Ако така сега уживај во ломот дома, чисти , стругај чуди се главата кај ти е кога им дозволуваш премногуна тие твои другари.Не бев присутна со вас ама притисокот ми се качуваше на самата помисла што се се прави каков неред и дека претеаа со седење 10 саата.Сега ништо од помошта од мене кој го правил нередот тој нека помога, јас по мене ќе расчистам, но по некој без осет нема.
бизнис дечко ИЗВИНИ што сум досадна ИЗВИНИ ако ти тежам ИЗВИНИ што не сум како тебе смешна забавна интересна туку исполнета со негативна енергија а со ПМС уште луге да гризам
Златен мој, единствен..те сакам премногу,знам дека и ти го чувствуваш истото. Сепак нешто ме боде одвнатре, ме боли, ме пецка.Страв ми е да не те изгубам, да не го изгубам единствениот човек во мојот живот, што вреди многу.Страв ми е да не ти здосадам, постар си..можеби нема да сакаш да ме чекаш, ете од тоа ми е страв, да не ни пропаднат сите наши планови, сите мои соништа за кои се плашам да ти кажам.Ми е страв да кажам на глас, дека се замислувам во бело, а до мене ти, така згоден, насмеан ,не ги тргаш рацете од мене ,а јас пак блескам од среќа. Пусти соништа...кои ке ми тежат на градите, ако не се исполнат..
Гушни ме и кажи ми дека ќе го надминеме и ова. Кажи ми дека ќе поминеме низ хаосов. Кажи ми дека се ќе биде во ред. Кажи ми. Убеди ме. Направи повторно да верувам во тебе. Во нас! Внеси ми трошка надеж како порано. Кажи ми дека цела оваа болка и сите овие солзи на крајот ќе се исплатат. Кажи ми дека наскоро ќе заврши се!
Љубов... Составен збор од милион емоции и чуства. Почит, доверба, искреност, разбирање, компромис, живот, среќа, тага, мрак, изживеаност, мигови и моменти... Сето тоа е љубов... А јас би сакала кога би можела да го поминам со мојот љубен секој момент и дел од животот... премногу загубено време и осаменост..болка... Но што и да е ќе помине...што било поминало... Најважниот дел е тоа чуство..љубовта, да биде секогаш тука присутна помеѓу вас, без отстапки и пропусти. Кога ја имаш, имаш многу...многу во животот!
Trebam nekog ko će ovako da me čuva... Onako ludački. Da je tužan kada me nema. Da drhti kada zovem. Da držim palčeve da dođem…samo to, samo ovakav zagrljaj!!!
Само што ќе ми заѕвони телефонот, одма помислувам дека си ти. А неможеш да ми се јавиш, знам, далеку си. Ми фалиш... ми фали твојот глас...
Недостигаш ми..иако не покажувам премногу ми недостигаш... не ме гледај што се понашам вака ладно ..сакам да сум само твоја да си само мој како порано но овој пат никој да не може да го прекине тоа..ниеден гратски маабет.. Сакам те најногу знам дека го знаеш ваа иако никогаш ти го немам кажано ...
Спојлер Сакам ова да излезе од мене. Таман ќе речам готово е, ми помина, ќе те видам од некаде и повторно глупавите пеперутки во стомак и повторно не можам да ти кажам дека е толку, крај. Тргни се од мене, исчезни. Заклучи се дома и живеј сам со куп мачки до крајот на животот.
Ќе полетам од радост затоа што ќе те видам утре, после скоро 23 дена (ги бројам да). Сепак не ти кажав, сакам да почувствуваш дека ме губиш, сакам сериозно да ме сфатиш, ти дадов премногу шанси за да промениш нешто. Ќе се правам како да ми е сеедно што си до мене. А нема да ми е, верувај.
Иако те немам видено 2 месеци, сеуште те сакам. И кога гледам дека си сликан со други ме погодува, ме растажува иако лажам дека те имам заборавено и дека си небитен фактор во мојот живот. Од детска симпатија, поминаа години, ми стана и тинејџерска љубов, ете веќе скоро 3та година, а нема ден да не помислам на тебе и на некои наши спомени. Кога ќе те спомнат веднаш имам насмевка на лицето, секогаш можеш да ме насмееш. Сепак, уживај си ти, секако којзнае кога ќе се сретнеме повторно. Во иста населба сме, а сепак сме толку далеку.
Толку ме разочаруваш во последно време, што дури и незнам веќе што да ти кажам. Иако знаеш дека правиш работи што ме навредуваат, иако гледаш дека ме повредуваш, ти продолжуваш како ништо да не е. А, верувај ми се е. Мислев дека си попаметен,али...
Оваа твоја 2ра смена ме убива верувај... години поминаа неможам и неможам да се навикнам Недајбоже некогаш да работиш и 3та смена ,е тогаш верувај ќе се мрднам