со кое право ми кажуваш да сум ги заборавела другарките бе Н??? и што имаш ти со другарката што ти ја спомнав(не сум ја видела година и нешто) требаше да сватам еднаш кога ми пиша добра путка ама за срека не си дошол во градов и не си ми звонел да се видиме оти шамари ке летаа вчера ти бев душо, срцка принцеза а денес ти мене не ме сакаш не ми веруваш ЛАЖГО ПА ВАКОВ ЛИ ДА САКАМ И ДА МУ ВЕРУВАМ??? ти кажав дека сум и бев заљубена во друг ЕДВАЈ престанав да мислам на него НЕ СИ ДОСТОЕН н ЗА МЕНЕ И ПРЕСТАНИ ДА МИ ПИШУВАШ ВЕКЕ ТИ ЈА СВАТИВ ЦЕЛТА КОЈА ТИ Е со којзнае колку си бил до сега ти срам да ти е а ти И сега можеш да видиш колку ми е тешко(објавив песна дека некој не ме заслужува) тоа е бившиот дечко т.е. интернет дечко
Ти среќен, ама мене животот пекол ми го направи. Ни без тебе не можам да бидам среќна. Ме навлече на твојот допир, ми го украде срцето и го исполни со љубов и надеж. Направи потполно да ти се отворам, да мечтаам за планови и соништа за нас и да бидам целосно своја покрај тебе. Да го спуштам својот штит и да бидам ранлива, да ти ги кажам најболните моменти, и своите стравови. И ти верував, ти верував дека сакаш да бидам твоја засекогаш. Уште колку ќе ми бидеш болка во душава? Уште колку ќе ме измачува твоето сеќавање? Ми треба нов почеток, ми треба одново да се родам. The trouble with love is, it can tear you up inside. Толку многу сакам да те побарам и уште еднаш да ти кажам колкава рана на срцето ми остави, а вети дека нема да ме повредиш. Уште еднаш да слушнеш колку болка си нанесол на една искрена и невина душа што за тебе животот ќе го дадеше.
добро бе Стефан зошто си ме избришал од пријатели? не сум јас губре од човек и јас вредам нешто убава згодна паметна и сакав да те поканам на роденден а кога ке помислам дека 100 пати сум те помислила кога одам накај завод да те шармирам Ако случајно после 4 налетам на тебе ама тоа никако да се случи за мене
Сакам да си само мој, засекогаш. Сакам да ти помогнам, да знам како. Сакам ако ништо друго барем да се чувствувам слободна да го направам тоа. Сакам да вредам за тебе, да успеам да го постигнам тоа... да го видиш, да поверуваш во него, да го засакаш, да го чуваш, да го величиш. Сакам да имаш претстава, барем бледа, колку многу те сакам. И сакам да можам да ти го изразам тоа, да ти го нацртам, да ти го претставам баш какво што е, да го почувствуваш целосно, со сите сетила, да го памтиш засекогаш. П.С. Што ќе ви љубов, ако не знаете да ја изразите... тупа тупа тупа работа
Ти кажав дека ќе ме побараш?! Ти реков!!! Не те заборавив, никогаш нема, ама со друг сум. Ме прави среќна, ме смее, ме чува како капка вода на дланка. Онака како што на тебе не ти успеа. И не, нема да бидам пак со тебе, тој не го заслужува тоа, нема да го повредам. Нема да идам по твоите чекори! И сеуште вкусот твој ко да го чувствувам, ко зрели урми бакнежи, што сладат усни до зори...
