Тoa штo се oдaлечувaме, е блaгoдaрение нa тебе. Ти стaнa нервoзен кoгa се видиме преку ден стoиме нa рaстoјaние пд метрo и пoл пoздaв еднo лaднo дoпирaње сo прсти и еднa лaжнa нaсмевкa и се рaзминувaме..кo стрaнци дa сме или некoј лицемер сo oмрaзa. Штетa бaш убaвo ни oдеше.
Знаеш ли...? Знаеш ли да водиш љубов од љубов ...? Знаеш ли ти да водиш љубов со жед на човек во пустина... кој предолго чекал да стигне до саканиот извор на љубов...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека во очите на саканиот се бараш љубоморно...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека таа пустата име и лик добива, лик кој желно те гледа... тело кое низ прстите ти се протега...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека телото како лист ти трепери од премногу љубов...? Знаеш ли ти да водиш љубов по нотите а најтажната песна која ја знаеш...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека луто го кинеш секое парче облека, кое те дели од кожата сакана... ? Знаеш ли да водиш љубов додека звуци на восхит испушташ безгласно...? Знаеш ли да водиш љубов додека со очи го впиваш саканото тело...? Знаеш ли да водиш љубов додека нежно со прсти минуваш по кожата на саканиот....? Знаеш ли да водиш љубов додека со нежен здив по вратот му минуваш шепотејќи му ги најубавите зборови што ги знаеш молкум....? Знаеш ли ти да водиш љубов додека со поглед го меморираш секое движење на саканата силуета... секоја воздишка, секој здив....? Знаеш ли ти да водиш љубов додека цврсто го стегаш рбетот сакан... молкум благодарејќи им на пршлените што те чуваат внатре... те чуваат од сите...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека со усни шараш по кожата мека... обележувајќи ја , сакајќи ја...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека молкум сенките на телата преплетени танцуваат по ѕидот... ? Знаеш ли да водиш љубов со душа ширум отворена додека плунка ти тече по телото што душата секоја ноќ ти го милувала скришум? Знаеш ли ти да водиш љубов молејќи тивко утробата да те стегне во себе... да те задржи, да не те пушта...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека молкум со солзи бришеш се што допрело тоа тело пред тебе...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека дишеш со затворени очи... додека прстите кои ги сакаш те откриваат, навлегуваат во тебе, те поседуваат....? Знаеш ли ти да водиш љубов додека нежно бакнуваш в чело... благословувајќи си ја устата своја, устата што вкусот на саканиот во себе го има...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека тивко молиш Бог да не престане, да не помине таа љубов...? Знаеш ли ти да водиш љубов додека душата и шепоти на уво„те сакам...“ , а ти живи меса од себе кинеш само од помислата дека е крај...? Знаеш ли ти да водиш љубов, да танцуваш длабоко во ноќта додека признаваш дека веќе не си свој... додека признаваш дека во тие очи ти е и радоста и рак=хата сокриена....? Не , не знаеш....!!!!
И во гужва ми фалат твоите очи, немам срце да погледнам други. Лутам низ туѓи погледи барајќи го твојот, ме бараш ли и ти мене така? Лани ова време се беше поинаку, друго размислувавме, друго чувствуваме. Ах една година што ни направи, кај не донесе...
Кога мислеше да останеме пријатели вака мислеше да останиме? Јас да пишам а ти да ме игнорираш? Сфаќам се шо ти се деси, али и јас имам живци.
да си ми до мене душичке (за кој што цело време пишувам) ама мора некаде да ми излезе имам јас познајници што одамна ги немам контактирано баш вчера размислував па преку нив би можела да запознаам некој интересен русокос дечко па макар и Кинез знам дека мислат оти сум преслатка и дека барем би ме бакнале ама за помош сега е моментот оти и ти и јас дарлинг ако ова продолжи одиме на психијатрија(ова најсериозно)
Како да му кажам на срцето дека е крај,тешко ми е да те оставам зад себе. Морам, најмил мој. Ти си југ, а јас север, неможеме да се споиме. Можам да ти посакам се најдобро, но неможам да ти кажам чао. Верувај мене ми потешко отколку на тебе, секој допир, секој поглед, секој збор...илјадници минути чекајќи твој повик. Се тоа згаснува, јас застанав на пола пат, неможам да се свртам, тешко е, не смеам, морам да те пуштам. И сега дури сфаќам дека во секој друг сум те барала тебе. Те лажам, прости морам да те тргнам од мене. Оди, не враќај се. Подобро за мене и тебе, оди... Биди среќен, каде и да си... А јас тука ќе бидам, не те чекам повеќе, но во срцево тука си ми.
