Аман бе вчера те спомнав,и утрово одма се разбудив од сон сонувајќи те тебе,не ми доаѓај на сон,потешко ми правиш само,ух и на сонот си толку убав и како да те заборавам после кажи ајјјјјјј
Аихх...многу ме исплаши синоќа со страшната порака бре миличко,не ми ојасни убаво у неа ми спомнуваш си останал на пат,дали сум ја видела сообраќајката на вести и само дојди гушни ме ми кажа Тотално ме полуде помислив на тебе да не ти се случило нешто,па и не ми врати одговор еден саат од коа ти одговорив на поракатаМилион пораки ти пратив,ти вртев,абе срцев удар ќе добиев!И незнам како си можел да ги гледаш мртвите тела Господ да ми те чува што би правела јас без тебеИ да,коа конечно ми врати одговор на пораката ми дојде душа Те сакам мило мое,чувај се
абе бивши случајно да не раскажуваше на цело село која сум мои слики да гледаат и сл? ете И дозна дека имам парички(жити парички тие ми се за уплатници дадени пред време и имам подарок на другарка ми за купвење треба да штедам уште и извини следен пат да соберам парички ке купам од твоите картички леле бре човече уште од пред месец дена на глава ми се качи
Извини што гледав во другар ти, додека ти гледаше во мене и ми кажуваше „здраво“ ... После цел месец реши здраво да ми кажеш и јас будала глава ти вртам, е добро, не се лутам ако следен пат пак ме одминеш. Заслужено си е. А срцка си, ми доаѓа кога те видам да ти скокнам во прегратка. Жал ми е што веќе не можам така.
Мило ми е што те видов макар и од далеку сеуште го возиш истиот мотор, сеуште лудо возиш Ми фалат понекогаш муабетите со тебе, би сакала да имам прилика за уште еден разговор. *** Мило мое после неколку дена пак сум сама во постелава Фалиш. Премногу фали твојата прегратка Те сакам
Се сеќавам на многу нешта со тебе. Имав човек до мене пред да се вратиш ти,ми летаа пеперутки за него,а кога дојде ти наеднаш ги "уби" нив,се избриша,се е мртво. Сега кога си далеку,ми лупа срцето за него кога ќе видам некоја објава негова,не се воздржувам од лајк,посакував тоа да беше мојот лајк наменет за тебе.Ама те нема и што е па лајк. Безначење. И се сеќавам ме праша дали те сакам? Незнам дали ме научи,јас кога лажам се смејам,тоа ме издава. Едно време си се прашував себе си дали те сакам? Ти одговорив најладнокрвно НЕ,болеше нели.Знам, го видов тоа во твоите очи.Ми значеше и сеуште ми значиш. Учев од најдобриот како вешто да ги сокријам чувствата. Ти најдобро знаеше да ми ги продадеш најдобрите приказни,а јас учев од тебе.
Сега знам дека те имам преболено, сега знам дека ми е сеедно што имаш нова жртва во твојот живот.. Чувај ја, како што мене не ме чуваше, секако дека ништо не е важно во врска со тебе. Затоа што и јас сум заљубена, во друг.. многу подобар од тебе.
Кога си овде без никаков проблем можам да заспијам и во 10 и да не се разбудам цела ноќ а кога те нема и во 3-4 наутро не можам да го зграбам сонот и она малку време што го спијам е немирно.
Вчера го почувствував твојот парфем во близина. Ме пресече . И иако убаво го видов дечкото со кој се разминавме, се завртив и го гледав додека не ми се изгуби од видик. Посакував да си ти. Се инаетам, не ти одговарам, ама посакувам случајно да те сретнам, да ме зграбиш и да не ме испуштиш додека снемам сила да се борам против сопствените чувства. И знаеш ли што направив? Влегов во првата парфимерија и си го купив. Ја прснав перницата пред спиење и си легнав. Така имам чувство дека си постојано крај мене, имам чувство дека заспивам во твојата прегратка. Знаеш ли колку малку ми треба за да бидам среќна? Само малку надеж, да ми кажеш дека се ќе биде во ред меѓу нас.
Навистина не знам што сакам. И по стотти пат велам оди си,а само по еден ден без тебе како да снемувам воздух. Подобро ти да ме оставиш мене,така е подобро... секако и двајцата сме изморени.
Спојлер Подобро ќе беше срцево со нож да ми го распарчеше отколку со се што досега направи! Никогаш нема да си простам заради глупа грешка како тебе што си дозволив да ми се случи! Воопшто не ми се појавувај пред очи никогаш повеќе! Колку што јас сум среќна во моментов толку и ти среќен да бидеш!
Толку многу би ти изнакажала, од сите глупости во последно време што се случија ама не можам. Срце ме боли да те гледам таков. Единствената среќа и надеж ја имаш од врскава, уште да ја уништам и таа. Не можам. А толку сакам, да ми падне сиот товар на душава. Се молам само да се средат сите работи, а до тогаш ќе преќутувам и затварам теми.. Сакам само да бидеш оној стариот, да не ја прикриваш тагата со вештачка насмевка. Знам колку те боли тоа. Се надевам дека за брзо време пак ќе функционираме како порано. Те сакам најмногу!
Измети,избриши прашина,испери ги и испеглај ги алиштата,кога ќе си дојдам од работа ручекот да биде готов и се разбира остатокот од денот помини го со детето
Колку ми е интересно. Колку ми е забавен животот . Забавно ми е што не знам дали си за мене . Супер е ако излезе дека не си за мене . Убаво ќе биде ако животот ни ги спои патиштата , дали на кратко , дали за долго . Само си посматрам . Ама да знаеш, сакам ова да ти го кажам. Сакам да го знаеш. И ти да чекаш , и ти да уживаш во слаткотиите на животот .
И со други да бидам, и туѓи раце да држам, и туѓи усни да бакнувам ти за мене ќе си еден и единствен. Не се забораваш така лесно. Има ли надеж? Веќе на разумот му ја давам контролава, срцето ми е сјебано. Не бива повеќе вака. Проклето боли. Врати ми се.