Јас на своја страна. Ти на твоја. Да не те гледам, да не ме гледаш. Џабе целиот инат што го терам со себеси, тешко мене после се. Што се си собирам во душава и трпам. Еј, каква тешка маска носам, не си ни ти свесен. Ама не. Мене ништо не ме боли, мене ништо не ме допира, ти на мене ништо не ми значиш... На минутка да можев да се ставам на твое место, само тоа сакам... И после некој ќе ми каже не болела невозвратената љубов, абе преку тоа полесно се минува. Боли онаа кога не знаеш што чувствуваш ни ти ни другата личност. Кога се понашате како странци а добро знаете дека не можете еден без друг, кога погледите не делат, ќе делиме друштво, ќе кинеме слики и уништуваме спомени, сите знаат освен јас и ти. Тешко ми е што секој ден ме облива некое различно чувство, еден ден ќе те мразам, друг ден ќе те сакам, трет ден ќе кажам дека ништо веќе не ми значиш. Не знам како се минува низ ова, можеби утеха има во чоколадото, песните, филмови, алкохол? Желба ми е да те заборавам, да се фокусирам на битниве работи што ми се случуваат, а ти ќе ми бидеш пролазна ствар. Само не знам колку време ќе треба да чекам. И веќе не пијам за тебе, доволно главоболки ми ствараше мамурлукот од тебе и од алкохолот. Cry a river, build a bridge and get over it. Ти посакувам се најдобро. Можеби ќе најдеш некоја што ќе те чува, како што требаше јас... Извини. Ама и двајцата сме криви. А јас мислам дека само јас ја носам тежинава од се', можеби затоа и боли толку.
да ти кажам И и се лутам на судбината јас страдам за бившиот што раскинавме дефинитивно вчера а ти со друштво(ти брат ти и 4 девојки сте излегле) па нели сум гревчуле мислам судбино ама ако нека ти биде (решив дека кога ке ги купам првите 5 картички ке си ги купам на мое име) извини си имам свои цели и замисли ми требет пари
"Подлабоко!" - Дарко Лешоски Никогаш нема да заборавам кога ми го зеде прстот и ми го стави на кључната коска кога ти реков дека те сакам до месечината и назад, а ти рече: "не сакам толку, не сакам толку!" Никогаш нема да заборавам кога ми рече: "Сакам да ме сакаш до коска!" И јас ти реков: А после? А ти рече : "После подлабоко!" После - подлабоко!
Знаеш дека премногу ми фалиш,до точка да не можам да дишам повеќе,се гушам.Се гледам самата и си велам што ти е девојко застани,исправи се,не ти прилега тебе оваа патетичност повеќе,не се уништувај самата себеси,продолжи како и секогаш со исправена глава.Но не можам, ти ми беше најголемата надеж за подобро утро,а сега те нема тебе,ја нема надежта и не можам никако да се навикнам на тоа.Се сеќавам во најтешките моменти си велев јас го имам С и се ќе помине.Знаеш дека овие работи никогаш не ти ги кажав,никогаш и нема да ти кажам колку ми фалиш бидејќи јас сум ладната кучка која е неспособна да ги искаже своите чуства.И секогаш кога ми доаѓа да вриснам на глас и да кажам на целиот свет колку му фалиш,само подголтнувам,ја стегам душава и си велам ќе помине.Можно ли е да сме родени еден за друг,а да не сме судени еден за друг?Можно ли е?Заборави ли мил мој дека години се чекавмe,баревме еден со друг,се боревме против сите само да ја скроиме иднината со наши раце?Се едно ли ти е?Се што кажа лаги ли беа?Дали имаш и ти на плус 40 мраз во градите?Или тоа се само некои мои наивни претпоставки?И да се,сретнав еднаш со друг,но со солзи отидов со солзи се вратив.Знаеш ли дека премногу сум навикната на оваа љубов,ако ја нема оваа љубов ќе ме нема и мене.Врати се!Јас сум спремна да заборавам се,да почнам од почеток,спремна сум да побегнам како што ти некогаш сакаше.Врати се!Не сакам никој друг покрај мене,те сакам само тебе.
