И во 6 сабалје да си дојдеш океј ми е,јас верувам во човекот кој што го сакам и немам потреба од сомневање. Но гордоста не ми дозволува оваа да ти го кажам и признаам за да не ти дадам премногу самодоверба и слобода наеднаш
Здогледав една преубава роза, која сеуште беше жива и млада. Се запрашав, како е ли можно да има ваква роза во доцна есен?! Тогаш се сетив, тоа беше нашата љубов, љубов која никогаш не изумира!
Го молам универзумот да ми исполни една желба.. Иако е невозможна. Нема да веруваш како лошо се осеќам...
Спојлер После тебе на никого повеќе нема да му подарам ниту трошка љубов, никому повеќе нема да дозволам да му бидам само трофеј за да си го потхрани егото и да си ја подигне вредноста пред очите на другите,никој повеќе нема да има можност ниту привилегија да ме изневери и повреди на многу ефтин начин.
Колку и да си позитивен, колку и да се трудиш да гледаш на работите околу тебе со трпение и убавина, колку и да имаш надеж... Ќе дојде некој момент, некој ден кога просто ти пука се пред очи, кога го гледаш само црнилото, кога ја слушаш само тишината, кога се откажуваш и препушташ од се, кога немаш повеќе воздух а времето како да застанало и никогаш повеќе не врви..не одбројува не оди... Во тој момент се чуствувам скршено и повредено, се чуствувам како некој кој нема повеќе сила и храброст да се бори, кога сите свеќи ми гаснат колку и да се обидувам да ги задржам запалени. Со месеци не сум те почуствувала, мирисот и ти го заборавив, однесувањето и живеењето за мене како да не постојат ..се загубија таму ..се се загуби во таа проклета километарска далечина.. Понекогаш се прашувам дали се живее од слухот и гласот на љубената особа, дали се живее со тие преголеми и предлабоки чуства и емоции, кога неможеш да допреш кога неможеш да видиш да почуствуваш просто се губиш, те боли те пече проклетата далечина, се бориш но секогаш паѓаш длабоко во водата.. чуствата се секој ден само посилни за оние што умеат да љубат, за оние што умеат да се борат за заесничко утро, за подобар заеднички живот.. Далечината никогаш не ми ги избриша сеќавањата, ниту пак чуствата, само ме научи упте повеќе да сакам и да се борам, да се надевам и да живејам за љубовта на мојот живот и да бидам истрајна до самиот крај.
Ја претера веќе со таа ДОТА обрни малку внимание и на тие околу тебе тие што ти се битни не цел ден како теле пред компјутер!
Не памтам да се јавив денес и да не рече играм ако имаш нешто кажи ми... да имам веднаш снемам мотивација за разговор со тебе. И не се јавувам веќе ИГАРЈ СИ! Претеруваат искрено.
Де бре што сте строги, па и јас ако гејмам не сакам паузи да ставам на секои 5 минутки за да зборам на телефон. Шала на страна, машко ко машко, ретко сретнувам некој што не гејма. Шта је, ту је. Додека ја свртат, после ќе бидат слободни додека не си најдат друга игра.
И јас играв СИМС 3 едно време и ама знаев да оставам да правам муабет да искочам и да имам живот. Игра ко игра може да биде многу заразна разбирам ама премина денес навистина ми го премина трпението ќе отидам ќе ја избришам .
Да се собереме сите што дечковците ни се заразени со дота,и да се преиспитаме што не е во ред со нас или со нив
Нема да се разделите мила не се измачувај.... Ќе видиш дека се ќе биде во најдобар ред се ќе се среди верувај ми. Еден ден ќе ми речеш: да имала право Опушти се и живеј, љуби како што си љубена...