Единствен си мој. Среќна сум што то запознав, што успеав да ти влезам во твоето ладно срце, за кое мислев нема место, среќна сум што те имам. Сум згрешила кога те запознав. Ладен си надворешно, а толку мек во душата. Ти си човекот кој сакам да го имам покрај себе, во добро и во лошо. Вечерва се присетив на старите времиња, деца бевме, се враќавме од училиште и пред местото каде се разделувавме секогаш започнувавме со брканица. Се сеќаваш кога ми купуваше рипчина? Нежно ќе ги ставиш во ранецот покрај книгите, а јас ќе брзам до дома за да ги ставам во аквариумот. Кријав од мајка ми дека ми се твој подарок, а во очите ми се познаваше. Се сеќаваш колку песни имаме заедно испеено? Дури ме научи да го засакам и спортот, твојот спорт, а го сакав само заради тебе. Се сеќаваш на првата средба дождот кога не направи жива вода? Тогаш дојдов прв пат кај тебе, ги сушевме косите со фен, ми даде твоја облека за прв пат да ја осетам на себе. Се сеќаваш на првиот мој роденден откако бевме во врска со каков мерак го прославивме и ти направи да ми биде незаборавен? Се сеќаваш колку месеци имавме поминато на нашата клупа дури и на најладното, јас легната во твојот скут,а ти ме гушкаш и пробуваш да ме стоплиш? Се сеќаваш после една детска кавга кога избегав од тебе со брзина на светлината, а ти трчаше по мене? И се заборававме, сите кавги, веднаш имаше насмевка на нашите лица. Само кога сум со тебе сум целосно своја, опуштена, реална, забегана. Сите недостатоци само ти ми ги знаеш. Едноставно, знаеш како дишам. Поминаа 7 години и уште илјадници нека поминат јас секогаш ќе те сакам.
оф леле мајко што би ти кажала тргај тоа сликата на ф.б.ке мислат дека ке се убиеш за љубов бе море ете сега виде ново пријателство на ф.б. и еден за Layoness тимовите од мене душичке не дека немам пари да се вклучам и јас туку на моите им е годишница и сум на многу важен настан на почетокот на месецот -што попрво да соберам пари ДА би ти се придружила од Септември инаку каде стигнам те рекламирам па да видиме инаку ми прирасна за инаку ДА си барам момче и тешко ми оди
Okrenem glavu da te ne vidim. Zadrzim dah, da ne izustim. Nije mi nista, a svasta mi je ... Uzalud iskre sad u oku tvom. Ostaje tuga da se hranim njom. Uzalud sve, ponos rusi nam sne.
Најмил мој! Со среќа утре, убаво помини. Држам среќа. Не се сомневам во тебе, знам дека го можеш ти тоа.
Не сакам да бидам нов лист во книгата на твојот живот. Сакам да бидам ново поглавје. Но сѐ додека прстите ти се измачкани со мастило вртејќи ги постојано и читајќи ги оние страници што си ги напишал досега, прашувајќи се каде си згрешил, не ме замислувај како нов лик од твоето идно поглавје. Збунет си знам, вртиш една страна напред па три назад, да се губиш, не знаеш ни што си почнал ни како треба да заврши. Затвори ја книгата и почни од почеток. Прочитај ја. Доживеј ги одново истите настани, истите чувства, истите ликови. Пробај да ја доживееш на ист начин како и тогаш кога си ја пишувал. Сам ќе утврдиш ти требам ли јас во новото поглавје или расплетот веќе одамна се знае. Само да знаеш, некои дела засекогаш остануваат недопишани.
Дај мавни ја Spoiler да не ти ја мааанам јас една оваа емо(вампирска) фризура жити се! ист е како овој ! Дај врати си ја како порано фризурата вакаа Како шо си плав со сини очи преубаво ти стои,ти си се офарбал црн Spoiler Само с еплашам срц д ане ми излезеш вака некоја ден како шо си будалест и веѓата си ја сецнал на среде
Ее љубави до каде стасавме гледаш? Паднавме под влијанието на оние кои сакаат да ме разделат, го дозволивме тоа.. За жал.. Се слушавме по десет пати дневно а сега едвај еднаш. Ноќта беше мала за нашите слатки разговори, соништа, фантазии а сега и полноќ е веќе касно.. Те сакам и те гушкам се претворија во чао и чувај се. Уште само два дена ме делат од тебе, после се ќе биде подобро.