Среќна сум што те имам во мојот живот, ти си ми нешто најдрагоцено. Сум неможела да одберам подобар партнер, а и се надевам дека ќе остане така до крајот на животот. Мојата прва и единствена љубов.
Охх, утрово се вљубив повторно во тебе... Ама навистина, ме остави без зборови со кратката коса Цел живот сакав да те видам таков, знаев дека ќе ми бидеш пренајубав. Сега имам уште поголема желба да си дојдеш што поскоро, да те изнагушкам и изнабакнувам.
Neznam dali ima drug kako tebe..sigurno nema,licnost kako tebe dva pati ne se raga,najdobriot tatko i najprekrasniot maz.....te obozavaaaam
Спојлер Ти губиш некој кој те сака, почитува, кој секогаш е спремен да ти помогне, кој се би направил за да те направи среќен, а ја губам некој кој ниту ме сака ниту ме почитува.
Само напред со инатот.Само такати седи и губи си го времето со луди мисли и ќе се нервираш да ќе се нервираш кога немаш попаметна работа и си го преоптеретуваш мозокот , туку и јас страдам покрај тебе. Свати тоа е во минатото било неможе да се смени и нема да се повтори кога има ваква упорност.
Ти посакувам да бидеш среќен, со сета искреност на светов. Трпеливоста, спонтаноста и останатите 'врлини' твои, зачувај си ги. А пак енергијата, онаа која ја поседуваш е всушност суштината на твојата чистота во душата. Епа среќен ти роденден
И повторно уште една ноќ... а не ги сакам ноќите без тебе, ги мразам проклето ги мразам кога не сум покрај тебе .... И уште една полу проспиена ноќ, милион грижи, билион испомешани емоции.... Бар да знаев кога? Бар да знаев каде? Ќе го видам твојот лик и ќе ја почуствувам твојата топлина... Ни тоа не го знам... ниту нешто друго знам.... Се препуштам на надежта на ветерот и на сонцето и останувам да те чекам... да те чекам сега и засекогаш, да ја чекам твојата насмевка и прегратка...твојот бакнеж и топлина.. Ме печат очиве ми гори срцево ми плаче душава... секој ден...секоја ноќ... Има ли крај нашево?! Љубовта ме рани, ме казни, се ми забрани... Утре е нов ден, уште еден ден помалку!
Беше одамна. Нашиот последен бакнеж, нашата последна прегратка - далечно минато се. Можам да се сетам на секој најситен детал од тоа утро, не заборавам ништо, знаеш и самиот. А и како да заборавам? Секогаш ми приготвуваш разделби за паметење, секогаш правиш да заборавам дека всушност се разделуваме. Мило ми е поради тоа, знаеш дека мразам солзи во тие ситуации. Се сеќавам на целиот муабет од тој момент. Се сеќавам на местото каде последен пат ме држеше за рака. Се сеќавам на пеперутките кои немирно ми играа во стомакот. Добро знаеш дека се сеќавам на се`. Сепак, џабе ми е сето тоа. Ме боли што повеќе не можам да се сетам на твојот допир, на твоите усни, на твојот мирис. Само да знаев тогаш дека тој момент ни е последен за наредните две - три години (се надевам не и повеќе), ќе те бакнев посилно, ќе те гуштев поцврсто. Ќе те задржев за себе барем уште неколку минути. Очајно ми требаш!
Ете за краток период пак те сретнав и повторно си потврдив дека некои чувства не исчезнуваат и по многу години,дека само ги потиснуваме некаде длабоко во нас и кога не очекуваш ќе испливаат на површината.Иако направивме само општ,неврзан муабет,сепак погледите ни кажуваа многу,за момент се вратив на назад,како ништо друго да не постои,само ние двајцата,но само момент,багажот што го носиме не дозволува повеќе од тоа.
Само трчи ти со инатот трчи најсилно што можеш , игнорирај се и прави се дека ти е сеедно. Доста ми е расправии и немој да појде на уште полошо ако почнам и јас така.НЕ БИДИ ИДИОТ!
Секогаш ме оставаш како ранета птица во кафез.. нејадена непиена.. која се топи пополека пропаѓа.. која лежи во кафезот и те чека со месеци да дојдеш и да и го залечиш крилото за да може повторно да полета и да се насмее.. Душата и е заробена, телото не го ни чуствува од болката и тага во нејзе.. Толку празни ветувања најмил мој.. Колку денови со истата помисла и збор дека ќе биде..уште малку ќе биде.. Но ете поминаа години и истата помисла и зборот сеуште се тука секојдневно.. Надежта не умре..но крилото не заздрави никогаш.. Никогаш не излегов од кафезот од кога ме остави и никогаш не се насмејав.. Живот..тоа е живот!