Ај бе не се инаети, попушти малку и ти, неможам цело време јас да си ја погазувам гордоста заради тебе.
Ах љубов љубов една и единствена Заради тебе сум ваква. Љубовта е сериозна ментална болест. Така е тоа е точно Тоа би му го кажала па сигурно ќе ме разбере.
Се уште не стигнавме ни име да му дадеме на ова нашево. На тебе нека остане, Клетва ли, благослов ли. Љубов ли, страст ли. Почеток ли, крај ли. Ти дај му име.
значи ПРЕСТАНИ ДА МИ ЗВОНИШ нели не сакаш да сме момче и девојка каква дрскост ме разбуди утринава а јас будала вчера те нареков бајадерче вчера не сум нормална ти шекерче имаш 28 а јас 30 што значи дека барам стабилен тип а не лутко и ако твоите дневни активности не ти покриваат 12 часа моите ДА ми покриваат и од Вторник па натаму изгледа дека нема да се гледаме а ти лајонес гај со срека во љубовта јас немам време за ништо од задутре ептен ке бидам сконцентрирана за факсов претежок е бара книги читање и еве направив напор за да договорам средба за протажба на картички уште другаркиве да клекнам и да ги молам инаку да ке бидеме во иста населба ти јас и бајадерчево хехехехе пази да не налеташ на мене
Зошто не ти верувам кога ми кажуваш Те сакам, зошто не ми значи тоа? Мислам не дека не ми значи ама веќе ми е сеедно дали ќе го изговориш или не. Зошто кога ќе ми речиш Ми фалиш не можам да ти возвратам? зошто не можам да ти речам: И ти ми фалиш мене, зошто наместо тоа јас само се насмевнувам? Зошто повеќе не ме допираат твоите зборови? Зошто наеднаш ми стана сеедно дали ќе се разделиме, зошто ми стана сеедно се во врска со тебе?
700 денови коленичење пред волкот... 700 денови немилосрдно себеказнување... 700 денови безгласно чекање... 700 денови преживување на секој камшик...на секој тап удар во срцето... 700 денови крварење... 700 денови крваво испишување на љубовта... 700 денови закопување на секој сон... 700 денови одрекување од секоја нежност... 700 денови бескрајна љубомора... 700 денови невозвратена потреба.... 700 денови умирање на душата...
душичке ме потсекаш на еден бивши едвај издржавме 2 и пол месеци заедно ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА арно најдов во библиотека ама будала не ја прочитав и те молам не ми звони не денес не утре ни задутре ми треба концентрација разбери а ти ми ја одземаш и мило ми е што си уште студент не се гледаме не се слушаме туку конечно завршивме
Срцка добро ти иде,ама има уште многу супа да сркаш за да станеш тоа што е потребно..сепак навиките и промените не се тргаат ниту пак случуваат за 5 дена
Не ме повредувај и овој пат, те молам! Не биди кукавица, биди искрен барем еднаш. Не знам дали би можела да поднесам уште еден твој идиотски потег.
90% од нашите караници се бидејќи не знам каде го оставам телефонот,а после имам 20 пропуштени повици од тебе. Илјада пати се имаме карано за оваа моја лоша навика. Отсега ќе си го врзувам на врат.