Не беше совршен никогаш,патем совршен постои само во бајките знам,не мечтаев да најдам совршенство,ама како токму тебе да те барав цел живот,те најдов и те изгубив не 1 туку 1001 пат,ние заедно бевме совршено несовршени,толку си одговаравме,само не можам да ти простам што дозволи да ни се замеша таа твојата факен колешка,а јас нема да си простам самата на себе што и покрај се,на некој начин и јас сум виновна,не бев храбра да преминам преку се,не бев доволно силна да ти кажам ДА,ајде да одиме од овде и за инат на сите да сме среќни,не можев не успеав да го изговорам тоа проклето ДА најмил мој а малку фалеше,сега е касно нема назад,а да се врати времето од душа би прифатила да сум со тебе,сега кога сум сама и несреќна на никој не му е гајле и никој не ме прашал како сум,иронично нели? а токму поради нив јас ја жртвував својата среќа и љубов...да токму поради нив,"да не им кренам срам,да не бидат покажани со прст ради мене"очигледно е дека на овај свет нема иднина за нас,јас ќе те сакам секогаш ,додека постојам ,ма и во другиот живот ,запишан си ми длабоко на дланкиве,на челото,на душата...и што барав да се сетам сега на тебе,и да си правам потешко незнам ни сама,ама полесно ми е
Знаеш ми требаше последнава ситуација за да сфатам многу работи .... Знаеш за малку ќе те изгубев и тоа ми требаше за да сфатам и признаам дека сум се заљубила во тебе . Дека си ми под кожа и во ум и во срце и полудев од ова сознание . Ми требаше да се потсетам дека еден бран дека моето запоставување на тебе ќе ме чинеше врска , можеби и животен сопатник . А сега што ? Сега што да правам кога се соочив со себе ? Дали знаеш колку многу се плашам , дали знаеш дека јас прв пат во мојов живот некого искрено со цела душа и срце сакам ? Што ќе правам јас бе идиоту ако ми го скршиш ова мое чувано срце . Еднаш љубев, мислев дека љубев и кога ме повреди кретенот ми ја скрши гордоста ама само неа , најскапоценото остана недопрено . Ама што сега ако ме повредиш и ме скршиш како јас ќе се оправам од тебе ? Те мразам зошто дозволив толку да те засакам . Ти си една од најубавите нешта што ми се случиле . Е тоа ме гори и боли што сфатив што имам , како што гледам не сум единствена . Сфатив дека има во позадина и други што чекаат во ред се дрзнуваат да посегнат по нешто нерасипано и добро, и злато тотално сега сум свесна за тоа . Нема да те гушам , нема ни да те молам нема да те барам назад ако се случи најлошото само не знам како ќе се опоравам .Никогаш нема да соберам храброст за да сево ова ти го кажам гледајќи те во очи се плашам дека многу ќе ми чини . И камо среќа во минатото да изгубев љубов многу порано ќе знаев како . Станав свесна за твојата факинг голема вредност , само не знам дали ти си свесен за мојата. Ти си бил неколку пати повреден и ќе го пребродиш тоа многу побрзо од мене . Но јас .... Како си го дозволив ова ?
не требаше да биде вака, како што е. И сега што, ќе си ги игнорираме нашите чувства, кога единствено што сакаме е да се гушнеме силно... Знам дека пак ќе се разделиме, не дека досега не сме биле, но твојата физичка појава, твојата насмевка, ќе ги нема и којзнае кога ќе ги видам повторно. Овој пат одлучно заминуваш, во нова средина, со нов живот и подалеку од мене. Ах колку сакам да го вратам времето, таму кај што требаше да бидеме најсреќни. А сега, се надевам дека ќе можеме во некое друго време и во некој друг свет!!!
Tи си се` што барам во една личност: другар, брат, животен сопатник ама најмногу од се ЉУБОВ СИ МИ! Те сакам како никој досега и ќе те сакам повеќе од било кој во иднина. Не можам да ти опишам колку среќа ми донесе во животот. После три години секој пат кога ќе се видиме имаме муабет за правење, секогаш знаеме да ја направеме интересна ситуацијата без разлика дали е сериозна или не. Бидејќи ние сме такви- едноставни сме, не ја комплицираме работата, буквално сме исти. Велат дека спротивностите се привлекуваат, ама ние сме доказ дека има и спротивно од тоа! 4ever and always ♥