и неважно кога те нема тебе
Секој ден си викам денес утре ќе се обидам да ти пишам порака, и секој ден како изминува се ближи денот кога си заминуваш.Рече"не се враќам повеќе". Тогаш и јас велам "Уште една ноќ со тебе до сабајле".
Се ќе надминеме љубов, κолκу и да се големи пρоблемите само најважно е да сме еден до дρуг κога најмногу ни е тоа потρебно и на двајцата.
Ме боли душата и умот кога ме прашуваат за тебе,така уште повеќе ми ги допираат раните,не сакам да споделувам некои интимни работи кои ги знаеме само ние двајцата,сакам да задржам се за себе,себична сум зарем не?
дечко од бизнисот моето мислење е ПОД ХИТНО да си побарал помош и друга работа е што ШАНСА НЕМА јас да ти се приклучам во продажбата на картички Лајонес а јас сум ТЕШКА БУДАЛА што е на некој начин заљубена во тебе што да правам имаш сини очи и татко ми ги има дај боже да ми се посреки со некој русокос(на пример соседот) само така ке те заборавам или со читање книгите па коментари со некој образовен дечко/маж во врска со тоа леле бе Господе зошто вака ми правиш
Знаев дека ќе ти помине, како и секогаш. Да ти кажам дека и наспроти времето, далечината и твоето однесување, јас сеуште те љубам до бескрај! А толку многу сакам да не е така. Сакам да соберам сила и конечно работите помеѓу нас да ги средам на мој начин. Но, ти ветив, ќе почекам јас. Ехее толку време сум чекала, па за уште неколку месеци не правам проблем. Знаеш дека сум трпелива личност и дека за разлика од тебе секогаш си стојам зад дадениот збор. Но, не ми е јасно како успеа да ми влезеш толку под кожа?! Опкружена сум со прекрасни личности околу мене, а мојот поглед секогаш и секаде завршува барајќи го твоето лице. А свесна сум дека нема да го најдам. Упорно ме повредуваш, упорно те сакам... Ахх, колку сум само преплавена од чувства и недокажани зборови!
Испреплетени зборови,изпеплетени случувања такви се и моите мисли....Незнам што да ти кажам на тебе ниту пак на себе...Сега уште еднаш се ќе оставам на судбината...и на тебе...па што биде!Јас неможам веќе се изморив..ако не ни е судено нека прекине...ќе те преболам вака или онака.А пак ако не е тука крајот ајде малце да се случи нешто да се насмеам онака како што ти знаеш да ме насмееш...
Не знам дали забележуваш дека повозбудена сум кога бирам гардероба за тебе, отколку за себе И колку само растрчувам за да ти најдам број, модел, боја, па да ти биде по вкус, па да ти стои, па да ти се допаѓа... Како Кен си ми, многу сакам да те дотерувам